ЈАРЕЦ
ЗДРАВЈЕ

Јарецот или е исклучително здрав или пак, болува од повеќе хронични болести, а тоа се зависи од поставеноста на планетите во наталниот хороскоп. Чувствителни делови на телото му се: коските, зглобовите, колената, колковите, забите, слезината. Најчесто боледува од реума, морска болест, болести на коските, хистерија, хипохондрија, склероза, екцеми, пелагра, фрактури, лепра, скорбут, рахитис, болести од настинка, туберкулоза. Поретко го напаѓаат болести на белите дробови, очите, немоќ во нозете, израстоци на коските. Како пациент е тежок, одбива помош со тмурното расположение си ја влошува состојбата. Потребно е да го уреди станот спрема сонцето, да ја одржува топлината, да ги движи нозете, затоа што  болеста кај него ја носи студенилото и петрификација. Се препорачува да јаде печено месо, дивеч, кромид, компири и разни ориентални специјалитети. Исто така за него ќе биде добро се дружи, од време на време се напие вино и да оддржува вежби на рацете и нозете. На ваквиот пациент не треба да му се даваат никакви сугестии, туку само светло и топлина.

ИСХРАНА

Иако има доволно атрактивност и сигурност во себе мажот Јарец понекогаш сексот го става на крајот од листата на приоротети. Тоа кај неговата партнерка може да предизвика длабока болка и чуство дека не му е важна. Со него владее Стурн кој го прави ладен и  сув, па затоа му одговараат топлите јадења. Внимавајте да не му понудите преобилни, премногу хранливи и тешко сварливи оброци бидејќи сето тоа кај него ќе резултира со поспаност. Према кинеската медицина на вашиот Јрец најмногу му одговара кората од цимет, црн и црвен пипер, феферони, џумбир и соја. Неопходни минерали за неговиот организам се цинкот кој во големи количини го има во остригите, полжавите , џигерите, квасецот, оревите, семките од тиква и сончоглед.