ПОЧЕТНА

Септември
Работа

Иако Сонцето не е поволно поставено за родените во овој знак вашиот владетел Меркур како и Марс планетата на енергијата ќе ве отргнат од можните недоразбирања во друштвениот живот на тој начин што ќе ви ја зголемат деловната активност. Од ден на ден деловните активности постојано ќе ви растат се до 21 Септември кога Сонцето ќе влези во знакот на Вага и ќе ви ја разгори желбата да се докажете како во работата така и во сите сегменти во кои мислите дека сте добри. Постојано ќе се трудите да му покажете на другите колку вредите, па затоа буквално ќе се фрлите на работа и само работа. Ќе работите се повеќе и повеќе, но очекуваните резултати нема да ги добиете. Не се разочарувајте тоа не семее да биде причина за токму сега да застаните. Чувствувате дека нешто не ви дозволува да напредувате и дека се се одвива многу споро. Ветувања и само ветувања. Бидете трпеливи немојте да си дозволите да паднете во депресија. Последната недела од Септември ви носи доста интересни можности за во наредниот месец да знаете точно што сакате и што можете да постигнете. Комуникацијата со околината ќе ви биде бурна, но не и секогаш пријатна. Постојано ќе бидете во некаква расправија со вашите соработници, а во друштво на авторитети или луѓе на повисока положба ќе се чувстуввате доста непријатно. Не бегајте од таквите проблеми, соочете се и не дозволувајте нечија грубост да ве повреди. Држете се малку повисоко тоа ќе ви биде најдобра одбрана. На финасиски план без некои посебни промени, постојано ќе бидете незадоволни со својата положба, заработката, како и со работењето со парите. Тоа може да биде и една од основните причини за расправии во семејстовото. Не ќе можете реално да ја согледате ситуацијата, па затоа најдобро е да престанете со интензивно расфрлање на парите и оваа обврска да му ја предадете на некој друг. За брзо ќе сватите дека работите одат кон подобро.


Љубов

Септември ви носи доста напнатост и проблеми во љубовта. Ќе бидете лошо расположени, нервозни, па може и затоа ќе се посветите толку многу на раобтата. Добро е што во вакви моменти го знаете лекот и не се затворате во себе како што тоа другите го прават. Многумина од вас ќе мислат дека лесно ќе можат да ги решат сите надојдени проблеми или пак нема да му обрнуваат некое посебно внимание. Дури кога ќе биде доцна ќе сватите дека постои вистински проблем. Дури и слободните кои ќе влезат во нова љубован авантура нема да останат без последици врз емотивниот живот. Пред вас се големи промени и за жал ќе мора во овој период да ги претрпите сите. Мора да ја прифатите реалноста и еднаш да се соочите со вистинската состојба и границата на вашите можности. Вашата вообичаена метода за решавање на проблемите со смеа и шарм во овој месец нема многу да ви успева. Во средината на месецот ве очекува доста заплеткана ситуација. Партнерот нема да знае што сака, а вие уште помалку од него. Неколку личности се вплеткале во вашиот живот, па сега ниту вие ниту партнерот не можете да ги остраните или да ги препознете. При секој разговор жестоко ќе се расправате, а причините за тоа нјачесто ќе бидат некои ситници. Не се оптеретувајте премногу околу стабилизирањето на врската оставете ги рарботите сами да се решат. Бидете мирни и држете се постојано на дистанца од партнерот. Последната недела од месецот работите ќе почнат нагло да се средуваат и конечно ќе почнете да уживате во комуникацијата со пријателите. Можно е да се појави личност со која ќе изградите специфичен однос, па едноставно по кратка постапка да ги решите сите претходни љубовни проблеми. Односите во семејството ќе ви бидат просечни. Сеуште не е време за решавање на чувствителни прашања. Исто така не отворајте стари недоразбирања, задоволете се со привидната мирна состојба.


Здравје

Положбата на планетите укажува на можни здравствени тешкотии. Зголемена е опасноста од воспаленија и инфекции посебно во првата половина од месецот. Чувствителни ви се жолчката и белите дробови, па внимавајте на храната и намалете со алкохолот и цигарите. Кај постарите можни се проблеми со циркулацијата на крвта, коските и мускулите. Заболените од ишијас нека бидат посебно внимателни и повеќе да се грижат за своето здравје. Исто така како се грижите за себе грижете се и за вашите блиски во семејството. Поселдната недела од Септември ви е исклучително поволна, ви се враќа енергијата и ви се зголемува имунитетот.


Совет

Не се обидувајте да ги решите проблемите на својот вообичаен начин со шарм, импровизација и знаодливост. Сега мора да делувате сосема спротивно односно трпеливо и упорно.


Идеален партнер

Во овој период најповеќе ќе ви одговара Вагата која ќе ја неутрализира вашата потреба за расправии. Исто така ќе ви одговараат и Стрелците кои добро ќе се снаоѓаат со вашата избувливост. Многу лесно доаѓа до познанство и тоа најчесто тоа се случува на некоја забава, а до брак доаѓа непланирано. На улица секогаш се рака под рака, заедно купуваат и патуваат. Брзите и лесни емоции се присутни кај двајцата. Еротски на Вагата ќе и биде скратено задоволството ,но вниманието и однесувањето на Близнаците тоа ќе го поправи. Меѓутоа заради еросот нема да се разделат.