ЈАРЕЦ

            Мажот Јарец е прилично конзервативен. Ако сакате да го заведете со провокативна шминка, предизвикувачка гардероба или со фалење на своите лични работни успеси, можете да постигнете единствено вашето име да го избрише од телефонскиот именик. Овој маж, секако, има свој идеал на жена, но тоа често е таков тип што однесувањето на вашата баба во младоста, за него би било авангарда. Но, можеби е малку претерано, сепак типичен претставник на овој знак со кој владее стегнатата планета Сатурн, мечтае за жена во традиционален и буквален смисол на зборот. Можеби ви делува премногу преокупиран со сопствената работа и затоа изгледа незаинтересиран. Но не се залажувајте. Под маската на вреден работник се крие исклучителен романтичар, но за да дојдете до тоа потребно е многу трпение. Смејте се на неговите шеги, направете покрај вас да се чувствува пријатно. Со еден збор храбрете го. Покажете искрено интересирање кон неговото семејство (мајката) и убедете го дека и вие копнеете за едноставен, топол дом. Ако сте доволно упорни и навистина искрени, вашиот дом ќе биде палата, затоа што постојат малку работи кои овој вреден маж не би ги направил за својата сакана жена.
Жената Јарец можеби на првиот состанок нема веднаш да ви бара извештај за состојбата на вашата тековна сметка или на девизната книшка, но бидете сигурни дека таа прави разлика меѓу кула во воздух, кула од песок и некои други градби со цврсти темели. Ако вие мислите дека за голема љубов доволно е двајцата да се сакаат, а дека сите останати работи некако ќе се средат сами по себе, тоа е многу убаво од вас, но таа така не мисли. Всушнот таа е многу емотивна, но не дозволува емоциите да загосподарат со разумот. За разлика од жената Стрелец кај жената Јарец понекогаш е непозната смислата на зборот разонода, или попрецизно кажано тие сакаат своето време корисно да го искористат. Театарот би и годел. Концерт на класична музика и помага да се опушти, а книжевна вечер сигурно ќе ја зинтересира, а ако бегате од дождот во друштво на жена Јарец, потрудете се, наместо во кафеана засолниште најдете во музеј. Таа во мажот бара интелектуална, емотивна и материјална поддршка, а ако вашите намери се искрени, ќе имате единствена прилика да набљудувате како вашата жена Јарец од карпа се претвора во скапоцен камен.