Септември
Работа

На самиот почеток од месецот ќе се соочите со обврски со кои досега не сте се сретнале, што ќе ве натера да размислите дали сте подготвени за нови предизвици и промени. Подгответе се на помали задоцнувања или застои во проектите. На работното место некој ќе сака да ви ја украде вашата самостојност со тоа што ќе морате да се борите да ја задржите вашата положба. Недостатокот на работен елан и ентузијазам најдобро ќе го лечите со активен начин на живот. Постои можност за потпишување на договори кој долго време ви тежи, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување. Со влегувањето на сонцето во знакот на Вага, посел 21 Септември влегувате во исклучително важен период за вашето работење и вашата кариера. Вашиот талент за организација и планирање ќе ви донесе извонредни резултати и награди. Доколку сакате успехот да ви биде навистина загарантиран избегнувајте неодговорни личности во вашиот тим. Корисно е да превземете активноси и да ја искористите позитивната енергија која може да произлезе од контактите со лице од спротивниот пол. Не двоумете се да побарате ситна услуга од вашите пријатели. Можете да се надевате на големи успеси со нивна помош. Ќе имате прилика своите идеи да му ги соопштите на на многу важни луѓе. Бидете внимателни ова може да биде една од вашите животни шанси. Во овој месец вашата во трансакциона сметка ќе остане без многу промени. Планетите на финансиски план не ви се многу наклонети, па затоа и не се трудете премногу за да постигнете нешто. Зачувајте го она што го имате и не трошете премногу. Исто така овој месец не е многу поволен за продавање или купување на недвижнини


Љубов

Некој настан уште во првата недела од Септември кај вас ќе предизвика нежни чуства и желба за блискост. Дали сте способни вистински да сакате и да се посветите на една личност? Многу Водолии ќе мора тоа да го одлучат. Но сепак бидете внимателни која ќе биде таа личност. Родените во втората декада под влијание на Венера планетата на љубовта која во првите две декади од месецот ќе биде поволно аспектирана за вашиот знак, ќе бидат во исклучителна форма за освојување на туѓи срца. Ќе им се овозможи прилика за нова емотивна врска или љубовна авантура проследена со пријатни моменти. Тие што се во брак пред се родените во првата декада ги очекува одличен период кој потребно е да го искористите за зацврстување на бракот. Вашиот партнер ќе ви посветува доволно време и постојано ќе ви искажува љубов на што мора да возвратите со иста мерка. Ангажирајте се повеќе околу партнерот, детето или симпатијата. Без себичност дарувајте ја вашата љубов и вложете во нешто што навистина ви е важно. Слободните претставници ќе избегнуваат поголеми друштва поточно ќе се затворат во себеси. Ќе играат игра без граници со потенцијаниот додворувач, но ни самите не ќе знаете дали мислите сериозно или не. Ова би можел да биде романтичен период но тоа во моментот само од вас зависи. Бидете големодушни и верувајте во себе. Родените во првата декада ќе имаат успех во врските базирани на силни страсти. Последната недела од Септември ќе ви ги наметне првите проблеми во љубовта. Во овој период ќе морате да го намалите емотивното чувство кое ќе го внесувате во решавањето на проблемите во врската. Тоа уште повеќе ќе ве одалечува од партнерот и ќе ви прави комплицирани љубовни односи. Односите во семејството преку целиот месец ќе ве исцрпуваат. Едноставни не ќе знаете што сакате и како да се однесувате со вашите блиски. Внимавајте како ќе постапувате и обрнете му повеќе внимание на своите но и на туѓите чувства.


Здравје

Ќе ве прати добро здравје преку целиот месец. Енергијата ќе ви биде на солидно ниво, но треба да бидете подготвени и на периодочни падови. Вашиот изглед ќе се подобрува, а за тоа ќе забележува и околината. Меѓутоа нервна напнатост и многуте активности на работното место тешко ќе можете да ги избегнете. Во последно време премногу трпите за својата кариера и односите со колегите и претпоставените. Можеби крајно време е малку повеќе да се релаксирате и да не се занимвате со тоа кој на кого и што му рекол. Можни се повремени главоболки и пречки во видот кај постарите Водолии, посебно во последната недела од Септември. Мора повеќе да одмарате и да ги прифатите своите слабости. Не претерувајте со физичките активности.


Совет

Бидете подготвени за бранувањата на работното место и однесувајте се поодговорни. Имајте на ум дека одлучноста ќе биде главниот фактор за месецот да го поминете без проблеми.


Идеален партнер

Можеби најдобро во овој месец ќе си поминете со некој кој е роден во вашиот знак.Две Водолии се сретнуваат лесно и изненадно, најчесто со голема веселба, а потоа средбата дури и ја забораваат, па треба да чекаат друга. На состанок не доаѓаат уредно. Во сексуалниот однос влегуваат едноставно, а потоа следуваат разни осцилации и експерименти, перверзии, но и привремени нагли разделувања. Во суштина тие се добри другари иако едниот има брачни или вонбрачно дете. Во тие случаи меѓусебно се помагаат воспитувајќи ги децата без разлика чии се. Ги поврзуваат и заедничките интереси како што се работа на филм, иноваторство, политика, деца итн.