Септември
Работа

Целосно ќе се внесите во работата, ќе вложувате многу енергија во себе меѓутоа ако очекувате некои брзи резултати тогаш ќе наидете на разочарување. Ви се отвараат многу нови можности меѓутоа тоа е само почеток. Ќе имате доста деловни прилики но за нивно искористување ќе мора да дадете се од себе исто така ќе мора да верувате во своите способности и во ни еден момент да не се сомневате во себе. Изградете подобро мислење за себе не дозволувајте да ве претекнат неспособните или помарзеливите од вас. Среќата ќе ве прати ако покажете повеќе храброст. Втората половина од месецот ќе чувствувате силна потреба да се повлечете во себе и да се вратите на мирниот деловен живот. Ако тоа го сторите многу ќе згрешите, а некои работи трајно ќе ги изгубите. Стравот од предизвици би значел многу чекори наназад и целосно губење на и оние мали амбиции кои ги имате. Издржете колку што можете повеќе и реализирајте се што сте планирале. Комуникацијата со блиската околина нема да ви биде многу поволна меѓутоа затоа во друштво на пријателите одлично ќе се сложувате и тоа ќе ви биде еден вид компензација за неприликите кои ќе следат на работното место. Држете се само до оние личности кои ве опуштаат и ви даваат сила да продолжите во деловните односи. Избегнувајте ги депримираните личности тие само ќе ви ја разбудат вашата чувствителност и ќе ве натераат да се повлечете. Периодот е добар за финасиите ќе ги средите старите сметки и долгови и ќе направите добар план за иднина. Ќе бидете склони кон штедење, но сепак ќе мора и малку да потрошите на себе за излегување, гардероба и некои ситни задоволства. Можете и без тоа меѓутоа нема да бидете целосно среќни.


Љубов

Септември ви носи доста интересни љубовни искуства. Преку целиот месец ќе ви биде нагласена чувствителноста и ако во летниот период не се заљубивте сега ќе имате прилика за тоа, но при тоа ќе мора да внимавате бидејќи ви се заканува лошо искуство. Оние кои се во врска ќе имаат помалку напнат однос со партнерот. Постојано ќе се расправате меѓутоа тоа и незначи дека ќе ви недостигаат страсти и чувства. Напротив тоа уште повеќе ќе ве прави да се сакате, а проблемите не мора и да ги решите во овој месец. Раковите во брак или во долга љубовна врска повеќе време ќе минуваат на работното место или со колегите одколку со својот партнер, па затоа можеби ќе следат некои проблеми. Некои ќе флертуваат а некои можеби и ќе се зафатат со некакви авантури кои лесно би можеле да ги претворат во нешто поопасно. Доколку се обидете да ги избегнете своите чувства и желби само уште повеќе ќе се заплеткате во проблемот. Бидете опуштени и подготвени на сите можности. Можеби за вас најдобро е токму она од што најповеќе се плашите. Последната недела од септември ќе ви се случат некои промени во вашиот емотивен живот можеби ќе му се вратите на страта љубов или пак ќе побарате некои стари пријатели како и да е ќе се случи некакво назадување и отворање на стари проблеми кои само пред некое време едвај сте ги решиле. Не се врзувајте за личности чие присуство во последно време ви претставувало напнатост и непријатност, а исто така не верувајте дека сега ќе биде поинаку и дека таа личност се подобрила. Доколку во оваа последна недела решавате некои стари љубовни проблеми работите нема да стигнете да ги решите до крај но ќе му се приближите на решението. За тоа одлучувачка помош ќе биде една интересна средба и доста корисни информации. Исто така оваа недела може да ви се оствари една тајна желба. Немојте сами да се залажувате земете го она што го сакате..


Здравје

Планетите не се позитивно поставени во однос на вашето здравје, па можете да очекувате помали здраствени проблеми. Најголема причина за нив ќе биде вашата работа во која вложувате премногу енергија и нерви. Напнатата ситуација ќе се рефлектира како главоболка или можеби вртоглавици. Не би било добро да претерувате со лековите за смирување на болките. Обидете се да се релаксирате во природа. Намалете со кафето или заменете го со чаеви. Претставниците кои имаат проблеми со гастритис, чиреви на желудникот да бидат особено внимателни во исхраната. Колку можете избегнувајте зачинета, тешка и мрсна храна. Одмарајте се повеќе. Особено да бидат внимателни постарите претставници.


Совет

Сите поважни активности правете ги во првата поволина од месецот, а потоа во втората половина избегнувајте ги судирите со околината.


Идеален партнер

Со Раковите можете да остварите најуспешна љубовна врска во овој месец, но не се лошо апектирани и Рибите и Јарците.Овие двајца се сложуваат затоа што се прилагодливи како вода. Но ваквата врска не е интересна затоа што се постојано во свој круг и околината им се чуди како не им досадило. Меѓутоа нив не им треба совет од околината. Ако се расправаат тоа е заради децата, семејството, работата и инвестициите, но тоа можат сами да го надминат. Повеќе се сложуваат душевно отколку еротски, си раскажуваат за семејството, религијата мистиката и.т.н. Во љубовта нивните замрсени чувства можат да донесат незгоди, затоа што моментите кога желбите им се поклопуваат можат да бидат многу ретки. Тоа заедно со склоноста на секој од нив да бара од партнерот да се прилагоди, придонесува за претерано драматизирање на нивната врска.