Ќе работите многу повеќе од обично, а нема да бидете задоволни со резултатите. Чувствувате како постојано сте во нечија сенка и дека работите за некој друг кој ги собира плодовите од вашата работа. Ќе мора да трпите уште некое време, па дурипотоа да превземете некои поодлучувачки чекори. Сторете го тоа после 21 Септември кога сонцето ќе влезе во знакот на вага и ќе имате целосна подршка од планетите за решавање на вашите проблеми. При тоа внимавајте дека вашата сила и моќ имаат граници. Добро е да се расправате, но не мора премногу да се грижите бидејќи наскоро се ќе се реши во ваша корист. Септември е добар и за усовршување на вашето знаење посетете курс за странски јазици, обука за компјутери и сл. доколку тоа ви недостасува во вашето знаење, ако сте студент искористете го овој месец за подготовки на најтешките испити. Ќе имате доста интензивен начин на комуникација со околината. Постојано ќе бидете зафатени со некакви проекти, работа во групи и сл. па често ќе ви биде потребна самотија. Најпријатно ќе се чувствувате во домот, па можеби ќе ви биде префрлено од пријателите или колегите за недоволната желба за вечерни излегувања. Во овој месец исто така добро се аспектирани спортските активности па доколку сте спортист или се занимвате со некаква организација на спортски натпревари и рекреација ве очекува успех. Одлично ќе се чувствувате купувајќи и трошејќи на пари. Колку е поголема сумата токлу вие ќе бидете посреќни. Тоа на изглед е добро меѓутоа цехот ќе треба да го платите подоцна. Ќе заработувате повеќе од обично можете малку да го зголемите ттрошењето, но не претерувајте.
Се наоѓате во доста интересен период за вашиот љубовен живот. Тој ќе траесе до последната недела од септември и највероватно овој период ќе остави позитивни сеќавања во вашиот живот. Ќе бидете нагласено чувствителнни и страствени и ќе почнете да сваќате како во вашиот жубовен живот ви се случува нешто ново. Веќе некое време чувствувате дека ви се потребни промен, па во овој месец ќе имате прилика тоа да го сторите. Одеднаш се ќе ви стане јасно меѓутоа тоа нема да биде доволно. Ќе направите грешка ако почнете да менувате се одеднаш. Ќе мора да бидете малку потрпеливи. Доколку сте во трајна љубовна врска потрудете се да внесете малку свежина. Веќе некое време чувствувате досада и очекувате од партнерот да го направи првиот чекор. Сторете го тоа вие подршка сигурно ќе имате. Најважно е да бидете сигурни дека сакате нешто ново. Било што да превземете не брзајте пред вас е долг поволен период за љубовта, па ќе можете полека да ги средите сите работи. Ако сте слободни ќе имате доста прилики за нова љубовна врска, првате едноставно пропуштете ја, тоа ќе ви ја зајкне самодовербата, а бидете сигурни дека наредната ќе биде многу поповолна и среќна. слободните преку целиот период ќе бидат исклучително расположени, привлечни и шармантни, па ретко некој од нив да остане слободен во овој период. Доколку сте имале некакви проблеми во минатиот месец не почнувакте одма со нивно решавање бидете малку трпеливи и почнете со решавање некаде од средината на месецот. При тоа не извлекувајте стари љубовни проблеми, исфрлете го тоа еднаш од животот и завртете нов лист. Состојбата во семејството е поволна, некаков проблем повторно ќе ве соедини сите во семејството а и неговото решавање ќе заврши успешно.
Планетарните делувања воглавно се важни за вашето здравје. Ќе имате доста енергија и амбициозност па можеби ќе ве исфрли малку од психофизичката рамнотежа. внимавајте на бубрезите и жолчката доколку сте имале проблеми со некој од овие органи. Постарите нека внимаваат со циркулацијата и нека направат контрола кај лекар доколку тоа не го направиле. Поставеноста на Венера во знакот на Вага Ќе ви донесе преокупираност со сопствениот изглед. Ќе сакате потополно да го промените вашиот стил, фризурата, гардеробата и сл.
Зафатете се со работа прифатете ги предизвиците посебно ако се поврзани со патувања.
Ви треба некој борбен како вас за заедно да можете да ги преброите престојните проблеми, меѓутоа вашата страст може да ја смири единствено Лавот.Двата знаци се со огнена природа па таква ќе биде и нивната љубов. Нивниот сексуален живот е нагласен и тоа во прв план, а несогласност се јавува во општествените интереси и желби. Стрелецот многу често има склоност кон кокетирање со спротивниот пол и често се впушта во прељуби. Во оваа комбинација Стрелецот е далеку поснажен партнер. Гордоста на Лавот можеби ќе биде причина за нивната права кавга, затоа што ако забележи, Стрелецот дека му се восхитува на некој друг, ќе биде повреден и ќе ја прекине врската. Иако расправиите можат да бидат чести оваа врска сепак може да се одржи и да биде извонредна.