podznak ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПОДЗНАК

Лични податоци Дата на раѓање:


Време на раѓање:


Место на раѓање:



Колкава е важноста на подзнакот

Првата работа за која се покажува интерес во Астрологијата, покрај познавањето на сонечевиот знак е подзнакот или асцендентот. Тоа е така бидејќи секој од нас има желба подобро да си ги запознае карактерните особини или пак да си ги најде оние кои во сончевиот знак не ги нашол. Што е всушност асцендентот или подзнакот, како што е популарно наречен? Асцендент е степен во зодијачкиот круг кој го означува почетокот на првото поле. Знаејќи го него понатаму се одредуваат останатите единаесет полиња. Секое поле е подеднакво важно, но зошто интересот е најголем токму за ова поле? Првото поле го одредува карактерот на личноста, темпераментот, индивидуалноста, добрите и лошите особини, личниот успех, способностите, начинот на делување, градбата на телото, животната енергија, активноста, динамиката или едостано речено основата на животот. Останатите полиња одредуваат некои други особини како на пример второто поле е нашето гледање кон матетријалните добра, петтото ни ја одредува љубовта, седмото бракот и.т.н. Зошто тогаш сончевиот знак толку многу се актуелизира кога во подзнакот ги одредува сите карактерни особини? Сончевиот знак или подобро речено знакот во кој моментално се наоѓало сонцето во времето на раѓањето е важен бидејќи сонцето е централно тело околу кое се движат останатите планети. Тоа е центар, Его, сјај, светлина, топлина, импулс на животот. Неговиот уплив е најјак во споредба со другите небески тела и е најпрепознатлив кај личностите.