Овен - Овен Многу силна комбинација со нагласени емоции. Овие личности имаат бескомпромисен став, премалку дипломатија и такт. Кога нешто посакуваат, тоа го сакаат веднаш и се. Директни се и смели, понекогаш груби и многу често непредвидливи и непромислени. Совет: Намалете је брзината, зашто не се сите луѓе еднакви - обратете внимание на туѓите потреби. Неопходно е да ја контролирате импулсивноста.
Овен - Бик
Во личноста родена со оваа комбинација
на знак и подзнак, се јавува судир меѓу идеализмот и материјализмот.
Неискористената интуитивност, нагласената тврдоглавост, но и
способноста за остварување на зададената цел се најистакнати
карактеристики на овој тип на луѓе. Освен тоа поседуваат и огромна,
понекогаш неискористена енергија. Совет: Потребно е да ги усогласите
нагонските потреби и можностите. Имате натпросечна можност за практичен
успех - искористете ја.
Овен - Близнаци
Ако сте родени во оваа комбинација, вие сте директни и комуникативни.
Постои можност многу често да се изгубите во ситници користејќи го
големиот енергетски потенцијал за неважни работи. Многу сте амбициозни,
но понекогаш ви недостасува издржливост да истраете до крај. Совет: За
вас е најважно прецизно да ги одредите целите и сретствата за нивното
реализирање.
Овен - Рак
Преголемата чувствителност на овие луѓе понекогаш може да се
манифестира многу непријатно. Поседуваат вроден шарм и луѓето лесно ги
прифаќаат, но најчесто околината нема многу доверба во нив. Личностите
со ваква комбинација, честопати, на било каков начин, се многу
приврзани кон нивната мајка. Совет: Опуштете се, животот не е
обврска туку неминовност. Потребно е да ги усогласете волјата и
емоциите.
Овен - Лав
Личностите родени во оваа комбинација се многу амбициозни и по секоја
цена сакаат успех. Никогаш не се спремни на било какви компромисни
решенија: подобро име да се борат отколку да се откажуваат од
било што. Сакаат другите да им се восхитуваат и тоа не го сокриваат.
Совет: Бидете малку почуствителни према другите. Не сте спонтани, а
такво нешто ќе биде добродојдено во вашиот живот.
Овен - Девица
Ако сте Овен роден во подзнак Девица може понекогаш да страдате од
чувство на инфериорност, иако тоа многу вешто го прикривате. Зборот е
вашето најсилно оружје. Многу сте аналитични, но кога ќе ве повредат,
станувате цинични и зајадливи. Прво размислете, а дури потоа работете.
Совет: Вашиот интелект е силен и изострен, но тоа не треба да ве
загрижува. Потрудете се апстрактните планови да ги претворите во нешто
практично.
Овен - Вага
Овој тип на Овен многу лесно воспоставува контакти со другите луѓе и
секогаш се труди да остав и пријатен впечаток. Вашата парола под која
живеете би била: “И волкот сит и овците на број”. Совет: Немојте
премногу да очекувате од другите луѓе, затоа што вашите барања многу
често се навистина нереални
Овен - Скорпија
Оваа комбинација дава личности кои поседуваат голема количина на
енергија, упорност и амбиција. Себеси си поставуваат високи цели кои се
трудат да ги реализираат по секоја цена. Ова се луѓе кои многу ретко
остануваат незабележани. Совет: Потрудете се да ја намалите љубомората,
посесивноста и нетолерантноста.
Овен - Стрелец
Луѓето родени во оваа комбинација се вистински авантуристи, динамични и
смели, не се плашат од било каков предизвик. Се трудат да бидат
праведни, но ако се изневерени, себеси си даваат право мирно да заминат
без објаснување. Овие личности никогаш не се сомневаат во своето
мислење и морал. Совет: Вие во секој случај сте голем хуманист, но
сепак потрудете се да ги сфатите и туѓите гледишта - не постои само
една страна на медалјата.
Овен - Јарец
Родените во овој подзнак се, во секој случај, издржливи и истрајни во
спроведувањето на своите замисли. Понекогаш им недостасува чувство за
потребите на другите, па заради тоа несвесно ги повредуваат. Совет:
Луѓето ви се восхитуваат, но дали и ве сакаат? Затоа би било
подобро да бидете малку поспонтани и поотворени спрема другите луѓе, а
посебно спрема овие кои ви значат нешто во животот.
Овен - Водолија
Како припадник на оваа комбинација, вие се трудите да ги разберете
луѓето и многу често успевате во тоа. Меѓутоа обратниот случај, не ви е
суден, често останувате несфатени од околината. Инсистирате на чести
промени во вашиот живот, за истиот да ви биде подинамичен и
поинтересен. Совет: Вашите акции скоро секогаш се поврзани со некој вид
на признание од страната на другите во вашата животна и работна
околина. Ќе бидете многу посреќни ако тоа помалку ви значи.
Овен - Риби
Овните кои се родени со подзнак Риби честопати се нерешителни, иако во
таква состојба не сакаат да се гледаат. Нивните идеи не се секогаш во
согласност со реалните можности. Исто така и нивните норми понекогаш не
се во согласност со нормите на нивната околина. Совет: Во вас постои
судир меѓу идеализмот и материјализмот - потребно е да се обидете да ги
помирите и урамнотежите тие две спротивности во себе.