ПОДАРОЦИ


Купувањето подароци често претставува проблем, посебно за личности кои не ги познаваме добро. Некои се задоволуваат со симболични подароци, но некои обрнуваат внимание и на вредноста. Други пак ќе бидат задоволни со изборот. Во прилогот кој следи, преку хороскопот, ќе се обидеме да ви помогнеме во изборот на подарок..

Овен
podaroci za oven Подарете им нешто ново и модерно, во црвена боја. Тоа се личности кои секогаш сакаат да имаат први нешто што штотуку се појавило. Сакаат игри од било кој вид, а кои претставуваат вистински предизвик: воени игри, нешто што е во врска со војската, гласна музика полна со ритам. Добри идеи се исто така: црвено цвеќе, црвен сатен или рубин како скапоцен камен. Бидејќи Овенот владее со главата, добар подарок би бил било каков украс за коса или обетки. Сака лични предмети со втиснато име или монограм. Подарокот треба да биде спакуван во нешто светликаво, и дајте им го веднаш затоа што не сакаат да чекаат. Колекциите кои имаат врска со метал, оган или некој вид на борба ќе го привлечат вниманието на личностите родени во овој знак. Тоа можат да бидат кутии од кибрит, украсни свеќи, месингани предмети, ножеви и пиштоли, предмети поврзани со тутунот, како на пример антички вреќички за чување на тутун или табакери.

Бик
podaroci za oven Сакаат подароци кои дејствуваат на сите нивни сетила. Пронајдете нешто што звучи, мириса, изгледа добро, или е вкусно. Во секој случај нека биде нешто квалитетно. Овие личности ја знаат вредноста на се и ќе им биде позната дури и цената на подарокот. Најпогодни се разни растенија, скапоцени камења, кристали, крзно и кашмир. Сигурен погодок секогаш е нешто во врска со музиката. Личностите од овој знак  повеќе сакаат конкретен подарок, материјален доказ дека нешто ви значи. Бидејќи сакаат да собираат драгоцености, како и пари, подарете им паричник со многу прегради за кредитни картички. Тоа често ќе го користат. Музички инструменти, музички ЦД, ѕвончиња, кутии за шминки, огледала, стара облека, сето тоа го привлекува вниманието на родените во знакот на Бик. Друга можност е се што е во врска со текстилот, приборот за шиење, копчиња, потоа вазнички, садови за шеќер или бомбони. Заради посебната поврзаност на Бикот со земјата, може даим поклоните и бонсаи-дрва, орхидеи, суви ружи или саксии за цвеќе.

Близнаци
podaroci za oven Им одговараат подароци кои се во согласностсо нивните ментални интересирања и хобии. Тоа се личности кои ќе знаат да ја ценат вашата снаодливост. Бирањето на подарокот за нив  е забавно. Сакаат најнови книги или модерни уреди. Добра идеа е дигитален фотоапарат за да можат да ги забележат своите авантури. Со оглед на тоа што Близнаците сакаат да работет повеќе работи истовремено, купете им мобилен телефон. Бидејќи Близнаците владеат со рацете, подароци кои доаѓаат во предвид за жени се прстени, ракавици или некаков  прибор, но сето тоа со модерен и интересен дизајн. Близнаците ќе бидат задоволни и со неколку мали подароци, наместо со еден голем. Тоа можат да бидат стрипови, марки, книги, потпирачи за книги, мастилници и сл. исто така доаѓаат во предмет и разгледници, мали ветерници, играчки на ветар, притискувачи за хартија, но во секој случај тоа се работи кои лесно се пренесуваат и не завземаат многу простор. Близнаците никако не сакат неред. При пакувањето на подарокот обратете внимание да биде на необичен начин, ништо досадно и традиционално.

Рак
podaroci za oven Се што има врска со храна и куќа  сигурно ќе биде добар подарок. Исто така сакаат чамци и се што е во врска со море, па можете да ги израдувате со макета на едрењак. Многу се емотивни, па затоа подарокот треба да биде на некој начин романтичен и сентиментален и да покаже дека навистина ви значи оваа личност. Сака антички предмети. Секогаш ќе ги израдуваат корали, школки, бисери, фин кристал и сребро. Најчесто се добри фотографи, па можете да им подарите рамка за фотографија, албум, проектори и сл. Овие личности се колекционери, па затоа дознајте што собираат и набавете им некој редок примерок. Заедно со подарокот напишете им нешто лично. Колекциите грижливо ги чуваат и обично ги имаат неколку. Оние кои ги наследиле од својата мајка или баба многу им значат, па нешто во тој стил може многу да ги израдува како на пример: кујнски предмети, соларници, чинии, шолји, бокали и лажици, шишиња или разни карирани предмети, стари фотографии и камери, сребрен накит или разни предмети со мачка како мотив.

Лав
podaroci za oven Водич нека ви биде квалитетот на сончевиот знак, што значи подарокот мора да биде светликав или сјаен, нешто со што ќе се фалат. Можете да ги одведете во некој спа центар и да им посветите специјално внимание. Сјајот ќе го постигнете со златен накит или крзно. Исто така им одговараат: козметика, огледала, убави жетки за коса, златно пенкало, кутија шампањско, постелнина од сомот, луксузна долна облека или чипка. Сакаат свои фотографии и портрети. Подарокот мора да биде супер спакован, задржете го нивото до крај. Хартијата може да биде со ѕвездички  и со многу ленти, да остави впечаток. На крајот, ставете голема честитка со порака полна со обожавање. Светот на гламурот и забавата се клуч за избор на вистински подарок. Лавовите исто така сакаат стари радиоапарати, театарски плакати, спомени на славни личности, кукли, играчки, златен накит, уметнички предмети и ситни нешта кои го идеализираат детството. Потоа, доаѓаат во предвид предмети кои се поврзани со спортот или одморот, или пак предмети од обоено стакло со упадливи шари и живи бои (витражи), разни видови на фенери и ламби. Лавовите сакаат светло, бои и топлина.

Девица
podaroci za oven Сакаат практични, корисни подароци - ништо што е пренагласено и екстравагантно. Најмногу сакаат книги, но има теми кои посебно ги интересираат. Одберете здрави работи, кои имаат врска со диета, со добар изглед, или со самоподобрување. Девиците исто така ги интересираат разни технички помагала, компјутери, компјутерски програми, било каков часовник, затоа што многу ја ценат точноста, потоа мобилни телефони, метли направени од различни дрва, украсни или обични, потоа плетени корпи, книги, честитки, антикни машини за пишување (машината за пишување е направена кога Сонцето било во Девица). Важно е да можат да се сместат на полица или кутија во која се е прегледно наредено.сл. Ќе бидат задоволни и со подарок  кој е во врска со чистотата, затоа што се педантни личности, односно било што за во купатило. Практични подароци се и прибор за пишување, или актенташна со убав дизајн. Доколку и купувате облека водете сметка да биде од природни влакна, со неутрални бои, ништо нападно. Она што е карактеристично за Девиците, без оглед на тоа што им подаруавте, е тоа дека подарокот треба да биде уредно сложен. Меѓу Девиците колекционери ќе сретнете такви кои собираат на пример: празни кутии од подароци, хартија за завиткување и сл.

Вага
podaroci za oven Било што да одберете мора да биде убаво. На Вагите им одговара облека, прибор, декоративни предмети и се што ја разубавува нивната околина од естетска гледна точка. Како подарок одговара и некоја вечерна гардероба, затоа што водат богат социјален живот и често одат на забави. Освен тоа можете да им подарите и интересни книги, уметнички предмети, членство во некој музеј, билет за некој културен настан, но ништо што е премногу гласно или екстремно во било кој поглед. Скапоцен камен со розова боја исто така одговара како подарок. Можат да ги заинтересираат разни минијатури, накит, бисери, лакирани кутии, реставрирани антикни кукли, предмети поврзани со венчавки, како и разни предмети со мотив на птици, со оглед на тоа дека Вагата е воздушен знак што укажува на врска на овие личности со летањето или пердувите. Слики и скулптури се интересни за сите Ваги. Освен тоа ова е романтичен знак, па најважно е нешто да им поклоните..

Скорпија
podaroci za oven Бидете таинствени скријте го подарокот, а на таа личност само посочете  и каде се наоѓа. Скорпиите сакаат црна кожа или крзно, мистериозни или шпијунски приказни, се што има врска со море. Ги интересираат предмети кои   служат за шпијунирање на другите, како што се мини камерите, било што со тајни прегради или комплицирани  брави. Сакаат убава постелнина, долна облека од црна чипка, нежни ткаенини. Ги привлекуваат таинствени предмети како што е кристална топка, мрачни и волшебни предмети и слично. Имено, родените во овој знак често се воодушевуваат на кожи од разни животни или предмети поврзани со гробишта, како што се месингани или камени епитафи. Скорпиите ќе ги заинтересираат детективските приказни, старите пари, предмети кои се поврзани со војните, како што се медали, шлемови, оклопи. Потоа доаѓаат во предвид статуи на чудовишта или вампири, митски фигури, талисмани кои имаат своја историја и чудесна моќ, маски на примитивни народи, односно маски кои тие ги ставале на мртвите за да би ги плашеле духовите или сеништата, како и предмети со антички египетки мотиви.

Стрелец
podaroci za oven Ова се личности кои најголем дел од времето го поминуваат надвор од дома, на отворен простор. Стрелците најнапред ќе ги привлечат религиозни предмети како што се статуи на светци, икони, круни, но и тарот карти, знамиња мапи, фигури на коњ или куче предмети поврзани со дивиот запад или други далечни земји. Бидејќи во секој Стрелец се крие потенцијален промотер или трговец оваа страна на нивната природа ќе ги задоволи колекциите од типот на конзерви од Кока - Кола, Киндер јајца или нешто слично на тоа. Идеална е разна спортска опрема, организирање на авантуристички патувања, смешни подароци или подароци за нивните миленичиња - животните. Имаат афинитет кон далечни пространства - Ориентот, Африка, Индија, па подарете им нешто од таму. Нивни најомилени бои се пурпурна, кралско жолта, маринско сина и бела. Од причина што се во постојано движење, сакаат патни торби, будилници, книги кои ќе ги читаат по патот и многу други работи кои се во врска со патувања.

Јарец
podaroci za oven Сака отмени, конзервативни подароци, обавезно од некоја позната фирма, купени во најдобрата продавница во градот. Купете им нешто за нивниот имиџ. Обично сакаат шпански работи, фламенко или танго музика. Што се однесува до книгите, ги интересираат биографии на славни и богати личности, или ккниги за тоа како да успеат воживотот. Можете да им купите нешто што ќе им користи во работата, но ништо претерано и блескаво. Личностите од овој знак подарокот го разбираат многу сериозно. Од минералите ги сакаат малахитот и ониксот. Тоа можатр да бидат кристали минерали, скапоцените камења се идеални за овој колекционер за тоа што за нив е поврзана доволно традиција и фактот што ги прави поинтересни, како предмети кои можат да се купат и препродадат. Некои Јарците најчесто се поврзани со политиката па можат да им бидат интересни некои политички плакати или беџеви и значки од нивната омилена партија. Потоа доаѓаат во предвид часовници, рачни или ѕидни, вредни предмети од резбарено дрво, стар намештај.

Водолија
podaroci za oven Изненадете ја Водолијата со некој конвенционален подарок, но запакуван на најнеобичен начин - на пр. крзнено палто во кеса за ѓубре. Тие се воодушевуваат на оригиналност. Ништо вообичаено не доаѓа во предвид. Ако не можете да се одлучите предлагаме некој дигитален апарат или УСБ-стик, или кристал од аметист. Книгата како подарок треба да има тема од иновација, ментална авантура, научна фантастика, астрономија, политика, астрологија или окултизам. Им се допаѓаат светли бои, посебно сина и апстрактен дизајн. Исто така интересни можат да бидат предмети поврзани за поедини народи и култури, на пр. предмети на американските Индијанци. Често симболот на овој знак Водоносецот е претставен како ангел, па така и меѓу припадниците на овој знак има такви кои се гордеат на своите колекции на предмети со мотиви на ангели. Тоа ја објаснува врската со небеската енергија и чистотија. Можат да ги заинтересираат предмети со мотиви на виножито, кристали, како и се што е поврзано со првите авиони, мали апарати, балони за летање, астрономија и вселената воопшто.

Риби
podaroci za oven За нив подароците мора да имаат елементи на фантазија, магија и романтика. Рибите сакаат мистични подароци, хорор литература и научна фантастика. Слушаат романтична музика и сакаат да читаат љубовни приказни. Многу ги ценат парфемите и миризливите масла за масажа. Рибите владеат со стопалата па затоа секој подарок во врска со нив ќе биде добар погодок. Рибите не гледаат на цената на подарокот кој го добиле, најважно им е подарокот да им бида драг. Во предвид доаѓаат и предмети кои се во било каква врска со морето, па дури и вечера со поглед на некоја водена површина. Можете да им купите и шампањско. Кон подарокот приклучете и љубовна песна. Исто така интересни можат да бидат морските школки, разни употребни предмети во облик на школки, но и примероци на ретки школки. Можат исто така да ги заинтересираат предмети врзани за брегот и бродовите. Како што Рибите се на посебен начин поврзани со играта и музиката, понекои од нив ќе се одлучат за собирање на предмети врзани за тоа како што се на пр. балетски патики, ѕвончиња, предмети врзани за фолклор. Рибите имаат склоност кон собирање на оригами, предмети од дувано стакло, или било кои други колекции на нежни и префинети предмети.