Деветти знак на Зодијакот, огнен, променлив, машки, активен, позитивен, двотелесен. Владетел му е Јупитер, а природно вледее со деветтете куќа. Позитивни особини: директност, склоност кон филозофија, слободољубивист, великодушност, оптимизам. Негативни особини: склоност кон расправии, нетактичност, нестрпливост, наметливост. Кога зборува реченицата ја започнува со изразот Јас сваќам.

Овој знак е предочен со ликот на сублимација: со кентаур кој се стреми кон небото, спремен да од затегнатиот лак исопрати стрела кон некоја ѕвезда. Отвореност кон универзумот, експанзија на боженственото во човекот, тоа се симболи на овој, пола човек пола коњ, симболи на оној кој се стреми кон висините, но и прогонуван од инстинктите на животното во себе, останува на земјата. За да го реши овој проблем што целкито живот го разделува на пола, Стрелецот Шпоминува низ многу болни размуислувања. Најголема         помош и олеснување вцо животот му пружа творештвото.

Особини на луѓето со нагласен знак на Стрелец во хороскопот (Сонцето, Месечината или група на планети во овој знак во хороскопот): луѓето Стрелци се родени за авантури. Полни со ентузијазам се впуштаат во сите облици на истражување во животот. Спремни, наѕученото, еденн ден да го искористат за својот развој, во овој или можеби во некој следен живот. Во Стрелкецот човекот излегува од животното, таа непрекидна борба помеѓу возвишеното и примитивното во сите нас, овде во овој знак е најочигледно. Оние кои победуваат растат, осветлени со светлината на интелектот и духот.

Како и сите огнени знаци и овие луѓе се одликуваат со виталност и спонтаност. Во срцето се секогаЌ деца, живеат во светот на фантазијата, полн со витези на бели коњи и принцези заробени во замоци. Со својата искреност и директност, овие луѓе често ја повредуваат својата околина. Но тоа тие не го разбираат: Вистината е нивната стрела и без неа тие не би биле она што се. Стрелецот гаѓа безпрекорно и затоа што не поднесува грешки, дури ни своите, кои најчесто не ги ни приметува. Грешките на Стрелецот, како се друго предизвикано од Јупитеровата експанзија, кога постојат навистина се огромни.

И покрај се овие луѓе се омилени и сакани во својата околина. Срдечни и топли, секогаш пријателски расположени према другите, пријателството секогаш и им се возвраќа. Но ова е знак и на двојност, а во тие знаци секогаш е присутна и контрадикторност. Затоа овие луѓе се и разиграни и површни и  сериозни и длабоки. Понекогаш некој од нив е тивиок сличен на Јарецот, а друг пак бучен и брблив, шегобиец на кого животот му е една од безбројните игри и забави на универзумот.

Слично како спротивниот негов знак Близнаци, Стрелецот е моќен говорник, но многу слаб слушател. Многу ретко ја дослушува реченицата докрај, самоуверено претпоставувајќи го нејзиното завршување. Но бидејќи неговата стрела најчесто ја погодува својата цел, во најголем број случеи е во правио. Тажно е само што еден ден ќе утврди дека повеќе нема никој кој треба да го слуша.

Физичкиот изглед на Стрелецот е: со нормална висина, има лесен и одмерен од, благо и високо чело, поверливи мирно очи, благороден поглед, сталожен тон на говорто, долг правилен нос и секогаш делува поверливо иако погледот му е насочен некаде далеку. Најчесто со добро здравје, функциите на организмот му се нормални, затоа што се стреми секогаш да воспостави хармонија. Често се занимава со нбекој спорт. Болесто од кои можно е да болуваат се: болести на жолчката, реума, тумор, болести на вратот и жлездите. Најдобар лек за Стрелците е спортот, лобвот, јавањето и превентивата, а треба да ги чуваат нервите од грижи и напади на бес и лутење.

Клучни зборови на овој знак се: визуализација, филозофија и изненадување, но збор кој најдобро го обележува е управување, затоа што клучевите на овој живот, овие луѓе секогаш ги држат во сопствени раце.