ВОДОЛИИТЕ

Водолиите се многу друштвени личности а со тоа и најпријателскиот зодијачки знак. Познати се по добрата природа, отвореност и добронамерност спрема новите познанства. Кругот на Водолиите на познаства опфаќа голем број на луѓе со различни интереси и занимања. Нивни обожаватели и деловни партнери се многубројни, а секој од нив си има свое друштво. Фактот дека Водолијата не знае за љубомора и посесивност, ја прави многу популарна меѓу оние кои ја ценат слободата и независноста. Во основа се романтични и срдечни, приврзани другари, а ваквите чувстава ги пренесува на личностите кои ги сака во зависност од својата непредвидливост, па затоа љубовта може лесно да премине во индиферентност. Меѓутоа Водолиите понекогаш поотполно невино предизвикуваат љубомора кај својот партнер или другар затоа што новите пријателства лесно ги фасцинират и воодушевуваат, особено личности кои се динамични и прогресивни во своите идеи. Иако тоа интересирање е ограничено на менталната сфера, потполна обземеност со новите познанства може да делува на другите како лична заинтересираност, а не како радозналост.  Пријатели или партнери Водолиите мораат да се навикнат на идеата дека може да се живее многу убаво и без претеано гледање и распрашување за оној другиот. Во секој случај Водолијата е лојална личност, може да биде многу романтична и понекогаш претстваува вистинско изненадување за својот партнер.

ТОЈ: Мажот Водолија е ексцентричен со мала доза на симпатична иронија и двосмислени упади. Живеат боемски живот па поради тоа посакувани се во женско друштво. Модерен и склон кон слободни врски, но сепак верен на семејството, а сето тоа знае добро да го усклади. Потребна му е жена со повеќе разбирање и затоа тешко се одлучува на брак. Многу е чувствителен, хуман и искрен. Жената мора да чека тој да прозбори. Никогаш не се знае зошто ќути, а некогаш нагло избувнува (во тмурниот облак се крие благ дожд или гром). Во весело друштво тој е водач, секогаш интимен и непосреден. Во пресудните моменти, ненадејно се жртвува и несака за тоа признание. Оргинален е во сваќањата, дури и многу крут, па во постарите години опасно е да се тргне од колосекот. Поседува романтичен ерос, на самиот себе си ја докажува љубовта. Ненаметлив е на жените, сопствената жена ја лажи поради нејзино смирување или некои нужни промени, но го разбира и жениното неварство. Често тешко се сватени во околината, многу се грижат за своите најблиски, а во одредена ситуација и за непознати се изложува на опасност, однесувајќи се лежерно према животот и смртта.

ТАА: Жената Водолија е неконвенционална, несекојдневна, не се чувствува од ништо ограничена, па од неа може се да се очекува. Секогаш откачена, храбро ја комбинира гардеробата, привлекува повеќе удварачи. Спонтано кокетира, лежерно и без предрасуди влегува во односи, каде и да стигне, сметајќи дека и нејзе и е се дозволено како и на посилниот пол. Го воодушевува удварачот, кој смета дека налетал на лесна роба, а таа запрашува ноншалантно: што сакаш. Со грациозноста и слаткиот израз на лицето, лесно освојува, но во љубовта бара многу повеќе од самиот коитус. Затоа во брак стапува тешко, знаејќи дека, тоа е монотоно. Страствена и чувствителна , но знае и да се жртвува. Не поднесува машка бруталност, интуитивно ги чита намерите и ги отфрла простаците. Ја освојува стилот, музиката, романтиката, ексцентрични дискусии за смислата на живото, едноставно се во свое време и место. Не го проверува мажот каде оди и со кого бил. Проблемите во бракот ги решава пријателски.