Ќе бидете доста расположени за нови предизвици, ќе биде нагласена вашата желба за докажување и деловен успех, меѓутоапланетите нема да ви го овозможат бараниот успех во овој месец. Постојано ќе барате некакви промени, ќе сакате да почнете од почеток да расчистите некои недоразбирања и сл. се некако како да ви се смачило меѓутоа добро е тоа што ќе имате волја за да почнете од почеток. Ваквиот став е позитивен за некои од вас но само ако добро ја процените ситуацијата и реално ги согледате можностите. Тоа долгорочно гледано би можело да ви донеси напредување во кариерата меѓутоа резултатите одма нема да ги видите. Не покажувјате што ви е целта лесно можете да ја продадете идеата или на некого да му ги отворите очите. Втората половина од месецот поволна е за промени на работното место, па ако барате нешто ново, нешто поредизвикувачко или пак подобро платено сега е вистинскиот момент тоа да го најдете. Не се плашете од ризик постојано ќе имате подршка од некого. Комуникациите со околината ќе ви бидат бурни. Се наоѓате на преод помеѓу деве крајности. Сеуште сте преокупирани со самите себе, па често луѓето ќе ви пречат. Од друга страна на работното место ќе ви биде наложено повеќе да комуноцорате од обично, па она што најповеќе ќе го барате во овој месец ќе биде самотијата. Средината на месецот е погодна за патувања особено за во странство. Сите работи поврзани со странство или далечни патувања исто така ќе наидат на успех. На финасиски план ве очекуваат значителни промени некои планови ќе морате да ги измените бидејќи одненадеж ќе добиете нови понуди. Воглавно се ќе се заврти поинаку одколку што сте планирале. Тоа доста ќе ве загрижува, но нема место за паника веќе од средината на месецот ќе видите дека тие промени биле позитивни.
Ве очекуваат кардинални промени на љубовен план. Ќе чувствувате дека нешто не е во ред со вашиот жубовен живот и ќе се трудите нешто да промените. Постојано ќе се прашувате зошто сте несреќни, но никако не ќе можете да го најдете вистинскиот одговор. Бидете потрпеливи одговорот ќе го добиете со влегувањето на Венера планетата на љубовта на 24 септември. После овој период ве очекува важна недела за иднината на љубовниот живот. Ќе бидете во ситуација да избирате помеѓу неколку личности но при тоа најваероватно ќе ги раскините старите врски. Се појавуваат нови чувства, нови емоции единствено што треба да направите е да бидете поодлучни. Немојте токму сега да се повлекувате во сигурност и монотонија. Потребна ви е неизвесност, возбудување и авантуризам. Отворете се повеќе емоционално и ќе сватите дека сето тоа можете да го добиете. Многумина од вас ќе бидат наглсено преокупирани со себе. Многу ќе размислувате за минатото иднината, своите постапки чувства и тн. Она што не треба да го правите е да не се оптеретувате премногу со проблеми. Простете си себе си и на другите и заборавете на недоразбирањата. Партнерот сето тоа ќе го свати како едно чудно расположение па можеби и така најдобро ќе поминете. Скорпиите во брак ќе немаат многу време за љубов. Цела сила ќе им биде концентрирана на работа, па не ќе можат отворено да разговараат со партнерот во врска со љубовта иако од нив постојано ќе биде барано. Ќе ве загрижува ситуацијата во семејството посебно ако сте зависни од родителите. Можеби се подготвувате за некаков заеднички финасиски проект?имајте на ум дека тој ќе ви донесе само расправии.
Вашата здраствена состојба во овој месец ќе биде доста променлива. Од една страна сонцето е поволно поставено во знакот на Девица и тоа ќе ви ги обновува енергетските потенцијали, а од друга страна Марс во знакот на Вага ќе ве тера постојано таа енергија да ја трошите на небитни работи или во одредени случаеви може да биде и автодеструктивна. Исто така се јавува опасност од повреди на кои ќе треба да бидете особено внимателни посебно во средината на месецот. Внимавајте и на психичката рамнотежа во овој месец ќе живеете многу поинтезивно од обично, па не ги носете проблемите дома.
Прифатете ги промените и предизивиците и не се плашете од несизвесноста. Обидете се се да предвидите и бидете порационални.
Во овој период идеален партнер ќе ви биде Јарецот со кој покрај тоа што можете да остварите стабилна љубовна врска на деловно поле можете да остварите одлична соработка. Материјалната страна на животот е точка во која овие двајца ќе се сложат. На двајцата им треба финансиска сигурност, но во тоа можат и да претераат. Двајцата се склони да го занемарат својот личен изглед и треба да се борат против апатијата во таа сфера. Во сексот Скорпијата е поактивна од Јарецот, но често пати помислува на најлошо кога Јарецот Ќе одбие да води љубов или вели дека е уморен. Вечната несигурност на Скорпијата може да ја наведе на помисла дека Јарецот има накој друг, а ако е тој страв оправдан нема да му прости.