НА УДАР ОД СУДБИНАТА



Најранливи се Раковите, најповеќе патат Водолиите, но затоа ништо неможе да го собори силниот Овен. Лавот за ништо на светот нема да го покажи своето скршено срце, а доколку сакате утеха ќе ј адобиете од Стрелецот-за него ништо не е толку црно колку што изгледа.

Овен
Ова е познат зодијачки палавко, кој не се помирува лесно со ударите на судбината, Ќе и инати и на најтешката болест, настојувајќи да докаже дека е посилен од неа и дека со ништо, освен со снагата и супериорноста не се разликува од останатите луѓе. Ќе ги поднесува и најтешките животни предизвици, Ќе го претрпи и најголемото предавство од пријателот, ќе се обиде да се привикне на загубата на саканата личност и ќе настојува да се однесува како ништо да не се случило. Едно сепак не може да поднесува, а тоа е да предизвикува сожалување. Тогаш станува раздразлив и агресивен и со многу врева и бес ќе настојува да го скри своето страдање.

Бик
По природа се наклонети кон меланхолично и тажно расположение и не се некакви херои кога се во прашање ударите на животот. И банална незгода ќе им го обои лицето со тмурна сенка, а големите загуби во животот ќ ги направи безболни, намрштени и недруштвени. Наклонети се кон препуштање кон животните текови, па и тогаШ кога тие очигледно водат кон пропаст. За да се оттргнат од апатичноста, потребен им е поттик од надвор, пријателско охрабрување или пак пресврт на околностите. Самите тешко тргнуваат.  Често играат на карта на милостивост. Придобивајќи така чувство на сигурност, но и евентуална помош.

Близнаци
Лежерноста и поврШноста со кои летаат ниж животот, можат да не доведат до потполно погреШен заклужок, а тоа е дека Близнаците се малку осетливи на ударите на судбината. Ситуацијата е потполно спротивна. Нивните нерви се многу танки и лабилни, па затоа тешките животни околнсти лесно ги исфрлаат од рамнотежа.  Тогаш лесно запира и нивната деловничка снаодливост, стануваат дезориентирани, па бараат за нив некој да се грижи како за мало дете. Често се толку изгубени што нема да им биде на одмет вистинаска стручна помош на психијатар.

Рак
Раковите по својата осетливост се навистина специјална зодијачка категорија. Нив ќе ги расплаче и растажи и само еден поглед на туѓа несреќа, а ако се случи трагедија во нивната најблиска околина со месеци, па дури и со години нема да излегуваат од депресија, со очи вечно надуени од солзи, одбивајќи помош и совети. Има нешто мазохистичко во нивното препуштање на страдањето, склони се потполно да се занемарат, заборавајќи дека со таков однос према ебеси предизвикуаат многу тага и бол кај своите блиски.

Лав
Лавот упорно ќе се труди да докаже себеси и на другите како се може достоинствено и храбро да се соочи со свите животни тешкотии. Скоро никогаш нема да дозволи да го видете заплакан, но затоа на своите чувства ќе им дозволи да излезат во патетичните филозофирања за тежината на животот, за неправедноста на судбината или малерот кој го следи. Не сака сведоци на своите моменти на слабост. На ваШиот обид да го теШите ќе во возврати со поглед пол со презир, а на добронамрниот совет учтиво ќе се заблагодари но ќе ви објасни дека мора сам да се соочи со теШкотиите на судбината.

Девица
Колку и да делуваат осетливо и лабилно, Девиците и во најкритичните ситуации не ги напушта нивниот главен адут: практичноста и здравиот разум. И додека ја распаруваат најболнни чувства, таа се оддава на работа, се препушта на грижа за другите. Овде може да се каже дека тешките животни ситуации ја инспирираат на големи дела, во кои се надминува самата себеси, настојувајќи да ја задоволи својата основна животна парола да се биде корисен. Многу тешко ги поднесува пореметувањата во секојдневните активности и најтрагично ги доживува болеста и отпуштањето од работа.

ВАГА
Иако оставаат впечаток на суптилност и осетливост, не смееме да заборавиме дека токму нивниот знак е место на Сатурновото восхитување, што им дава посебна цврстина или како што некој поетски рекол: тоа се челични раце во сомотски ракавици. На она што го нарекуваме удар на судбината ќе одговорат со повеќе прибраност од било кој друг зодијачки знак. Многу тешко поднесуваат кавги, одделување од блиски личности, но брзо доаѓаат при себе и го реорганизираат животот во согласност со новите околности.

Скорпија
Ова се личности кои без разлика на својата снага теШко се помируваат со ударите нба судбиата. Скорпиите тешко го поднесуваат жувството на немоЌ и нема ништо полошо за нив да бидат сведоци на нечие страдање или настан на кој неможат да влијаат. Тоа во нив разбудува силни деструктивни и автодеструктивни нагони, па често со своите бурни реакции само ја влошуват ситуацијата. Кога ќе додадеме дека она што го покажува не е ни десеттина од она што во неа врие,не ни останува ништо друго туку да и советуваме конструктивно да ја насочува својата голема енергија и да ги зараснува наместо да ги продлабочува отворените рани.

Стрелец
Доколку проживувате тешки моменти и потребен ви е некој мудар, а истовремено ведар и оптимистички расположен, ви препоражуваем Стрелец кој со уверливи аргументи и примери од сопствено искуство ќе ви објасни дека не е секое зло лошо и дека има среќа и во несреќа. Најбљудувајте ги во тешките моменти, па ќе наужите што значи силата на верата, моќта на позитивното мислење, односно филозофија во практична примена.

Јарец
Сатурновската природа им обезбедила доволна доза на озбилност и издржливост, така што Јарците ладно ги поднесуваат маките кои им ги носи животот, навикнати на честопати горчливот вкус на секојдневието и спремни на изненадните удари на превртливата судбина. Наклонети се кон препуштање на долготрајно периоди на депресија кои не ги намалуваат нивните работни способности, но многу негативно делуваат на околината. Затоа им препорачуваме да ги послушаат советите: да се обидат да се разведрат и да погледнат на она убавото што го носи животот.

Водолија
Осетливата и хумана природа на Водолијата многу е лесно да се потресе: тие не поднесуваат страдање нити на својата нити на туѓа кожа. Секогаш се спремни да помогнат, иако нивната Урановска непрактичност, најчесто повеЌе прави штета отколку корист. Границите на чувствата со кои реагираат на ударите на судбината се движат до безволност и пасивност до луди и бурни реакции. Материјалните тешкотии нема претерано да ја загрижуваат Водолијата. За неа е покарактеристично духовното страдање: разочарување во пријателите, неостварените соништа и срушените идеали.
Риби
Типичните Риби голем дел од животот го поминуваат во длабока депресија заради разноразни животни неволји. Тие се во постојано страдање и болка заради некој или неШто, а трагичните животни ситуации лесно и најчесто трајно го пореметуваат нестабилниот свет на Рибите. Алкохолот и дрогата тогаШ стануваат единствен излез, па многу Риби паѓаат на овој испит на зрелоста, ја поливаат својата тага, повлекувајќи се од светот. Соочување со реалноста е нивна голема животна лекција. Она од што најмногу бегаат, животот постојано им го подметнува.