ВО ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК


Може да ви се сличи или можеби ви се случило, токму вие да бидете оној третиот, односто да бидете дел од љубовниот триаголник. И покрај коинциденциите или намерите, сепак и овде Астрологијата ги меша своите прсти. Некои од знаците сакаат да бидат дел од љубовен триаголник, додека други не можат да трпат такво нешто или поднесуваат само на одредено време. Во секој случај, соѕвездијата, односно нивната енергија влијае на развојот на настаните во љубовта, а со тоа и на создавањето и развојот на љубовниот триаголник.

Овен
Кога некој им се допаѓа Овните немаат милост кон туѓите партнери или љубовините и брачните врски. Кога ќе се заљубат, до саканата цел мора да дојдата колку што е моожно поскоро и на било кој начин. Не им поаѓа од рака пред другите да ја сокријата наклоноста и жубовта која ја чувствуваат кон личноста која им се допаѓа, макар таа (или тие) била во љубовна или брачна врска. Но бидејќи сакаат да имаат јасна иднина, овие личности или животот ќе го продолжат со новиот партнер или изненадно ќе прекинат се без многу солзи.

Бик
Кога ќе се заљубат им одговара било каква ситуација. Сепак кога се трет дел во љубовниот триаголник, на сцена стапува нивната посесивност; сакаат партнерот да го имаат само за себе, дури и тогаш кога тоа воопшто не е можно. Кога партнерот не е покрај нив, не ги интересира што работи, но истото право си го земаат и за себе си. Тие се вистински уметници во преживувањето на тешките сентиментални мименти, па затоа добро се држат кога ќе им се случи да бидат трети.

Близнаци
Љубовниот триаголник на Близнаците им е забавен. Не им е тешко да глумат улога на љубовник, дури им се допаѓа. Ако се заљубат во некоја личност која не е слободна, ни малку не ја формализираат работата, затоа што воопшто не веруваат дека постојата вечни и неуништиви љубови. Уживаат во изненадни и непредвидени ситуации. Тоа ги стимилира и поттикнува да измислуваат нови прилики и шанси за прељуба.

Рак
Не им се допаѓа да бидат составен дел од љубовен триаголник, а посебно не оној третиот. На Раковите семејството е света рабоат кон која негуват неизмерно почитување, па во таа смисла и се однесуваат и кон туѓите семејства и семејни врски. Никогаш не им паѓа на памет некому да одземаат нешто и да се мешаат во туѓа сентимантална припадност. Но ако им се случи да бидат трети во љубовен триаголник, се чувствуваат многу непријатно дури и разочарано.
Лав
Лавовите се со кралско однесување и сметаат дека и тие и партнерот можат да си дозволат уживање во “забранетото овошје”. Тоа што околината се згрозува од таквиот Лавовски живот тоа нив не ги интересира. За нив животот мора да биде непрекината линија на уживања; тие не се во состојба да ја ограничат територијата н асвојата забава, а тоа посебно се однесува на љубовта. Го нервираат криења и лаги, затоа тогаш може да дојде до тешкотии во природниот след на настаните и Лавот да брзо да ја напушти играта.

Девица
На Девиците не им се случува често да впливаат во љубовентриаголник; нивната анализирачка природа не им дозволува туку така некому да му се фрлат во прегратка, односно да се соочат со неконкретна и неизвесна ситуација. Но кога ќе им се случи да негуват емоционален интерес кон личност која не е слободна, Девиците добро знаат дека се е во коректното планирање. Важно е сите да си ги сфатат своите улоги и нема причина нешто да не биде во ред.

Вага
Потребата на Вагите негого да сакаат и секогаш да бидат со некого, може да ги натера да станат и дел на љубовен триаголник, посебно ако им се заканува опасност да бидат сами. Лесно се вклопуваат во улогата на семеен пријател. Вагата е максимално резервирана и никогаш нема да дозволи да са загрози нејзината репутација; затоа и не ја покажува наклоноста во јавност, како љубовница може да биде совршена, да ги одржи во перфектна рамнотежа сите страни кои се во игра, љубовта и должноста, правата и обврските.

Скорпија
За нив љубовниот триаголник е нешто сосема нормално и лесно сфатливо, па во тој стил и се однесуваат. Ситуација во која Скорпиите се тие кои ја поткраднуваат љубовта од една врска, апсолутно им одговара, дури е подобро ако таа е обогатена со опасности и препреки. Страшно им се допаѓа неизвесноста и ризикот да бидат откриени. Кај нив постои и задоволство од неверства, сакаат да одат спротивно на сите канони на општествено однесување. Во состојба се емотивно да се вплеткаат ”до гуша” иако знаат дека за тоа можат да страдаат.

Стрелец
Стрелците често се наоѓаат во положба на трет во љубовната врска. Нивниот ентузијазам често завршува така што ги фаќаат во неверството и тогаш трпат многу непријатни ситуации. Бидејќи живеат во убедување дека прават исправна работа, дека се само во убава пријателска врска и дека никого не сакаат да повредат, многу лесно можат да се најдат во стапица на длабока заљубеност. Склоноста кон авантура и радозналоста ги тера кај нив секогаш да биде посилна желбата за реализација на една скриена врска.

Јарец
Јарците ја почитуваат формата и традицијата, затоа сметаат дека љубовните траголници отсекогаш постоеле и дека и понатаму ќе постојат. Кај нив меѓутоа е можно триаголниците да се претворат во квадрати, а тие во многуаголници. Кај Јарецот всушност се случува следното; како личност со натпреварувачки дух, освојувањето на личност која веЌе е во врска за него е само една победа и бидејЌи е упорен ќе го убеди партнерот да ја раскине претходната врска за да ужива во нова вечна љубов.

Водолија
Сметаат дека нема ништо лошо во тоа. Љубовните тројки, четворки и петки, за нив е само работа на определување. А Водолиите и тоа како се определени за ваков вид на искуство. Ако им се укаже прилика, сигурно нема да ја пропуштат. Водолиите не се љубоморни и посесивни, па затоа не им пречи да го делат партнерот. Нивната инвентивност им овозможува секогаш да ја збогатуваат врската и да ја прават поинтересна. И така можат да живеат цел живот.

Риби
Рибите многу често се наоѓаат во ситуација на љубовен триаголник, а ни самите да не им е јасно како успеале во неа да влезат. Можеби некој ќе помисли дека на Рибите тоа не им одговара, но тука се лаже. рибите уживаат во тоа, псебно ако се трети, тоа за нив е толку романтично. тајни состаноци, украдени нежности, страв дека нема да имаат доволно време да бидат со саканата личност итн... Рибите многу лесно влегуваат од една во друга љубовна приказна. Колку врската е поопасна и поневозможна, тоа нив повеќе ги привлекува.