ПОЧЕТНА

Август
Работа

Ве очекува прилично динамичен почеток на месецот со многу активности од кои повеќето ќе ве истрошат, ќе ве напнуваат и ќе ви прават проблеми, меѓутоа во цела оваа ситуација добро е тоа што ќе имате подршка од вашите претпоставени. Ваквата динамика очекувајте брзо да спласне, па остатокот од месецот да го поминете опуштено без некои посебни деловни обврски. Би било добро годишните одмори да ги испланирате во втората седмица од месец август кога ќе завршите со обврските и малку ќе се олабавите. Меѓутоа доколку останете на работното место деловниот ритам ќе ви биде успорен па ќе имате многу време за читање на списанија или сурфање по страниците на интернетот. Ако се земе во предвид вашата работливост, за брзо ќе си најдете некоја нова занимација, хонорарна работа или можеби ќе средувате некои приватни проблеми. Средината на месецот ќе ви биде речиси досадна меѓутоа љубовната напнатост ќе ве одвлечи од оваа досада и можеби ќе ви ја направи работата поинтересна. Ќе посакувате некоја деловна акција која би ви овозможила бегство од емоциите и ќе наидете на таква, меѓутоа ќе мора да почекате до 20 Август. После овој ден повторно се враќате во работен ритам, ќе бидете полни со нови идеи, а нетрпеливоста ќе ви порасте до огромни граници чекајќи ги резултатите од деловните акции преку целиот период немојте да очекувате премногу од работниците исто така немојте многу и да му се доверувате. Работете самостојно, во овој период тоа најповеќе ви одговара. Исто така избегнувајте ја јавноста и јавните настапи, посебно не како прв човек, бидејќи можете многу брзо да се срушите на земја.


Љубов

Во принцип летниот период за вас е одмарање од деловните активности и уживање во благодетите кои ги нуди животот меѓу кои и љубовта. Меѓутоа оваа година работите се менуваат поинаку. Ќе бидете повеќе концентрирани на работата, а многу малку на љубовта. Првата седмица од Август, речиси да немате никакви активности на љубовен план ниту пак ќе покажете било каков интерес за нова љубовна врска или подобрување или стабилизирање на постоечката. Првите бранувања кои ќе ве зафатат ќе бидат од втората седмица од Авгус, а целосно впуштање во љубовниот живот и уживањата кои ги носи истиот ќе ги започнете од 10 Август кога Венера влегува во знакот на Лав. Ќе бидете нагласено чувствителни и тешко ќе ја поднесувате самотијата. Ќе имате огромна потреба за давање и примање на љубов, па доколку сте слободни највероватно нема многу да избирате, после првата прилика веднаш ќе влетате во љубовна врска. Многу ќе ви значи комуникацијата со луѓето да ви биде добра и постојано ќе се трудите тоа да го остварите. Ќе бидете склони кон флерт, авантури, а воедно и ќе ја барате вашата животна љубов. Како и да е, ќе влетате во нова љубовна врска во која еуфорично ќе се заљубите, но за жал нема да биде многу трајна како што на самиот почеток ви изгледа. Затоа не донесувајте непромислени одлуки бидејќи драматичните настани нема да ве заобиколат. Овните кои се во брак или во сериозна љубовна врска ќе мора да решат некои недоумици во својот емотивен живот. Ќе ви се причинува дека нешто не е во ред со вашиот партнер и неговите чувства, а всушност тоа ќе биде проблем со вас. Признаете го тоа, но при тоа не барајте најбрз излез од ситуацијата. Вистинското решение ќе дојди само по себе и тоа некаде кон крајот на месецот.


Здравје

Напнатиот однос на Марс во првите две третини од месецот може да ви донесе некои здраствени проблеми. За среќа ќе ве чува Сонцето кое оваа енергија ќе ја компензира. Во последната недела работите се сменуваат во обратна насока па така може да се каже дека преку целиот месец ќе поминувате низ еден процечен здраствен период. Посебно чувствителни ќе ви бидат главата и срцето а можни се и алергии посебно на ултравиолетовите зраци. Ќе бидете во добра физичка кондиција и склони кон спортски активности меѓутоа обидете се во нишо да не претерувате.


Совет

Поради тврдоглавост можете да си штетите самите на себе си. Не се заљубувајте во личности кои си играат со вашите чувства.


Идеален партнер

Во овој период најдобро ќе се сложувате со Лавовите и Стрелците. Сепак покрај повремените недоразбирања најсреќни ќе бидете со Лавовите. Во оваа врска конфликтните ситуации можат да имаат важна улога, бидејќи и двата партнера уживаат во тоа. Ако се појават финансиски проблеми, животот би можел да стане многу тежок за нив, бидејќи и едниот и другиот имаат изразена потреба за удобност во животот. Агресивноста која е присутна и кај Лавот и кај Овенот, може да се одрази во креветот особено после некоја жестока расправија. Овенот можеби ќе ужива да води љубов, а истовремено да го мрази Лавот.