Работа
Јануари е ваш месец и најчесто најуспешни сте токму во овој период. Меѓутоа 2024 година овој пат ќе ја започнете со расправии и кавги на работното место. Иако комуникациите ќе ви бидат на одлично ниво сепак проблемите се неизбежни. Нјадобро ќе поминат Јарците кои во овој месец ќе патуваат. Поволно ви се аспектирнани и кратките и подолгите патувања, па доколку имате прилика заминете некаде така ќе ги избегнете и можните конфликти. Во Фебруари односите на работното место се средуваат финасиската состојба значително се подобрува добро ви се аспектирани сите видови на финансиски работења, а овој период посебно е добар за учење и усовршување на знаењата. Ќе се одликувате со голема концентрација, а ќе ве прати добра среќа во испитите доколку студирате. Фебруари е исклучително поволен месец, па затоа искористете го максимално. Во Март повторно искрснуваат старите проблеми на работното место, ја губите способноста за концентрација, а исто така се јавуваат пречки во комуницирањето. Единствено финансиската состојба во овој месец ќе ви биде добра, па најдобро е да се концентрирате на ова поле. Април ќе биде во знакот на патувањата, финансиската состојба почнува да ослабнува а се јавуваат и проблеми поврзани со некое наследство. Периодот не е добар за купување и продавање на недвижности, па доколку имате на ум некоја ваква работа одложете ја за некој нареден период кога планетите ќе бидат поповолно поставени на пример во месец Ноември. Мај ви е добар за медиумски настапи и политички дебатирања во овој месец ќе имате доста остар говор, па сите дејности кои се поврзани со таков вид на комуницирање ќе бидат успешни, особено добри ќе бидат адвокатите. Исто така овој месец е добар за студентите и учениците, поточно се до Јули планетите се на ваша страна. Во Јуни ќе биде вистинска гужва на работното место се јавуваат многу нови проекти успешна реализација на досегашните, а можеби неочекувана промена на работното место. Можни се и патувања поврзани со проектите во кој ќе бидете вклучени. Јули се јавуваат проблеми во комуникациите со соработниците. Периодот не е добар за јавни настапи и медиуми. Можни се конфликти со авторитети, а исто така комуникациите со личности од спротивниот пол не се добро аспектирани. Август ќе бидете доста напнати и нервозни следи некое исчекување или нецелосна реализација на проектите. Ќе ви биде потребна поголема трпеливост и подостоинствен пристап кон проблемите. Есенскиот период се јавуваат некои застои со напредокот во кариерата, Ќе бидете спречени од некои авторитативни личности, па планираните промени нема да успеете да ги реализирате. Бидејќи сте упорна личност во Октомври ќе застаните на цврсти нозе и ќе одлучите да се борите. Тоа е одличен избор бидејќи во Ноември ситуацијата се сменува во ваша корист. Доаѓа помош од пријателите, па лесно ќе се надминат проблемите. Во целост 2024 година е поволна за Јарците посебно првата половина од годината кога ве очекува нагло подобрување на финансиската состојбаи успех во работата. Имајте на ум дека оваа година е исклучително поволна за студентите и воошто за усовршување на знањата.
Љубов
Некои посебни случувања на љубовен план нема да имате се до пролетниот период. Преокупираноста на работното место нема да ви остави време ни малку за љубов а добра работа во сето тоа е што ќе имате целосно разбирање од брачниот другар. Меѓутоа тепеливоста ќе попушти во месец Април кога ситуацијата нагло ќе ескалира. Расправиите со партнерот ќе се прошират и на останатите членови од семејството, па не само што ќе бидете нападнати од партнерот туку и сите други ќе бидат завртени против вас. Ќе ви биде тешко да објасните во каква ситуација сте а тоа најповеќе ќе ве нервира. Овој месец не е погоден и за слободните, посебно за претставничките на понежниот пол. Можен е скандал во кој ќе бидат вклучени и родителите, но среќата е на ваша страна, па асето тоа добро ќе завраши. Во Мај целата ситуација нагло се подобрува, слободните ќе влезат во стабилна врска која ќе ветува нешто сериозно исто така можни се кратки љубовни авантури кои ќе бидат бурни и страствени, но исто така ќе ви потрошат голем дел од заштедата. Во Јули повторно се јавуваат проблемите во бракот, ќе ви треба голема мудрост и тактичност да излезете на крај со сите во спротивно ви се закануваат сериозни последици. Есенскиот период ќе биде без некои посебни настани во љубовта оние кои во пролетта успеале да влезат во нова љубовна врска нека се потрудат истата да ја зачуваат до крајот на 2024 година некои негативни вибрации од планетите не се навестуваат, меѓутоа исто така ниту позитивни нема да имате. Кај родените во третата декада можна е појава на монотонија и поради истата прекин на врската. Бидете малку поведри и повесели. Проблемите во бракот ќе ви се протегаат преку целиот есенски период се до Декември кога ќе пожнете по малку да ги средувате. Декември ќе ви донесе луда љубов, се разбира на оние Јарци на кои ќе им изгледа прифатлива. Кон крајот на годината ќе ви се врати самодовербата. 2025-та ќе ја дочекате, заљубени во сериозна врска која ќе ветува нешто повеќе. Генерално 2024 година не е поволна за љубов преокупираноста со кариерата најповеќе ќе биде прижина за ваквата состојба единствено во месец Мај можете малку да се усреќите па внимавајте во овој месец да не ги пропуштите најсреќните моменти.
Здравје
Многу важно оваа година е што порационално и повнимателно да ја трошите енергијата, бидејќи таа ќе ви биде единствената заштита од болести. Во Јануари можни се проблеми со срцето и крвниот притисок. Проблемите најповеќе ќе доаѓаат од нервната напнатост, раздразливоста и хистеричноста која во овој период ќе ви биде нагласена. Во Февруари чувајте се од повреди посебно во главата и вратот. Исто така во овој период можни се проблеми со очите особено кај родените од првата декада. Посебно нека внимаваат помладите претставници на овој знак. Пролетниот период само со одмереност и чување на енергијата ќе можете да го поминете без никакви здраствени проблеми. Имате големи резерви на квалитетна енергија меѓутоа и доста причини за истата безпотребно да ја потрошите. На момент ќе чуствувате голем уплив на енергија за одма потоа заморот да ве легне в постела. И покрај ваквата ситуација само мал број на здраствени проблеми можат да ве спречат во овој успешен период. Во целост здравјето нема да ви биде на посакуваното ниво преку целата година, како што напоменавме штедете ја енергијата и внимавајте повеќе на исхраната.