Февруари
Работа

Ќе бидете изненадени од спротивностите кои ќе ви се случуваат во овој месец. Почетокот ќе ви биде доста интензивен со многу успеси, а набрзо потоа ќе ви се случи да паднете во депресија и така да го поминете целиот овој месец. Марс планетата на енергијате ќе биде неповолно поставена за Скориите и доста силно ќе ви го дестабилизира животот особено во втората декада од месецот. Ќе се чувствувате доста силни и способни да одговорите на предизвиците меѓутоа само што ќе се зафатите со работа нешто ќе ви искрсне и уште на сам почетоко ќе ви ја расипи работата. Добро се аспектирани едниствено работите кои се поврзани со партнерство, но само доколку главниот збор му го дадете на вашиот партнер. На тој начин успехот ви е загарантиран, а добивката двострана. Ни во кој случај не почнувајте активности за подобрување на работното место посебно ако на самиот почеток добро знаете дека е осудено на неуспех. Зафатете се со нешто пореално, нешто што навистина може да ве направи среќни. Работите кои бараат повеќе напор избегнувајте ги тоа не значи дека и носат и добра заработка. Проектите кои ги имате започнато а се ближат кон крајот добро би било реализацијата малку да ја одложите за наредниот месец кога ќе иамте поголема подршка од планетите. Можностите за победа во овој период се мали па затоа се што е поврзано со финализација одложете го за некој нареден период. Финасиската состојба исто така нема да биде многу поволна, посебно за оние кои се борат за егзистенција. Побарајте помош од пријателите. Не се срамете и не паничете. Доаѓаат подобри времиња.


Љубов

Како и во работата така и во љубовта состојбата не е многу среќна. емоциите дополнително ќе ви ги расипат деловните планови. Ќе ви биде се поважно од љубовта, па и од тука можни се и проблемите. Ќе се обидете да направите некакви промени на ова поле и во тоа ќе успеете, но за жал таквите промени за брзо ќе сватите дека не се среќни. Тоа не само што ќе ве доведе на почеток туку ќе мора и да се трудите ситуацијата да ја исправите на прав пат. Слободните ќе се трудат да влезат во нова љубовна врска, но со моменталанта поставеност на планетите изгледите за тоа ви се доста мали. Доколку успеете да влезете во врска ќе имате добри почетеоци, но набрзо ќе ве изненадат проблемите. Во почетокот претерано ќе ја идеализирате новата љубов, за подоцна да преминете во сосема друга крајност. Скорпиите во брак првата половина од месецот ќе ја поминат во кавги и расправии. Она што некогаш брзо ви врвело сека ќе го пматетите подолго и ќе се оптереувате со неговото значење. Бидете поискрени спрема себе и признајте си ја вината, ако навистина е во вас. Семејниот живот исто така не е многу позитивно аспектиран. Некои членови од вашето семејство или од семејството на вашиот партнер премногу ви се плеткаат во вашиот живот. Обидете се на добар начин да го решите проблемот и да им укажете на вашата желба за самостојнао решавање на проблемите. При тоа не се расправајте со партнерот и не ја навредувајте другата страна. Колку помалку разговарате за проблемите толку шансите за побрзо да ги решите ви се поголеми. Последната недела од Февруари можни се некои драматични состојби во семејството поврзани со некои помлади членови. Не избувнувајте бидете пофлексибилни. Комуникацијата со пријателите и дружењето ќе бидат единственото нешто што ќе ве весели во овој месец. Дружете се повеќе ако тоа ве прави среќни но внимавајте и на партнерот. Преголемите отсуства можат дополнително да ја влошат ситуацијата.


Здравје

Состојбата во семејството доста ќе ве иритира и колку да се трудите не ќе можете да се осободите од грижите. Ќе бидете принудени да трпите се, а цела таа негативна енергија ќе се претвара во здраствени проблеми. Родените во втората декада ќе бидат погодени од можни воспаленија, покачени температури и трески. Преголемата напнатост во семејството може да ви донесе проблеми со крвниот притисок. Редовно проверувајте го крвниот притисок иако до сега не сте имале проблеми со него. Кон крајот на месецот ќе почувтвувате голем енергетски пад што ќе резултира со мрзоволност. Потребни ви се витамини и лесни жаеви за смирување. Чајот од нане може многу да ви помогне во ваката состојба.


Совет

Добро би било помалку да се занимвате со семејните проблеми. Имајте доверба во себе се ќе се заврши на ваше задоволство. Обидете се повеќе да се концентрирате на работата.


Идеален партнер

Најпријатно ќе се чуствувате во друштво на Лавовите иако поенкогаш нивната претерана гордост помалку ќе ви оди на нерви. Многу нестабилна врска. И двајцата се со силна волја, меѓутоа сепак тешко меѓусебно се надополнуваат. Единствено што може да ја одржи врската е силната страст што ја поседуваат, тоа и меѓусебно ги привлекува. Скорпијата сака детално да го анализира секој со кој доаѓа во контакт Лавот, иако самиот е премногу таинствен и ќе биде огорчен кога Лавот ќе го прави истото. Скорпијат сака да диктира кога и како ќе се трошат парите што не е во соогласнст со нормите на Лавот.