КАДЕ ИЗЛЕГУВАТЕ


Секој знак одбира локал за излегување: Овенот сака бучни места, Скорпијата мрачни, Бикот сака богата трпеза, а Вагата примамлив интериер. Кенлерите најмногу мразат гости Јарци, а најмнбогу ги сакаат гостите Риби кои можат лесно да ги пренесат жедни преку вода.

ОВЕН
Овенот обожава бучни, преполни ресторани и зачадени кафулиња. Доколку музиката не трешти како грмотевица, нему ќе му биде смртно досадно. Сејкој прав Овен доживува врв на своето уживање кога ќе почне тепачка. Тогаш тој намиреа може да разбие неколку чаши или да го удри некого со цела сила, без никаква причина. Едноставно, тоа е еден од начините кои Овновите ја трошат својата енергија. Подеднакво го мразат и сопствениците и келнерите. Многу гости ќе го напуштат локалот уште кога ќе го здогледаат на вратата.

БИК
Биковите се најблагодарни и секако најдраги гости на сите ресторани. Како земјен знак Бикот ужива во јадењето, јади се и тоа во големи количини. Најомилени му се поелегантни кафулиња, по можност со удобни тапацирани столици кои не предизвикуваат болки во рбетот. Често се зањубуваат во келнерите и келнерките, шанкерите и секако во куварите, па се во состојба во некој локал да поминат и по дванаесет часа дневно. Останатите дванаесет часа ги поминуваат в кревет спиејќи.

БЛИЗНАЦИ
Луѓето родени во овој знак најчесто можете да ги сретнете во Мекдоналдс рестораните или на слични места каде се јади на брзина. Сака хамбургер, помфрит, рибчиња, сладолед и фрапе и тоа се истовремено. Често ги менуваат локалите, барајќи нови жртви за давење со муабети. Најмногу од се сака да стои на шанк и да прикажува и тоа било со кого па дури и со самиот себеси. На келнерите постојано им оди на нерви затоа што сигурно неможе да испие толку колку што кажува.

РАК
Овој знак обожава мирни ресторани со убава музика и со запалена свеќа на масата. Музиката мора да биде тивка, а јадењето по можност од традиционалната кујна. Се разбира секогаш го води партнерот со себе кого потоа цела вечер го гледа со заводнички погледи. Истовремено и непрестано го држи за рака така да ни едниот ни другиот не успеваат ништо да каснат. Кога јадењето ќе се олади, Ракот на крајот заклучува дека неговата мајка сепак најдобро готви. Сепак секогаш се враќа во истиот ресторан.

ЛАВ
Лавот и во рестораните и во кафулињата влегува облечен како да доаѓа од модна ревија. Куварите и келнерите не го поднесуваат затоа што секогаш бара некое јадњење за кое никој никогаш не слушал или пак некој егзотичен коктел кој никогаш не му е добро спремен. Совет за келнерите: Најлесен начин да се отарасите е служајно да му ја истурите супата на нозете или да го натурите со вино. Истиот момент ќе истрча дома да се преслечи. Не грижете се, никогаш нема да ви донесе сметка од хемиското чистење, затоа што тоа му е испод чест.

ДЕВИЦА
Девиците се вистинска ноќна мора за сите келнери. Освен тоа што бараат супа со точно одредена температура, геометриски сечени парчиња компири, совршен облик на пењата во капучиното, туку и си носат прибор за јадење од дома. Нема да седнат на маса ако на чаршафите има макар една флека. Сметката неколку пати ќе ја проверат пред да платат и секако дека ќе ја понесат со себе. Совет за келнерите, кои сакаат да се оттарасат од Девиците: барајте им бакшиш.

ВАГА
Вагите се најмногу склони да одат на места каде јадењето и пиењето се служи во убави садови, каде постои прекрасно WC со огромно добро осветлено огледало. Како гости прилично се незгодни затоа што им намигнуваат на сите келнери, кувари но и на гостите на соседните маси, без оглед на нивната бра чна состојба. Оние пак кои се наоѓаат на нивната маса цело време ги гибаат со ногата. Келнерите ги мразат затоа што тешко се одлучуваат што да порачат, а кога ќе ја добијат храната секако дека не се задоволни од сервирањето.

СКОРПИЈА
Скорпијата обожава мрачни подземни локали и ресторани со пригушена светлина за да може на мира да ги штипи келнерите и келнерките, но исто така и некој(а) од гостите.  Пие во неограничени количини, но на сеопшта жалост никогаш не му е лошо од пиењето. Ако не го измами келнерот излегувањето го смета за пропаднато.

СТРЕЛЕЦ
На Стрелецот најомилени му се рестораните на некоја странска кујна. Пр: Грчка, Мексиканска и сл. Кинеските ресторани не ги сакаат баш многу затоа што никако неможат да се научат да јадат со стапчиња. Во кафулињата многу не го трпат затоа што постојано брзаат од едниот крај до другиот, така што на сите ќе му се врти во главата освен нему. Бара жртви за разговор, на кои ќе му докажува колку е паметен и богат со знаење. Кога ќе го научат неговиот карактер и почнат да го избегнуваат, го менува локалот. И гостите и послугата едвај чекаат да си замине. Најомилени им се секако казината и клубовите за карти.

ЈАРЕЦ
Јарецот е најомразениот гостин во сите ресторани и кафулиња, од кои навистина никој нема никаква корист: пие само минерална вода и јаде супа со една кнедла. Секако дека прво ќе праша што е најефтино од храната и пијалакот пред да порача. Тешко можете да го измамите, никогаш не дава бакшиш. Од Јарецот не треба да се очекува да чести, освен ако сте порачале кафе или чај. На сеопшта жалост се задржува и по неколку часа.

ВОДОЛИЈА
Најмногу сака да ги посетува работничките мензи и останатите места каде што храната се добива од заеднички казан. Доколку се одлучат да ручаат во ресторан, најчесто одат во вегетаријанските и тоа не за друго, туку за да го одржат оригиналниот стил. Во кафулињата не го сакаат затоа што освен што невкусно се облекува, туку и упорно се обидува да ги фасцинира послугата и гостите. Најчесто го исфрлаат после половина час, но добро е примен во помодерните и авангардни места.

РИБИ
Рибите се прототип на идеален гостин. Мирни се со израз на лицето кои оддава или занесена среќа или болежлива меланхолија. Со сонувачки поглед зјапа во менито како во најдрага збирка на песни. Од срам порачува поскапи јадења, иако му се допаѓа нешто поефтино. Идеална жртва е на корумпираните келнери, а многу често не бара кусур, повторно од срам. Секој пат се измамени.