Август
Работа

Ако некој се сомневал во вашите способности на работното место во овој месец ќе имате прилика тоа да го демантирате. Енергијата ќе ви биде на максимално ниво преку целиот месец. Во првата половина ќе бидете нешто поамбициозни меѓутоа затоа во втората ќе бидете нешто поуспешни. Ќе имате исклучителен елан и за чудо, што не е во вашата природа ќе бидете многу борбени со исклучителна потреба да се истакнувате и да се докажувате како авторитет. Ќе имате огроман подршка од соработниците, а на некои ќе им биде вистинско задоволство да ви помогнат во работата која ја работите или во идеите кои сакате да ги реализирате. Во еден момент ќе почувствувате дека сето тоа го прават за лице или дека нешто сакаат да искористат од вас, меѓутоа за брзо ќе сватите дека не сте во право. Имајте на ум дека втората половина од овој месец се отвара нов циклус во вашата кариера кој ќе ви наметне не само нови обврски туку и многу промени на работното место. Исто така овој период може да биде и доста исцрпувачки, ако не издовите доволно време за одмор. Во првата декада од месецот комуникациите ќе ви бидат малку отежнати, па советуваме да не контактирате со моќни личности ниту да се впуштате во финасиски шпекулации бидејќи неуспехот ќе ви биде неизбежен. Девиците на кој работата им е поврзана со техника и технички науки можат да очекуваат мало поместувањекон подобро, но за тоа ќе им треба многу ангажирање. Родените во третата декада ќе бидат нешто понапнати од обично, па советуваме да бидат повоздржани во настапите, доколку сакат да стигнат до посакуваната цел. Финасиската состојба во првата половина од месецот ќе биде просечна, па првиот поголем прилив на пари можете да го очекувате некаде после 20 Август. Исто така овој период е погоден за занимавање со трговија.


Љубов

Ве очекува интересен период за вашите емоции кои конечно ќе станат ваш составен дел од животот. Тоа после долго време ќе ви донесе вистинско задоволство, мир, ред и храмонија. На некои Девици љубовта ќе им стане многу поважна одколку што била. Многумина од вас за прв пат ќе се заљубат или ќе ја пронајдат вистинската личност која догло време сте ја барале. Вашата аналитичност секогаш ве чува од пренагли постапки и изненадувања, но исто така и ве спречува потполно да се предадете на емоциите и саканата личност. Вашата желба да држите се под контрола сега би можела малку да остане настрана, малку да се опуштите, да се отворите во комуникациите и да бидете попристапни од обично. Не дозволувајте поради вашата срамежливост и несигурност да го упрпастите овој прекрасен период во кој можат да ви се случат многу убави нешта. Периодот исто така е погоден и за влегување во брак па доколку сте решиле да формирате семејство, Август е одличен за тоа. Слободните ќе бидат доста привлечни за спротивниот пол, па ќе мора малку од деловните активности да елиминирате доколку сакате да влезете во светот на сензуалноста. Девиците во брак исто така ги очекува добар месец со мали неприлики на самиот почеток од месецот кои брзо ќе се решат. Направената грешка од партнерот не е толку голема за толку многу да лутите. Воздржете се и од љубоморате и немојте директно и жестоко да критикувате.


Здравје

Неповолните планетарни делувања во првата декада од месецот ќе предизвикаат помали здраствени тешкотии со срцето, црниот дроб и жолчката. Напнатоста и нервозата ќе ви предизвикаат стари проблеми со варењето на храната, па доколку нервозите на работното место се во пораст и повторно ви се јават болките во желудникот не го барајте проблемот на друго место. Имунитетот ќе ви биде ослабнат и често ќе ви прави проблеми, па не би било лошо дополнително да внесувате витамин Ц посебно во првата половина од месецот. Втората половина ќе бидете нешто со подобро здравје, но и понатаму избегнвуајте ги поголемите физички напори и внимавајте на повреди. Нагласена е опасноста од изгореници, па бидете внимателни со сите жешки предмети исто така заштите се соодветно од сончевите зраци.


Совет

Вашето емотивно однесување би можело да појави сомнеж и недораљзбирање. Решавајте ги проблемите еден по еден.


Идеален партнер

Доколку во текот на месецот ви е потребен партнер за авантури тоа можете да го направите со Бикот, меѓутоа најсреќни ќе бидете со Раковите. Врска која за да биде успешна е потребно и двата да вложат доста труд. Ракот кој е воден од своите чувства и кој секогаш останува романтичен, многу тешко ќе ивее со Девицата со кој управува здравиот памет и интелегенцијата. На Девицата може да и засмета и снагата на неговите чувства. Таа не може да свати зошто секогаш е потребно да го уверува Ракот дека го сака, бидејќи смета дека тоа е непотребно. Постојат две работи за кои иматат исто гледање:способност за работење со пари и го сакаат домашниот живот.