КОЗА

Ако сте родени во еден од наведените денови,
тогаш вашиот натален симбол е КОЗА:

01.02.1919 - 19.02.1920
17.02.1931 - 05.02.1932
05.02.1943 - 25.01.1944
24.01.1955 - 11.02.1956
09.02.1967 - 29.01.1968
28.01.1979 - 15.02.1980
15.02.1991 - 03.02.1992
01.02.2003 - 21.01.2004

Основни особини
Позитивни: мирољубива, оптимистична, добродушна, широкограда, нежна, креативна, интелигентна, попустлива.
Негативни: неодговорна, неточна, незадоволна, каприциозна, недисциплинирана, несигурна, зависна.

Козата (или Овцата) е друштвено суштество, надарено за уметност. Иако воопшто не и лежат точноста и педантноста, во општествените работи е доверлива, спремна да помогне. Во таа смисла е доверлив пријател. Недостатокот на самоконтрола, несигурноста и промените на расположенијата ја загрозуваат нејзината околина. Често живее на сметка на другите, или ги искористува. Подложна е на чести промени на расположението, несредена е и полна со изненадувања. Несамостојнае и бара некого кој ќе ја води. Меѓутоа, лесно се прилагодува на разни животни ситуации. Изгледа како да е изгубена и со задоволство прима совети, а одлуките ги прпушта на другите. Таа е роден следбеник и придружник, а многу ретко поприма водечка улога. Не е упорна, пред препреките и проблемите се повлекува, и тогаш станува апатична и понизна. Луѓето родени во овој знак се благи, нежни, чувствителни, елегантни, шармантни, со многу “женски” особини. Но , тоа не значи дека мажите на овој знак не се мажи. Женските особини овде ја означуваат деликатната природа на Козата. Да не заборавиме дека Козата е симбол на сексуална желба и моќ. Од друга страна е песимист, нерешителна и пола со тегоби. По природа е добродушна, благородна, и со задоволство им помага на послабите. Козата често е религиозна или ја привлекуваат мистичните страни од животот, како на пример парапсихологија, окултизам и сл. Нејзиниот смисол за сопствеништво прилично е флексибилен. Ако треба ( а често треба) го зема и она што не и припаѓа. Вината често ја префрла на други. Што и да се случи на се смета како виновна. Воглавно нема чувсво за одговорност, и недостасува иницијатива, а и волјата (упорноста) и е слаба.
Козата како екстравертен тип ужива во друштво, комуникации и сите социјални случувања. Интровертната Коза полна е со тегоби, најмногу ја загрижува што другите мислат за нејзе.
Козата е емоционално поеластична од повеќето други луѓе. Ништо не може да ја зачуди, шокира, или да ја исфрли од емоционална рамнотежа.

Изглед и однесување
Козата на прв поглед изгледа разумна, смирена, дури и тупа, но ако сака нешто да оствари тогаш потполно се променува, станува активна, иницијативна, почнува да планира, манипулира и да се служи со не секогаш чесни методи. Ја карактеризира и наивен став кон животот, безгрижно движење низ лавиринтите на животот. При тоа предизвикува кај другите потреба да ја заштитат, да и помогнат и да ја водат. Таа е вечно дете, но лојална во пријателството и љубовта. Во кризни ситуации потполно се менува и ги покажува своите најдобри страни.

Маж Коза
Мажот Коза е подобар љубовник отколку брашен партнер. Неговата жена мора да биде спремна за неговите изненадни и необјасниви постапки. Но, добрите страни на тој маж се што никогаш не приговара, обично е смирен, тешко се разлутува, а нема желба ни потреба да господари. Обично е затворен и не зборува за својот внатрешен живот. жената може да управува со него како што сака, и таа е онаа што ја носи главната одговорност во семејството, за финансиската и материјалната сигурност.

Жена Коза
Жената Коза бара партнер кој може да и понуди сигурност во облик на благосостојба, луксуз и слично. Ако таков не може да најде, подобро би останала кај своите родители. Со задоволство троши пари, поготово ако не е нејзин, на купување луксузни работи. Спротивности и судири не се по нејзин вкус. Таа е сензуална и во љубовта многу дава. Од тој знак потекнуваат многу куртизани.

Поволни занимања
Луѓето родени во овој знак треба да избегнуваат трговски дејности. Тие лошо се изразуваат, не се точни и доверливи во тоа подрачје. Способностите на Козата доаѓаат до израз во подрачјатакаде постојат контакти со луѓето. Таа сака да советува и помага при решавањето на практичните проблеми. Веројатно е најдобро да избере некоја од уметничките кариери. Најповолни занимања: градинар, уметник, глумец, советник, писател и воопшто занимања на луѓе кои живеат од трудот на околината.

Совети
Козата по природа не е борбена, па треба да ги избегнува ризикот и конфликтите. Нејзин проблем е што ги потиснува емоциите и афектите, а увредена се затвора и повлекува во својот внатрешен свет на фантазии. За да го надмине тоа, потребно е во тешките моменти да комуницира, да ги каже своите маки и да го отвори срцето. Исто така е потребно во својот живот да внесе поголем ред и совесност, но и да ја контролира својата ексцентрична природа. Со едн збор потребно и е повеќе дисциплина.

Односите на Козата Љубов: најдобар однос има со Зајакот, а потоа следат Мајмунот, Коњот и свињата. Биволот и Кучето можат да ја повредат.
Пријателство: единствено Зајакот и Свињата можат да ја толерираат боемската природа на Козата.
Работа: мора да ги избегнува деловните контакти со Коњот, додека успешна соработка може да оствари со Мајмунот, Свињата, Зајакот и Змејот.