ПРЕД ФИЛМСКОТО ПЛАТНО


Се наоѓаме во зимски период, односно период кога најголе дел од времето го поминуваме дома. Добро би било да се прочита некоја книга, но бидејќи Македонците се познати како луѓе кои повеќето од времето го поминуваат пред малите екрани, еве неколку препораки за филмови кои можете да го погледте.

Овен
Хиперактивен и секогаш тврдоглавите Овнови до крајот ќе уживаат во глумечките дивеења на своите филмски јунаци, мачо мените Силвестер Сталоне, Брус Вилис, Џејсон Стејтам, идоли на сите тинејџери, а ќе се пали и на сексипилните жени како Џесика Алба, Анџелина Џоли. Поради својот огнен темперамент, типичниот Овен секогаш е жеден за акција. Во неговото срце секогаш има место за филмови каде херојството е главната тематика. Најдобриот филм на сите времиња, за овие луѓе, секако дека е Гладијатор од Ридли Скот. За овој период препорачуваме: Платеници 2 (The Expendables 2) и Елита на убиците (Killer Elite)

Бик
Овај тром земјен знак најмногу сака добра храна, удобен дом и комотна фотелја. Жените ќе се воодушеват од маестралниот Џек Николсон, Енергичниот Риџард Гир, а уште повеќе од Мел Гибсон. Во својата омилена фотелја, плус нешто за грицкање, ќе се препуштат на филмските калсици, озбилни драми и биографски филмови. Во предвид доаѓаат и добри хорор филмови. Нивниот најомилен филм е Казабланка со Хемфри Богарт. За овој период препорачуваме: Јадници (Les Misérables) и Невозможно (The Impossible).

Близнаци
Веселите Близнаци ги впиваат сите лудории на Еди Марф и Џим Кери. Лудиот професор го гледале неколку пати и пофторно се смеат како да им е прв пат. Позрелите Близнаци ќе паѓаат на стариот и прославениот мајстор Пол Њумен, а машките ќе ја обожаваат прекрасната богиња Мерилин Монро. За Близнаците се измислени комедиите од сите врсти, бидејќи никој како тие не се смеат и забавуваат. Исто така Близнаците се наклонети кон сите музички филмови, бидејќи го обожаваат танцот и движењето. За овој период препорачуваме: Pitch Perfect и This Is 40.

Рак
Топли, емотивни и верни луѓе, кои својата среќа ја пронаоѓаат во удобниот дом, окружени со многубројната фамилија најповеќе се врзани со домот и традицијата. Поради тоа сосема е природно што најмногу го сакаат Том Круз и Том Хенкс. Најомилени филмви за Раковите се мелодрамите, а по повеќе пати гледале филмовите Однесено со виорот и Сјај во тревата, и секој пат филмот го догледуваат со солзи. Оние поцврстите секако дека се одлучиле за филмот Спасувањето на војнико Рајан”. За овој период препорачуваме: Perfect Sense и The Vow.

Лав
Лавовите сакаат драматични филмови како и оние филмови пропратени со голема раскош. Нивниот идол е Арнолд Шварценегер, бидејќи симболизира моќ за која мечтаат сите нагласени Лавови. Припадниците на посилниот пол обожаваат плавокоси убавици, како на пример Џенифер Анистон или уште поубавата Мила Јовович. Најомилени филмови на сите Лавови им се оние со историска тематика, посебно монументални и грандиозни спектакли, меѓутоа ќе се пронајдат во сите акциони филмови. Нивниот најдобар филм е Небеско Кралство (Kingdom of Heaven), а за овој период им препорачуваме да ги погледааат филмовите: Линколн (Linkoln) и Арго (Argo).

Девица
Аналитичната и на прв поглед ладна Девица, во секој глумец ќе бара длабочина, ќе ја анализира до ситница неговата глума, така да нивниот вкус покрај сето ова тешко е да се задоволи. Сепак ќе се опушта гледајќи го Курт Расел или нежниот грубијан Едвард Нортон. Додека од жените најповеќе ќе ги импресионира интелегентната Џуди Фостер Натали Портман. Својата сложена пророда ќе ја задоволат со психолошки драми, а исто ќе ги заинтересираат сите добри документарни филмови. Нивниот најомилен филм им е Мементо (Memento). За овој период препорачуваме: Cloud Atlas и последниот дел од Борновиот идентитет (The Bourne Legacy).

Вага
Префинети, елегантни, заводливи и волшебни Ваги сакаат се што е убаво и удобно. Жените ќе ги фасцинира маестралниот Бред Пит и најмажествениот од сите Џерад Батлер. Овој воздушен знак сака мјузикли, бидејќи со нив може да танцува и пее, но исто така и добри љубовни филмови. За нив филмските класици од педесеттите години, во кои односите помеѓу половите се чисти и поштени се секогаш добро прифатени. Најомилен филм им е Празник во Рим со Одри Хепберн и Грегори Пек, бидејќи секоја Вага сака да биде принцеза. За овој период препорачуваме: Silver Linings Playbook и The Words.

Скорпија
Мистични, таинствени и опасни Скорпии воглавном се личности со длабоки чувства. Страствени, опседнати со сексот и смртта, сакаат исти такви филмови и глумци. Поради тоа совршено ќе ги сватат лудачките глумечки трансформации на Џек Николсон, а ќе ги одушеви прибраниот и опасен Ерик Бана. Еротичните машки Скорпии ќе мечтаат за Меган Фокс и Хали Бери, чии филмови ги гледаат и по неколку пати. Најомилен филм им е Очи широко затворени од Стенли Кубрик. За овој период препорачуваме: Killing Them Softly и Compliance.

Стрелец
Стрелците се најголеми авантуристи и патници. Машките ќе лудуваат за црвеникосата Никол Кидман, додека припадничките на женскиот пол ќе се восхитуваат на сексипилниот Леонардо Ди Каприо. Бидејќи Стрелецот е од ведра природа сака да гледа добри комедии, како и понекогаш и трилери. Меѓутоа најомилени филмови за Стрелците се авантуристичките и патописните репортажи од типот на Индијана Џонс, кои им го задоволуваат авантуристичкиот дух и желбата за далечни патувања. Но и покрај тоа, Матрикс за нив е најдобриот филм. За овој период Препорачуваме: Хобитот (The Hobbit) и Живото на Пи (Life of Pi).

Јарец
Водени од амбицијата и желбата за успех и моќ, Јарците сакаат историски и биографски филмови, посебно оние кои прикажуваат како треба да се оствари куп на пари. Сакаат и социјални теми, како и вестерни поради брзината и лудоста. Машките Јарци ги зачарува ледената кралица Грета Гарбо како и Мерил Стрип, заради нејзината озбилност и интелегенција. Најомилен филм им е Ерин Брокович од Стивен Содерберг. За овој период препорачуваме: Линколн (Linkoln) и Kon-Tiki.

Водолија
Водолиите се занесуваат со се што е необично и оригинално. Присталици се на авангардни филмови, додека својата радознала природа ќе ја задоволат и со гледање на добар авантуристички филм. Го обожаваат необичниот Жерард Департје, а од класиката го ценат стариот Хемфри Богард. Ги импресионираат и силни жени како Кејт Бланчет и Ума Турман. Најомилен филм(ови) им е Војна на ѕвездите од Џорџ Лукас, а секако дека им недостигаат сериите Ѕвездени патеки. За овој период препорачуваме: Игри на гладта (The Hunger Games) и Prometheus.

Риби
Овие нежни и суптилни души покренуваат голема љубов и болка. Гледаат скоро се на малите екрани, а сигурно ниту една не пропуштаат од турските серии. Жените Риби го обожаваат Кутр Расел како и заводливиот Брет Пит. Овие сентименталци најмогу сакаат мелодрами и драми со што повеќе солзи и емоции, но се интересираат и за мистериозни филмови. Најомилен филм на овој воден знак им е Казабланка , а сцената на разделба на Ингрид Бергман и Хемфри Богард ќе ја гледаат илјада пати трошејќи многу марамчиња за нос. За овој период препорачуваме: The Twilight Saga: Breaking Dawn - Part 2 и Anna Karenina.