Април
Работа

Иако вашиот владетел Венера е поволно поставен за вас во знакот на Водолија, сепак за успехот ќе мора малку повеќе да се потрудите. Првите две декади од месецот ќе ви недостасува енергија за извршување на сите оние активности кои ги планирате, а од друга страна можни се некои здраствени проблеми кои ќе бидат причина за одложување на некои проекти и сл. во првата декада од месецот добро ќе комуницирате меѓутоа сето тоа ќе остане сам она празни зборови. Добро е доколку можете да ги искористите овие способности и да направите тим за работа кој ќе ви биде послушен и безусловно ќе ги прифаќа вашите идеи. Сега е времето кога треба да ви се вратат услугите кои ги правевте на вашите колеги. Втората декада од месецот очекувајте необични случувања на деловен план, можни се кардинални промени на работното место од кои и вие ќе бидете лично засегнати. Се ќе се случува брзо и одеднаш, а вашата пасивност во овој период нема да ви дозволи навремено да реагирате. Овој период е добар за јавни настапи, работа со медијуми и сл па доколку можете искористете го на ова поле. Во третата декада енергијат посетепено ќе почне да ви се враќа, но за несреќа во овој период ќе нема каде да ја искористите. Во третата декада ви се појавува можност за неколку интересни деловни активности со кои ќе венсете позитивни промени. Можеби она што ќе ви се случи на почетокот од месецот во овој период ќе можете да го исправите. Финасиската состојба не навестува некои промени. Освен оние стандардните примања нешто посебно нема да се случува на ова поле. На самиот почеток од месецот ќе ви се појават непланирани трошоци, можеби ќе плаќате некакви заостанати долгови, некакви казни поради сообраќајни прекршоци и сл.


Љубов

Април е интересен месец за љубов посебно за оние претставници во брак. Ќе имате хармоничен месец богат со пријатни семејни настани кои ќе ви ја подобруваат емотивната стабилност и позитивно ќе влијаат на понатамошниот тек на брачната врска. Исто така април е добар за стапување во брак, веридба, закажување на свадба и сл. Останатите ваги кои се слободни или се во трајна љубовна врска нема да бидат под толкаво позитивно влијание меѓутоа сепак среќата ќе ги прати особено родените во третата декада. Постојано ќе бидете добро расположени спремни за дружење, забава и излегување. Меѓутоа како влегувате во месецот ќе чувствувате потреба за емоционално врзување со некоја личност. Потребен ви е мир и топлина во врската, а тоа ќе го сватите токму во овој месец. Ваквата состојба ќе трае во првите две декади од месецот, а веќе во третата повторно очекувајте навала од ентузијазам и оптимизам. Не претерувајте со авантурите време е да направите некои позитивни промении да ја стабилизирате врската во која се наоѓате или пак доколку сте слободни да побарате некоја со која ќе можете да остварите трајна и подолга врска. Вагите кои ќе бидат преангажирани на работното место сепак ќе успеваат да најдат време и за љубовниот живот. Лесно ќе воспоставувате контакти со околината, а љубезноста и шармот можат да ви помогнат и на самото работно место да ја најдите вистинската љубов. Се разбира дека тоа не е паметна идеја но ако од двете страни е прифатлива само авантура тогаш не мора да смета. На саниот крај од месецот може да ви се случи некоја заводлива љубовна игра од која нема многу да излезете задоволни при тоа внимавајте да не загубите некој верен пријател. Доколку почувствувате дека таквата комбинација имаат учесто и вашите пријатели најдобро е тоа веднаш да го прекинете.


Здравје

Преголемата исцрпеност на вашиот организам од бројните активности и напнатости на работното место, можат да бидат причина за некои заболувања. Можни се некои психосовматски заболувања, поточно гастритис кој може да се појави на самиот крај од месецот. Потрудете се на најдобар можен начин да ги решите психолошките проблеми а еден од начините е со физичката активност.Ќе ви бидат чувствителни и зглобовите посебно на нозете и секако мора да внимавате на половината. Главоболките ќе ви бидат доста чести, а посекотините и изгорениците на вашето тело ќе бидат знак на внатрешна напнатост и немир. Родените во втората декада посебно да бидете внимателни во сообраќајот.


Совет

Потребен ви е мир и топлина во врската, потрудете се да внесите некои промени на оваа тема.


Идеален партнер

Во Април најдобро ќе се сложувате со Водолиите. Во првата декада од месецот можете да остварите доста хармоничен и стабилен однос. Двајцата ја почитуваат слободата на партнерот и се со сличен теперамент. Меѓутоа на Водолијата и смета површноста на Вагата и потребата за монденски излегувања. Можат да останат заедно под услов секопј да има свој друштвен односно, интелектуален свет. Иако сексот на Водолијата не и значи многу, Вагат може тоа да го промени. Вагата ќе и покаже на Водолијата како да го употреби својот оригинален ум во таа сфера од нивниот однос и ќе и открие што се може да се стори со малку фантазија во сексот. Ова е многу стимулативна врска.