ДВИЦАТА

Девиците се интелегентни, несигурни и склони кон анализа кога е љубовта во прашање. Често пати под својата ладна маска ги крие своите чувства. Педантни се и прецизни и обично во животот се до ситница планираат. Бидејќи се мора да биде како што треба во нивната куќа, на училиште, на работа, се стрекнува впечаток дека немаат многу време за љубов. Скептицизмот и недовербата спрема туѓите чувства не им дозволува да се опуштат и да се препуштата на своите.
Во сексот Девицата се предава со душа. Бескрајната нежност ја подразбира само со личност која ја сака и во која има доврба. Никогаш не се восхитува само на физички изглед. Таа бара квалитет и често е пребирлива. Побрзо ќе бидат сами одколку со некој кого не го сакаат. Не трпи увреди на нејзините чувства, премногу е чувствителна за тоа да го разбере, прифати и прости. Дури и кога ќе се заљуби, типичната Девица не се препушта лесно на своите емоции и желби и се посматра низ призма на разум и мудрост. Заради тоа со девиците треба да се биде стрплив, искрен и нежен.

ТОЈ 
Овој човек не се заљубува многу лесно. Многу работи се потребни за неговото срце да се отвори. Но кога еднаш ќе се предаде тој станува лојален и верен и потполно се посветува на својот партнер. Ни мажот ни жената Девици не се претерано склони кон деца но кога ќе ги добијат совесно ќе се грижат за нив. Девиците сакаат исто како родителите да бидат совршени. Многу пријатели ќе го гледаат  мажот Девица како затворен и молчалив кога се во прашање неговите проблеми и сексуалниот живот. Неговото семејство и блиските пријатели можеби ќе мислат дека е тешко да се живее со него и можеби се во право. Неговата склоност кон критека и скржавоста кога парите се во прашање не се особино кои лесно се прифаќаат. Неговите принципи се извонредно морални, а стандардите високи. Но за несреќа тој очекува и другите да живеат според правилата кој ги одредил и кон кои се придржува што не е чесно према нив. Тој и во љубовта прикажува силна желба да се посвети на служење на другите. Неговата партнерка мора да биде внимателна и нежна, затоа што отј често ќе делува ладно и незаинтересирано за секс. Тешко му е вербално да ја изрази својата љубов и може да се случи сексот да не завзема високо место на неговбата листа на потереби. Најчесто своите чувства ги открива низ секојдневните ситни знаци на внимание, со својата присебност во кризните ситуации и нежното внимание спрема саканата личност кога ќе се разболи. Никој не умее толку успешно да се грижи и да внимава на другите како Девицата.

ТАА
Оваа жена обично покажува смисла за рачни работи и умее да ги искористи работите за кои никој не био рекол дека можат да послужат за нешто, па затоа најчесто ја гледаат како надарена личност. Нејзиниот вкус се наклонува кон едноставното но складно облекување и често е на граница на конзервативност. Таа е интелегента и критична према другите но и према себеси. Сепак не е тип на домаќинка, важна и е кариерата и најчести има успеси према работата. Да го помине денот занимавајќи се исклучиво со домашни работи за неа е непогодно и досадно. Иако своите деца многу ќе ги сака и ќе се грижи за нив тие нема да бидат целиот нејзин живот и нејзината смисла на постоење. Постојано и е потребно да ја стимулира нејзината интелегенција. Желбата да служи на другите и да се грижи за нив честопати ќе ја однесе во медицинска професија. Можеби на другите ќе остава впечаток на ограничена и малодушна но во она што мисли дека во сексот е правилно или неправилно, при што нејзините прилагодливи пријатели често ќе ја гледаат како лажна свтица.

 

Девицата во сексот

Жената девица е повлечена и никако нема да падне уште во првата игра. Склона е да ги одмерува вашите намери и постапки како на некој начин да чува одстапница. Неупадливо и внимателно споредува, се смее на еросот на постарите. Со својот рационален став ги комплицира сентименталните односи, па партнерот губи трпение. Кога евунтуалната борба меѓу двајцата ќе се разгори таа бега, но потоа жали. Жената девица во сексот се штеди, еротски е чиста и страста не ја занесува. Сетилните уживања ги прима со допир и милување. Ерогена зона и е стомакот. Тајно фантазира за секс со двајца истовремено. Таа е имуна на сентименти и изливи на страст. Воздржана е и кога добива директни комплименти. Обично не подлегнува на своите желби, но кога тоа ќе се случи во потполност ги доживува.
Мажот девица во љубовта нема длабочина, во еросот нема топлина. Во еротските односи ситничари и присилен е да глуми страст. Половите односи многу се хигиенски, но анализирањето од негова страна лесно  доведува до чувство на невкус (коитусот не е естетски чин), а тоа сепак го расипува уживањето. Од жената бара премногу, а тој самиот не дава толку. Премногу набљудува и најдува недостатоци, па многу често тој се искомплицира. Мажот девица може да ве фасцинира со својот шарм, но додека разговарате со него имајте на ум дека разговарате со маж интелектуалец. Секој состанок со него договорете го порано. Негова главна сексуална особина е дека сака љубовна игра ноќе и под јорган. Најмногу го возбудуваат милувања по стомакот и задникот. Од перверзиите најмногу сака онанирање и војаерство. Ако сте жена од високото друштво ќе имате поен повеќе кај него.

 

Девицата во бракот

Жената девица е верна и приврзана сопруга иако умее да ги занемари секојдневните домашни обврски. Таа е исто така исклучително приврзана и пожртвувана мајка и вешта е во воспитувањето на децата. И како мајка и како сопруга таа е темелна и разумна, па затоа може да се каже дека кај неа преовладува здравиот разум и практичната смисла за здрав живот. Она што би можело да попречи кај овие дами е нивната своевидна резервираност. Имено тие секогаш имаат некој свој мал свет и таинственост која секогаш и за сите останува скриена и малку нејасна.
Мажот девица умее да биде многу духовит и во најтешките ситуации и искрено да се труди да ја забавува својата сопруга. Иако по природа не е романтичен, тој умее  многу да се приврзе за жената која ја сака и да биде многу верен сопруг и пријател. Но тој стапува во брак дури откако добро ја запознал избраната дама. Бидејќи по природа е до извесна мерка посесивен тој настојува да биде примерен љубовник и сопруг и својата партнерка да ја заокупира со многу ситници, како таа не би одлутала од заедничкиот живот.