Иако позитивната положба на Марс во знакот на Скорпија ќе ја нагласи вашата амбициозност и високото ниво на енергија, сепак поставеноста на Сонцето во знакот на Лав нема да ви ја даде потребната прилагодливост, отвореност и сигурност за да може да се каже дека овој месец е позитивен за вашите деловни планови. Постојано ќе наидувате на препреки и разочарувања, а ќе имате чувство дека целата своја енергија и сила ја трошите на разни непотребни обврски од кои немате некоја посебна корист. Околу средината на месецот настанува делумно разведрување, нешто подобро ќе комуницирате во однос на првата декада меѓутоа сеуште напнатоста ќе постои, посебно со претпоставените. Сите обврски кои ги планирате за овој месец најдобро е да ги оставите за периодот после 23 Август кога и ќе биде најповолниот период за сите деловни активности за типичните Јарци. После 27 Август ситуацијата се влошува посебно во односот со соработниците. Тимската работа во овој период ќе биде погубна за вас, па така обидете се да најдете некаква алтернатива преку самостојана работа да делувате во тимот. Исто така во овој период избегнувајте нагли потези и расправии со авторитети, а оријентирајте се на семејните обврски или некакви активности на домот, реноврање, преуредување и слично. Трпеливоста и самоконторлата кои се ваша јака страна можат многу да ви помогнат во избегнување на проблемите. Интелектуалните работници и оние кои се занимаваат со научна работа ќе имаат успех. Ова посебно важи за родените во првата декада на кои поставеноста на Сатурн планетата на мудроста е поволно поставена. Работите поврзани со комуникаци и патувања се поволно аспектирани во втората и третата декгада на месец Август како и контактите со странство. Па доколку некаде патувате најдобро е да ги искористите последните две декади од месецот.
Август ќе биде многу попријатен за љубов отколку за работа. Оние кои што се во врска ќе ги обновуваат страстите и среќно ќе продолжат понатаму. Искориситте ги поволните прилики од планетите и заминете некаде на одмор со партенрот. Така ќе ги избегните деловните грижи и барем накратко ќе доживеете незаборавни моменти исполнети со нежност и топлина. Се ќе изгледа едноставно и убаво а можеби тоа ќе ви ги наполни батериите со енергија која во овој момент многу ви е потребна. Меѓутоа со влегувањето на Венера во знакот на Лав после 12 Август одендаш почнуваат пробемите во љубовниот живот. Ќе бидете склони кон осамување и тешко ќе се помирувате со некои постапки, а вашата љубомора и посесивност ќе го достигнат максимумот. Постојано ќе ги преиспитувате чувствата барајќи си причина да се отргнете од саканата личност. Се убедувате во нешо што нема основа, ве има зафатено љубомора која во наредниот месец одеднаш ќе исчезне, па некои работи ќе останат само за исмејување. Ако сте слободни почетокот на Август ќе ви понуди тајни авантури. Потрудете се да завршат до почетокот на третата декада бидејќи подоцна страстите можат силно да се разгорат и да предизвикат разочарување и незадоволство. Во овој период еротските апетити ќе ви бидат големи, па внимавајте со кои личности ќе ги поделите. Вистинската врска можете да ја остварите дури во наредниот месец, па воздржете се до тогаш.
Првите падови на енергијата ќе ги забележите во третата декада од август. Во овој период би можеле да ја надополните енергијата со некои физички активности како што се фитнес, трчање и слично. Периодот е добар за подобрување на вашата убавина и воопшто подобрување на целиот физички изглед. Јарците кои патат од хронични болести би можеле да почувствуваат ситни проблеми исто така во последната декада од Август. Сите Јарци нека внимаваат на изборот на храна и воопшто целокупната исхрана. Можни се проблеми со дебелината.
Избегнувајте ги расправиите со работната околина и концентрирајте се на сопствените амбиции.
Идеален партнер во љубовта, но исто така и деловен партенр во овј период ќе ви бидат воздржаните Девици. Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и попилагодлива на своите желби. Јарецот еден од знаците кои им одговараат на Девицата.