Како најлесно да раскинете со партнерот

Љубовта често станува насилна и здодевна или едноставно, по кратко или долго време, сваќаме дека не сме го пронашле „онај“ вистинскиот. Со помош на астролошката анализа на карактерите, откријте на кое место и на кој начин најлесно ќе ја прекинете врската со вашиот партнер.Со среќа, но уште еднаш добро размислете - можеби вистинскиот го имате.

Овен
Ако е Овенот тој кој сака да раскине, тогаш нема проблеми, веќе заминал. Тој без двоумење ќе ви објасни во што е работата, со толку внимание колку е потребно да не ве навреди. Ако вие сакате да ја прекинете врската, постапете на ист начин, само да е искрено. Лесно е да се прекине авантура со Овен, но тоа не е случај со бракот. Овенот не прифаќа да се префрли во иднина која ветува заборав, станува потполно изгубен и ја губи верата во жиотот. Подобро да го присилите да замини. Ако се работи за маж, поминувајте многу време во купатило, шминкајќи се и дотерувајќи се. Ако се работи за жена зборувајте и постојано да ја праша својата мајка за совет.


Бик
Ако сакате да напуштите Бик, тоа не е сигурен потфат и омајте на ум дека тој ужасно ќе биде несреќен и дека ќе ви биде потребно срце од камен за да не ве трогнат неговите зборови. Најдобро решение е да го доведете во ситуација кога од се му е доста и да ги превземи првите чекори. Како тоа да го направите.
-Ако се работи за маж, ставете го на диета со конзерви. Ако се работи за жена бројте и ги калориите.
-Исмејувајте го нејзиниот стил на облекување, нејзиното однесување и нејзиниот изглед.
-Подигнете му ги сите пари од кредитната картичка.
-Отворено потценувајте ги неговите пријатели и роднини.


Близнаци
Тоа е многу едноставно. Доволно е да не го оставате да дише и да воспоставува односи со околината за да замине. Истото може да го предизвика и вашата претерана љубов и вашата потреба да го поделите се она што е важно во неговиот живот. Не е посебно тешко да се раскине врската со Близнаци затоа што не се досадни. Во случај тоа да ви преставува проблем што би било чудно, постапете на еден од следните начини. Отворајте ги и читајте ги неговите мејлови или потрудете се да го хакнете неговиот фејсбук профил. Животот без комуникација за нив нема смисла.


Рак
Прекинувањето на врската со Рак не е сосема јасна. Ако тој ве напушта ни самиот не знае зошто, ќе биде неодлучен дали да оди или не. Ако вие го напуштате, бидете спремни на сцени полни со солзи и тага. Треба два пати да размислете пред да воспоставите однос со Ракот кој е повеќе од пријателски. Ако сте во брак оставете му се и одлучно заминете, во спротивно ќе се надева на вашето враќање. Ако сакате да замине доцнете од работа, посветувајте им повеќе внимание на пријателите и други неважни работи, а грижата за домот занемарете ја. Ако е жена, префрлајте и дека не знае да готви и да одржува хигиена во домот.


Лав
Лавот никогаш не се впушта лесно во врска без иднина. Смета дека ако ве одбрал за партнер, ве одбрал и за брачен другар. Не е од оние личности кои флертуваат. Љубовта за него е проблем кон кој сериозно пристапува. Ако е измамен нема потреба од објаснувања бидејќи Лавовите не сакаат да опростуваат. Кога се работи за нивната чест и достоинство не прават исклучоци. Тоа и ви е најлесен начин да ги откачите. Моментот на раскинување е непријатен за Лавовите затоа што тоа го сметааат за личен неуспех, меѓутоа колку и да страда тоа нема да го покаже. Во овие ситуации Лавот сака да се однесува како доста храбра личнност.


Девица
Тоа не е драматично. Можете да раскинете без многу болка и сцени, само треба да го одберете правиот момент. Типичните Девици се премногу срамежливи за да се впуштаат во стравствени врски. Колку да сте искрени и пријатни и колку да избегнувате да се поигрувате со нејзините чуства, Девицата ќе ви остане добар пријател. Ако сакате да прекинете со Девица, трошете ги парите на непотребни луксузни средства. Зборувајте пред сите за нејзините сексуални подвизи со сладострасен израз на лицето. Критикувајте ги често, пред се за нивната ситничавост. Зборувајте им дека недоволно одржуваат хигиена и дека лошо се облекуваат.


Вага
Вагата е знак на соединување, па затоа секое разидување и секое раскинување и ја пореметува рамнотежата. Стравот од прекинување на врската може да ја доведе до живот во погрешни околности, да живее со некого кој не го сака само за да го зачува својето душевно единство. Постојат статистички податоци дека Девицата и Вагата се знаци кои најмалку се разведуваат. За да ве напушти Вага треба навистина да се однесувате грозно, да бидете прости и вулгарни. Со вакво однесување Вагата ќе биде разочарана, а потоа ќе најде замена бидејќи за неа нема ништо полошо од осаменоста. Ако сакате да замине досадувајте и, расправајте се со сите и кога не сте во право.


Скорпија
Немојте да размислувате околу начинот како да раскинете со Скорпија. Таа е премногу интуитивна, брзо ќе сфати и ќе ве принуди тоа да го кажете. И да е заљубена во вас нема да се потруди да ве задржи, бидејќи премногу верува во судбина за да направи нешто такво. Воглавно Скорпиите се тие кои раскинуваат бидејќи не сакаат да гледаат како врската се претвора во навика и станува досадна. За тоа да го постигнете можете де ја запрашате што ќе направи ако случајно раскинете. Ова ќе го сфати сериозно. Ако сакате вие да заминете бидете чесни во тоа. Скорпијата е одмазник и ќе најде начин да ви врати во поголема мера.


Стрелец
Стрелецот брзо се заситува во врската и ретко е жртва на сентиментални разочарувања затоа што тој секогаш прв заминува. Стрелецот е чувствителен, но не и осетлив и не е долго разочаран ако го напуштите. Често се случува да замине без да каже, а при тоа да си најде адекватна замена за неговото срце и начинот на живот кој го живее. Затоа, вашето раскинување без даја кажете причината, за него нема да претставува никаков проблем. Но треба да знаете, дека тој го сака она што му бега и тоа што го напуштате само го зголемува интересирањето за вас. Ако сакате да го натерате да замине загрозувајте го неговото чувство за слобода, потсмевајте му се на неговите идеали и споредувајте го со други на негова штета.


Јарец
Немојте ни да помислете дека прв ќе замине. За тоа да го направи треба навистина да го измалтретирате. Стрпливиот Јарец е во состојба да ја проголта секоја навреда, но внимавајте ќе ви се одмазди подоцна, тој ништо не заборава. Ако го оставите, многу страда и тоа долго и не сака да го тешат, кај него тоа не делува. Ако е изневерен повеќе сака да не знае за тоа, но кога е присилен да ги отвори очите тоа е вистинска драма. Изгледа дека е најпаметно да избегнувате врска со Јарец, ако не сте сигурни дека нема да погледнувате од страна. За да го натерате да замине навредувајте го, исмејувајте го, критигувајте го и немојте да водите сметка за неговите навики.


Водолија
Раскинувањето со Водолија може да биде многу лесна работа. Ако ја напуштате ќе ви посака среќа и ќе замине на своја страна. Во спротивно ако таа замине, тоа ќе биде помалку непосредно затоа што се плаши да не повреди некого. Се поставува прашање дали одлучно треба да ја прекинете врската или да ја натерате да побегне. Начинот е едноставен, доволно е да и се мешате во нејзините мисли и разговори. Да ја прашувате каде била во одредено време, со кого била, да ја распрашувате за нејзините чувства кон пријателите од спротивниот пол и барајте од неа конкретно да ги докаже своите идеали.


Риби
Не помислувајте да стапувате во љубовна врска со родените во овој знак ако немате озбилни намери, бидејќи раскинувањето е ужасно. Ако Рибите први заминуваат тоа личи на бекство со постојано враќање, страсни смирувања и необјаснива рамнодушност. Рибите кои заминуваат без грижа на совест, се врзуваат за оној кој им значи, но сака да ги остави. Ако сакате вие да ги напуштите навистина треба да сте безкрупулозен, а тоа е навистина подвиг. Се ќе сторат за да ве вратат. Подобро е да се обидете да ги натерате тие да ве напуштат, што и тоа е навистина подвиг. Треба да сте навистина неподносливи што и самите не ќе можете да се трпите за тоа да го постигнете.