ПОЧЕТНА

ОВЕН
Работа
Генерално ве очекува успешна деловна година се до месец ноември кога помалку работите ќе почнат да излегуваат од колосек. Јануари ќе ви биде како месец за подготовка кога ќе ги полните батериите и ќе ги разгледувате можностите. Исто така овој месец е добар за враотување, па незапослените со помош на моќни пријатели или некои други авторитативни личности можат многу лесно да се наместат на добра положба. Нека не ве изненади повикот од нивна страна, бидејќи тоа ќе биде неочкувано. Фебруари е одличен за деловни партнерства особено за оние брзи и ситни трговски зделки кои помалку и се косат со законот. Овој месец и понатаму е добар за вработување меѓутоа сега помошта барајте ја во авторитативни личности од понежниот пол. Март ќе биде одличен за просветните работници, студентите и учениците меѓутоа нема да биде многу добар за оние кои работаат со пошироки маси, а тоа се политичарите или вработените во медиумите. Април иако е ваш месец поточно период кога Сонцето се наоѓа во вашиот знак сепак ќе мора да внимавате кога е кариерата во прашање. Овој месец посебно нема да биде поволен за родените во втората декада кои ги очекува судир со претпоставените или некои други моќни личности од кои во секој случај ќе излезете како поразени. Внимавајте тоа да остане на работното место бидејќи опасноста ви се заканува и кон целото ваше семејство. Исто така во овој месец можни се и некакви судења или решавање на некакви судски спорови кои сигурно позитивно ќе бидат решени. Во месец Мај работите ќе почнат помалку да се средуваат и да се решаваат настанатите проблеми од минатиот период. Периодот е одличен за зделки поткрепени со политичка заднина меѓутоа секако ќе треба да внимавате од афери. Постои опасност од медиумски напади или некакви изјави на медиуми кои нема да имаат многу среќен крај. Јуни ќе ви биде месец на релаксација богат со многу кратки патувања. Комуникативноста ќе ви биде доста зголемена, а постои можност и за јавни настапи од кои можете да имате голема корист. Работите почнуваат да се средуваат и со претпоставените меѓутоа проблемот и понатаму ќе го има кај претставниците кои работаат во затворени установи. Месец Јули ќе започнете со активности во домот кои можат да бидат проблем за работното место. Штотоку средените односи со претпоставените одново се разнишуваат но овој пат во поблага форма. поучениод минатиот пат сега ќе постапите подипломатски па можеби лесно ќе ги надминете. Периодот исто така добар и за невработените кои доколку не успеат да најдат работа, сигурно ќе бидат вклучени во некои волонтерски акции од кои подоцна ќе имаат некаква корист. Исто така во овој период ќе мора да бидете многу внимателни со вашите соработници. Избегнувајте да озборувате, бидејќи со некој можеби трајно ќе го расипете пријателството. Исто така во овој период избегнувајте да патувате. Сите активности поврзани со патувања ќе наидат на неуспех. Месец Август ќе биде интересен за уметниците особено за филмските работници и покрај лошо изработената работа ги очекува успех и популарност. Периодот не е добар за бизнисите кои се поврзани со партнерство и ортаклук можни се конфликти и губење на добри зделки поради некординираност. Есента ќе ја започнете со голем елан и можеби со ново работно место доколку работите како службеник. Меѓутоа периодот не е добар за јавните личности и за се што е поврзано со јавни настапи. Би било добро во овој период да работите самостојно и без многу експонирање. Месец Октомври можат да ви се појават нагло проблеми на работното место за кои ќе имате големо разбирање и подршка од вашите претпоставени, меѓутоа повторно ќе морате да се потрудите да го изведете тоа подипломатски, а можеби ќе треба малку и да стапнете на вашата гордост. Спортистите во овој период можат да остварат одлични резултати особено оние кои играат во тим. Комуникативноста ќе ви биде зголемена меѓутоа ќе имате мал проблем со искреноста што не е својствено за вас. Ноември активностите ви се зголемуваат двојно ќе бидете растргнати на сите страни проблеми ќе почнат да ви се јавуваат секаде, а подршка речиси и да немате од никој. Во овој период ќе мора максимално да се залагате и добро да се организирате. И најмали пропусти и одлагање на работите за некој нареден период можат да бидат лоши за вашата кариера. Бидете упорни и средете ги работите, бидејќи месец Декември ќе ви биде период на опуштање и релаксација речиси без никакви активности. Во целост 2024 година е година во која можете многу да направите за вашата кариера и речиси сите планетарни влијанија се насочени токму околу полето на работата. Преку целиот период Сатурн планетата на мудроста ќе биде во вашето шесто поле, а тоа е работата, а додека Јупитер планетата на среќата и достоинството исто така преку цела година ќе престојува во вашето десетто поле, а тоа е кариерата.



Љубов
Во поглед на љубовта ве очекува просечна година со големи периоди на стагнација и многу кратки и бурни периоди. На самиот почеток на годината нагласени ви се проблемите во семејството и тоа највероватно ќе биде релација татко-син. Зимскиот период ќе помине без некои посебни збиднувања додека повторно во месец април семејните проблеми не кулминираат. Во мај следува подобрување на финансиската состојба, а со тоа делумно овие проблеми ќе се решат. Вистинските љубовни доживувања започнуваат заедно со летото во месец Јуни кога ќе се случи нова љубовна врска и највероватно ќе потрае преку целиот летен период. Конечно ќе се чустувате среќно и исполнето. Месец Јули ќе имате прилика да му ставите крај на семејните проблеми меѓутоа ќе ви треба помош од целото семејство. Во овој период ви се откриваат И некои тајни во врска со некоја стара љубов па постои можност за обновување на истата. Месец Август сите активности ќе бидат поврзани токму со ова поле само овој период ќе морате да внимавате да не бидете измаемни од страна на партнерот или вие да го направите истото, па да бидете откриени. Како и да е во овој месец тајните ќе бидат многу кратки. Септември не е добар за Овните во брак следуваат доста недоразбирања со партнерот проблеми во комуникацијата И сл. Но затоа во Октомври и Ноември овие проблеми ќе се надминат кога односите конечно ќе се хармонизираат а ќе му се стави и крај на некои минат прооблеми кои долго време сте ги одложувале.



Здравје
Преку целата година ве очекува поволна здраствена состојба со можни здраствени проблеми во последните три месеци од годината. Во овој период ќе треба да внимавате на коските особено на колената каде се можни некои посериозни повреди. Посебно да внимаваат родените во втората декада. Преку целиот период ќе бидат присутни помали нервни напнатости кои најсилни ќе бидат во месец Март додека во месец Април ќе треба да бидете внимателни на венерични болести или некакви гиниколошки инфекции кај претставничките од понежниот пол.