ЈАРЕЦ
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Јарец-Овен
Овие луѓе имаат длабоки патриотски чувства. Како противници се многу лоши затоа што не застануваат ако одлучат да ве победат. Ваквата комбинација може да даде луѓе кои сакаат да диктираат и многу често се деспотски настроени. Во животот доживуваат јаки судири заради своите општествени ставиви. Во воени услови бајчесто се херои. Оваа комбинација овозможува висока политичка положба, до која се доаѓа најчесто споро со многу труд но сепак е сигурна. Нашиот премиер ја има оваа комбинација.

Јарец-Бик
Овој подзнак на луѓето Јарци му дава склоности кон трупање на материјални добра, посебно недвижнини. Овие луѓе се фаталисти и себични. Многу често запаѓаат во меланхолични и депресивни состијби. Надарени се да работат во подрачјето на архитектурата и археологијата, а многу често ги интересираат и вулканите. Од спортот најмногу сакаат планинарство. Сакаат експедиции и тоа во далечни земји. Многу често ваквата комбинација овозможува живеење во странство.

Јарец-Близнаци
Овие се единствените Јарци кои имаат смисла за хумор. Околината честопоати нема доверба во нив. Трудољубивоста на Јарецот во оваа комбинација може да се преобрази во некорисна работа.  Овие луѓе ги привлекува математиката, посебно вишата математика. Можат да се докажат и како добри политичари. Имаат развиена способност на спознавање на причините и последиците во секоја ситуација. Ги очекува материјална добивка во бракот или од соработниците. Многу се храбри и склони кон истражување.

Јарец-Рак
Ова е сентиментален фаталист. Комбинација која дава популарност и важна улога во јавниот живот. Овие луѓе имаат изразен интерес за историја, па затоа често можат да се сретнат да работат во музеи или архиви. Ако се занимават со нешто друго тогаш куќата им е преполна со антиквитети. Способни се за методичка работа. Оваа положба на асцендентот е поволна за трговија. Во бракот овие луѓе се среќни, заедно со партнерот уживаат во материјални добра, уреден стан и во хармонична средина.

Јарец-Лав
Фокусот на интересирањата на овој тип на Јарец е организацијата и управувањето со институции, фирми, но и  со масата народ. Ладен е и скоро секогаш на дистанца, со цврст карактер и многу често безскрупулозен. Има надарена смисла за хигиенски и медицински дејности. Односот кон телото му е многу важен на овие луѓе, и често уживаат да прават услуги на другите. Овие личности не се луѓе кои по целден седат туку секојдневно си го осмислуваат својот живот. Веруваат во себе, а како противници се многу силни.

Јарец-Девица
Изразено интелегентна личност. Секогаш точни и внимателни кон работата. Имаат изразена потреба да ги изразуваат сопствените способности. Доживуваат голем успех во младоста. Ги привлекуваат шпекулации, посебно со недвижнини, но и во љубовта. Многу често се наоѓаат на општествени функции, ги привлекуват сите видиви на забава, но најмногу театарот. Неопходен им е некаков облик на уметничко изразување, заради ослободување на чувставта и создавање на можност за внатрешна креација.

Јарец-Вага
Ова се најубавите Јарци. Знаат добро да ја проценат вредноста на било која стока при нејзината размена. Можат да имаат успех во животот, но тешко доаѓаат до него, заради препреките кои ги создаваат нивните разочарувања и апатични состојби. Сепак на овие луѓе средена им е втората  половина од животот. Овие личности длабоко во себе се бараат себеси и нивниот саморазвиток им е многу поважен од признанијата од околината. Имаат изразена потреба за сопствен дом и тука овие луѓе имаат снажно влијание и авторитет.

Јарец-Скорпија
Комбинација на личност со јака концентрација на мислите. Влијателен, ладен, верува во себе. Многу упорен во остварувањето на своите планови, што се граничи со фанатизам. Влијателен на својата околина во која секогаш доживува успех, но често тоа преминува во деспотизам. Учењето и науката му е многу важна, неопходна му е размена на идеи и има изразена дарба на запазување. Има успех во било какви контакти, а во својот живот многу често патува.

Јарец-Стрелец
Ова се личности кои во животот нема да имаат големи грижи за својата финансиската состојба. Се среќаваат као организатори и управници во разни дејности, но притоа секогаш се става себе на прво место. Имаат постојани примања, кои можат да ги остверуват и низ занимања поврзани историја, биологија и астрономија. Внимателни се, претпазливи, се сомневаат во околината, слаби се како политичари. Често пати овие луѓе знааѕ да ги искористат дупките во законот.

Јарец-Јарец
Ова се најладните луѓе од сите 144 можни комбинации на знак и подзнак во зодијакот. Цврсти се резервирани, и конструктивни во било која работа што ја започнуваат. По изгледот неможе да се каже дека се многу убави. Можат да страдаат од реума. Имаат снажна волја која споро се изразува. Стрпливи се и самоуверени во победа.  Кај овие луѓе често пати нагласена е егоцентричноста и лесно се забележуваат во околината. Храброста е уште една одлика на оваа комбинација.

Јарец-Водолија
Оваа комбинација дава луѓе кои се неповерливи кон својата околина и живеат повлечено, верувајќи во својата зла среќа. Рамнодушни се на било кои настани кои се случуваат, но исто таквиот однос го имаат кон судбината. Имаат успех во работа во затворени институции, повлечени и мрачни занаети, хотели, болници и сл. Овие луѓе мора да научат да поставаст граница меѓу себе и другите. Имаат проблем со подсвеста, така што кога свесното и несвесното ќе научат да соработуваат резултатите ќе бидат повеќе од добри. Тие резултати и најчесто се изразубваат низ уметнички активности.

Јарец-Риби
Личноста родена со ваква кобминација, е трома и занемарена. Неговите активности се одвиваат споро и многу ретко се возбудува. Му недостасува воодушевување. Овие луѓе се препознаваат себеси дури во припадноста на некоја група. Нивните активности, најчесто се одвиваат во некои општествени, хуманитарни или политички организации. Имаат изразена потреба за пријателство и склоност кон уметничко творештво и тоа најчесто ги интересира сликарството. Можат да се докажат и како добри астрономи.