Живот излезе од морето....Последниот знак на Зодијакот претставувајќи крај на циклусот и  најавувајќи го новиот почеток. Рибите го прават човекот подобар, поправајќи ја неговата душа под море од чувства. Но Рибите се и знак на болките оние кои не тераат напред во развој. Приказната за Рибите е приказна за верата: во Бог и љубовта. Бидејќи за нив тоа е едно исто. Најразвиените луѓе на овој знак се вистински учители. Мудро и трпеливо не подучуваат сите нас на севкупна љубов, љубовна вода која се вовлекува во сите пори на нашето битие. Рибите разбираат се бидејќи веќе биле се. Но затоа и се простуваат.
Луѓето Риби со уметнички способности извлекуваат инспирации од длабочините на непознатиот, рационално необјасливиот извор. Овај знак често е нагласен (или барем неговиот владетел Нептун) во картите на раѓањето на големите сликари, музичари, поети, уметници воопшто. Се на се ова се луѓе- сложувалки, за себе и за другите. Општествено ориентирани на помагање на оние на кои му е потешко одколку на нив самите, а такви секако секогаш има, губат насока во својот живот незнаеќи да постават граници каде завршуваат тие, а каде почнува некој друг. Нивниот увид во туѓите страдања е толку директен што се чини дека тие повеѓе страдаат  од оној кој страда. Самосожалувањето е една од најголемите слабости на овој знак. Како да е нормално овие луѓе да се нарекуваат „страдни Риби“, па дури и тие самите се нивикнуваат на таквиот израз. Нивниот карактер е доста тежок и неразбирлив за другите. Склони кон таинственост, непознато, религиозни длабоко до дното на своето битие тие не прашуваат каков е Бог и дали постои воопшто. Тие веруваат и тоа им е сосема доволно. Љубовта е нивната природна состојба иако во неа често немаат среќа. Бидејќи трпението го сметаат за нивен составен дел, одбиваат да постават сопствени барања. Интересно е тоа што и покрај ранливоста  кај овој  знак секогаш постои некаква маска. Молчаливоста е одлика на овој знак, но ако зборуваат повеќе од обично тоа значи дека нешто сакаат да сокријат. Секогаш постои длабока потреба за спасување на себе си и другите. Тежнеењето кон идеали што е Нептуново страдање, ги одалечува овие луѓе од нив самите, а често и ги воведува во некаков облик на зависност. Овој знак е со најголем број на алкохоличари, наркомани, и луѓе со психосоматски тешкотии. Жртвувањето е клучниот збор за нивниот став кон животот. Но нивната најколема моќ е во интуитивната способност да го разликуваат доброто од лошото. На крај еве еден совет од една мудра Риба, поет H.W. Longfellow (27.2.1807) „ Ајде, погледни во срцето и – пишувај„  Да,  пишувајте Риби, или пеете, или сликајте, но секогаш секогаш- сакајте“ Тоа е вашата задача на земјата.

ТОЈ: Ова е многу комплексна личност, исклучително е сензибилен и затворен во себе и во некој чуден свет. Како и секоја Риба живее под влијание на збиднувањата во својата околина и длабоко го проживува секој бурен настан. Затоа не е ни чудно, што голем број Риби се занимаваат со уметност, музика и танц. Мажот Риби е емотивен и романтичен, саканата личност ја опсипува со нежности, така што таа навистина се чувствува како нешто исклучително. Проблем е единствено тоа што такви личности ги има повеќе, затоа што мажот Риби е склон кон заљубување и познат е по својата љубов према се што е убаво. Добра особина му е што е молчелив, Нераскажува за својот љубовен живот и не се фали со успесите кај спротивниот пол, па затоа често пати е мета на мажени жени. Не е нападно љубоморен, некогаш покажува навистина ретка толеранција. Неверството на партнерката го проживува длабоко во себе, страда неговото срце, а не неговото его. Тој пак самиот најчесто е неверен или подобро кажано непостојан, па затоа не се препорачува на љубоморни и посесивни жени. Една паметна жена Астролог во една прилика напишала: Во минатото на секоја жена постои маж Риби. Иако Скорпијата е на глас заради својата љубовна вештина и страстите, мажот Риба е поуспешен кај жените. Тоа е едноставно затоа што продира до душата со единствениот можен начин, со потполно предавање на жената која ја сака. Мажот Риби сака многу и се разбира често, а што е уште поважно тој тоа го прифаќа како дел на својата личност не обидувајќи се од него да побегне. Овој маж е идеалиста со огромни емотивни потреби. Често привлекува постара, финансиски и деловно успешна жена, некој кој ќе управува и со својот и со неговиот живот. Како ќе го препознаете? Едноставно, полека се движи, носејќе во едната рака шише вино, а во другата цвеќе, со тажно лице и шаренило на постелата во очите зборувајќи: “Жените не ме разбираат”, што е најчесто и точно. Но точно е и дека го сакаат и тешко му одолеваат. Од друга страна, ако во животот ви е потребна помош, обратете му се на овој човек. Ќе знае да ве убеди дека вашите проблеми се беззначајни во споредба со неговата животна приказна. И сето тоа залиено со чаша вино. Заедничка особина на сите мажи Риби е интересот за секс. Тие се заљубливи, романтични, мистични, сентиментални, поетични. Тој се сонувач на Зодијакот, со кого може да биде прекрасно, ноза жал не многу долго.

ТАА: На жената Риби потребна и  е топлина и нежност за нормално да функционира. Изразено е сензибилна, романтична и без предрасуди во сексот. Најчесто многу рано стекнува љубовни искуства, а ако тие се незадоволителни и фрустрирачки, со нив ќе биде обележана за целиот живот. Жената Риби секогаш реагира инстиктивно и интуитивно, не се раководи според логиката, материјалните вредности и надворешниот изглед. Со задоволство и многу често им се препушта на фантазијата и романтичните сонувања, живее во облаците, а враќањето на земјата (во реалноста) за нејзе е многу болно. Склона е кон идеализирање, посебно при изборот на животниот партнер. Доцна го согледува она што на другите им е јасно од самиот почеток. Кога е изневерена, таа длабоко страда и се повлекува во осаменост, но многу брзо и му простува на партнерот. Жената Риби  ќе направи се за да ја задржи саканата личност, затоа што воглавно, Рибите не можат да живеат сами. Таа е тип на жена и мајка жртва, многу е ранлива и осетлива на сите видови надворешни влијанија. Да ова е ангел, жена на чие раме ќе можете мирно да плачете. Музиката на нејзината душа толку е занесна што ќе ви треба многу време да сватите дека овде сепак се работи за двотелесен знак. Затоа, додека некои композиции можат да ве понесат до небеските височини, други пак звуци ќе ве турнат во страдање. Со оваа жена е се можно. Нејзините сексуални навики скоро секогаш се закоренети во доживувањата од детството. Дури и кога нејзиното детство било привидно среќно, оваа жена го носи со себе чувството на неразбирање, несигурност и недоволна вредност. Жената Риби го поседува она вистинско знаење - знаењето на срцето; и немојте да и го замаглувате. Склона кон повлекување во своите чувства, таа бавно сваќа колку е самата одговорна за својата судбина која толку лесно ја нарекува несреќна. Живееќи со години во некој љубовен затвор, трпејќи ги понижувањата и жртвувајќи се, тешко ја прифаќа вистината дека клучевите од својот затвор ги чувала во џепот. Потребен и е маж кој ќе ја води, но чесен и чувствителен. Малку која жена може со толку снага да се приближи на својот маж од соништата. Но тој треба да биде силен, стрплив, доволно паметен и брз да успее да ги препознае моментите во кои таа заради вродениот очај ќе се обиде да побегне во алкохол, дроги или погрешен кревет. На оваа жена многу и е потребна љубов. А, ако не сте способни да и ја пружите во доволни количини, ако не сте способни да ја нахраните нејзината несигурност, не приближувајте и се. Можете целиот живот да ја носите на душа.