Единаесетти знак на Зодијакот и трет воздушен. Фиксен, машки, позитивен, активен. Со Водолијата владее Уран, а како совладетел го има и Сатурн. Во Водолија егзалтиран е Нептун, а Сонцето е во прогон. Во природниот Хороскоп управува со единаесеттата куќа. Сонцето низ овој зодијачки знак поминува секоја година помеѓе 20.01 и 19.02.

Ликот кој ја претставува Водолијата, е совршено човечко сусштество, мудар старец кој носи една или две амфори, од кои истекува вода. Но таа вода е и воздух и вода, таа содржи флуид на воздушниот океан во кој живееме. Таа ја напојува душата и додека во Близнаците воздухот е во движење, а во Вага тоа е срце што лебди, овде воздухот е она што ја обединува заедницата. Водолијата се стреми кон напредок, но и кон авантура. Карактеристика на Водолијата е алтруизмот.

Особини на луѓето со нагласен знак на Водолија (Сонце, месечина, Асцендент или група на планети во овој знак). Позитивни особини: независност, толеанција, индивидуалност, хуманост, алтруизам, интелектуалност. Негативни особини: непредвидливост, ладнокрвност, крутост, ексцентричност, безличност, бунтовност. Луѓето родени во знакот на Водолија се луѓе на планетата Уран, на прв поглед мирни и тивки, љубезни и драги соседи. Но и многу се необични и со неочекувани постапки. Тоа се луѓе кои целиот живот фрлаат камчиња во матните и бајати животни бари на својата околина. Сепак овие луѓе тоа го работат од љубов и љубопитност. Со отсутен, неодреден поглед на очите, вешто го прикриваат своето ѕиркање во вашиот живот. Истовремено, заљубени во сопствената слобода, недозволуваат никому да погледне во нивниот живот. Директни и љубопитни, овие луѓе можат да бидат и нежни и сочувствителни. Многу астролози непропуштаат да спомнат дека преку 70% од генијалците имаат во овој знак или Сонце или Асцендент. Секогаш да се биде пред своето време е одлика на Водолијата. Тие живеат онака како што ќе живее останатиот свет после неколку децении.

Кај Водолиите, што се однесува до физичкиот изглед, доминираат два типа-боженствен и демонски. Боженствениот тип е убав, пријатен, со мал нос, со жисти отворени очи. Демонскиот тип е грд, своеглав, кукаст, голем, грбав нос, свински продорни очи. Човекот Водолија секогаш е посебен, често малку повисок, кога оди како да се прикрадува. Погледот му е или како лотос или како црна точка, привлечен или бодликав.
И покрај тоа што Водолијата е знак на човечност, друштвеност и пријателство, човекот на овој знак секогаш и пред се е индивидуалец. Во овој случај не се работи за контрадикција затоа што за да се остварат целите на Водолијата (братство, еднаквост, трагање по смислата) и најпосле истите да се остварат во заедницата, најпрво треба да се пронајдат во сопствените поединечни животи.

Занимања кои најмногу им одговараат на овие луѓе се: иноватор, пророк, елеклтричар, авијатичар, научник (посебно за природните науки), програмер, уметник, театарски работник, писател и социјален работник.

Ова е знак на знаење затоа што владее со ѕвездите, па така и Астрологијата е сместена во Водолија. Човекот овде е човек свесен на својата човечност, спремен да се развие, од сиромашна еднина да стане полнина, односно човештво. Секако сеуште многу луѓе Водолии се далеку од она што го сметаме за совршено. Но она што ги издвојува од другите е спознанието дека совршенството сепак постои и дека треба да се достигне. Толку спомнуваното братство го измислила Водолијата, а исто така и другарството. Ако некому овие зборови му звучат потрошени тоа сигурно не е заради луѓето од овој знак, тие тоа сигурно не го направиле. Размислувањето на Водолијата е тековно, тоа струи низ воздухот, се вовлекува во групата која ја опкружува. Повеќе отколку било кој друг човекот роден во овој знак настојува идеалите да ги направи реални. Она што мора да го научи е да го воочи вистинскиот живот на општеството во кое живее, за да може да му го понуди сопствениот модел на раст на колективната свест. Главни зборови на луѓето на овој знак се: фантазија, независност, оригиналност, алтруизам, но најмногу им прилега еден убав и често многу болен збор-вистина.