ДЕВИЦА
Работа

Ќе бидете нагласено амбициозни и обземени со големи планови, а вашите идеи ќе достигнат највисоки афирмации. Сето ова ќе се случува во Јануар, а Февруар ќе го продолжите со истиот елан, меѓутоа резултатите нема да бидат онакви какви што очекувавте. Февруари е поволен за оние кои се занимават со уметност и приватен бизнис. Бројни и корисни контакти преку целиот март, ќе ви озвозможат да внесете позитивни промени во вашиот деловен свет. Некои ќе размислуваат за промена на работата или пак некоја нова идеја за заравотка, како и да се целиот пролетен период е добар за остварување на вашите желби. Првите падови, посебно на финасиски план, ќе ги почувствувате во втората половина од месец мај и јуни. Бидете особено внимателни во средината на месец јуни, посебно ако сте родени во втората декада, бидејќи ве очекуваат непредвидени и големи трошоци. Во јули повторно ќе ве зафати успехот во деловниот свет, деловната ангажираност и работите поврзани со креативна работа можат да ви донесат голем успех. Можни се и патувања, кои пред се ќе ја задоволат вашата потреба за промена, да видете нешто ново, да запознаете некои нови луѓе, а некои тоа ќе го искористат и за финасиска добивка. Пад на енергијата очекувајте во август. Вашата раздразливост исто така ќе зафати посериозни размери и можеби ќе доведе до судир со авторитети кои ќе се одразат на работата која ја работите. Најплодниот период ќе биде оној, кога сонцето ќе биде во вашиот знак, а тоа е месец септември. Ќе имате високо ниво на самодоверба кое ќе ви помогне многу успешно да се справите со проблемите. Можни се кратки патувања кои ќе ви овозможат брз и голем напредок во кариерата. После помалку нестабилниот октомври, во ноември и декември повторно ви се отвара вратата на успехот. Овие месеци можат да означат почеток на нешто ново, деловно и финансиски успешно. Можеби малку ќе ви недостасува мотивација но со првите резултати тоа ќе го надминете.

Љубов

Големиот шарм и привлечност ќе бидат основни карактеристики за Девиците во месец јануари. Постојано ќе бидете опкружени со додворувачи кои ќе ви обрнуваат големо внимание, а тоа се разбира дека добро ќе ви дојде. Добро ќе биде ако и целата година биде како јануари, но за жал од февруари ќе се соочите со љубовните проблеми. Ќе ви се појави некоја желба за нешто забрането, нешто таинствено, а таквите желби можат да ве натераат да направите некои погрешни чекори или ако не повеќе да се одалечите од партнерот. Позитивно е тоа што ќе бидете доста прилагодливи, а можеби и набрзо ќе ги корегирате грешките. Ваквата состојба ќе трае се до мај кога Венера ќе влезе во вашиот пријателски знак на Бик, па ќе ви разбуди желби за промени и динамика. Во овој месец ви се отвораат нови љубовни познанства кои можат да го збогатат вашиот љубовен живот и малце да ги подпрошират вашите љубовни сваќања. Преку целиот летен период ќе водите богат друштвен живот исполнет со флерт и многу авантури додкеа оние кои се во врска ќе уживаат во складната комуникација и дружењето со партнерот. Мали проблеми и несогласувања ќе ве зафатат во август. Овој е критичен месец за оние кои пресно ја започнале врската. Со влегувањето на Венера планетата на љубовта во вашиот знак кон средината на август, сите љубовни проблеми ќе прекинат, а вие влегувате во период на романтика исполнет со многу топлина и пријатни настани. Слободните ќе имаат исклучително добри прилики за нова љубовна врска и тоа ако не го сторат во овој период подоцна можеби ќе немаат прилика тоа да го сторат. Во октомври и ноември вашиот љубовен живот ќе влезе во период на стагнација и незадоволство, а деловните обврски ќе ве натераат да размислувате на прекин со партнерот и да се откажете од борбата за хармонизирање на работите. Ви треба повеќе трпение бидејќи во декември влегувате во добар период во кој сите проблеми во љубовта ќе прекинат.

Здравје

Првите четири месеци од годината ќе бидете под негативно влијание на планетите. Ова посебно се однесува на родените во третата декада. Можни се проблеми со коските, нервите, кај некои тоа ќе се одрази како проблеми со стомакот, а кај постарите со склерозата. Во летиниот период ќе се одликувате со добр здравје посебно во јуни и јули, во кои ќе имате високо ниво на енергија. Во авагуст ќе треба да внимавајте на повреди особено во пределот на рацете, а во есенскиот период повторно ќе бидете под лошото влијание на планетите кои во ноември и декември ќе прекинат.