ПОЧЕТНА

ОВЕНОТ
Во љубовта согласно со нивниот еруптивен темперамент секогаш љубат страсно и избувливо. Љубовниот живот им се состои од потрага по авантури, возбудливи ситуации полни со жестоки емоции и страсти, проткаени со импулсивна еротика, но и љубомора.

Огнените Овни лесно влетуваат во љубовна авантура, а честопати многу импулсивно го прават првиот чекор. Овните од обата пола уживаат во “ловот” на партнерот, па дури и ако личноста на која го фрлиле окото е зафатена тоа нема да ги спречи да се впуштат во освојување. Тие не прашуваат туку со вродената самодоверба веруваат во успех. Мнозинството Овни многу рано го доживуваат првото сексуално искуство, но им треба многу време да научат како да го задоволат и партнерот. И мажите и жените Овни со задоволство се фалат со своите сексуални освојувања. Овните уживаат во почетните етапи на врската, кога љубовта и страста се најсилни. Се додека меѓу партнерите постои предизвик и додека обострано се стимулираат, врската може да се одржи. Долготрајната врска е слаба точка на Овните, зашто кога во врската ќе се всели досадата и кога расправиите станат бесмислени, Овенот веќе размислува за заминување. За да може врската со Овен да успее, потребен му е партнер кој ќе ја цени неговата отвореност и независност. Чуден и непредвидлив партнер ја пригушува сексуалната желба на Овенот.

ТОЈ: Мажот Овен мора да ја има својата слобода да може од време на време да излезе со пријателите и не бара жена која е посветена на домашните работи. Тој е еруптивен карактер, секогаш во него нешто гори. Остра разлика меѓу да и не, не сака ништо половично, потребно е да има повеќе добри аспекти за жената да може да го поднесе. Секогаш е насочен према горе, како пламенот, динамичен идеалист на кој му се потребни авантури. Сака жена која не мора да ја контролира, за да може да се посвети на своите амбиции. Нетрпелив е, не сака мешање во неговата работа, секогаш во некоја агресивна состојба. Се меша во туѓите односи, сака да види се и тоа јасно и прецизно. Ризикува само за да се афирмира, разгорените чувства го тераат брзо да ја троши својата снага, па во зрлите години веќе е уморен. Љубовта ја докажува со дела, а не со зборови. Неверството не го простува и лесно се одлучува на раскинување на врската. Верен е затоа што тоа  не го планирал, а верен е најчесто во зрелите години. И покрај неспорната егоцентричност кога Овенот еднаш ќе се одлучи на брак спремен е да се жртвува за доброто на семејството и децата. Така тој станува незаменлив и се држи под своја контрола, па така успева и понатаму да остане Број Еден.

ТАА: Жената Овен не се чувствува задоволна во подредена улога, затоа и е поттребна независна кариера или било каква друга активност за да не ја угуши монотонијата на домашните обврски. Таа е импулсивна, страствена, спонтана и ведра. Мажот кој сака жената секогаш да го чека дома и да му биде во секој момент на располагање, во никој случај не смее да одбере жена Овен. Сака колку е можно побргу во себе да ја открие женственоста. Сака да облекува униформи, облека во живи бои за како цвет, да ја привлече пеперутката. Бара комплетен маж, силен за да ја скроти, нежен за да ја милува и патем нејзиниот збор да биде последен. Сака се да доживее визуелно и возбудливо, чувствата се разгорени, љуби страствено, дава повод, ја наместува ситуацијата и потоа како женски мајстор на играта тактизира, се извлекува и тешко се заведува. Се нуди со поглед, но добро знае до каде треба да оди. Освојува со леснотија и не поднесува сцени, приговори, озборувања, не го дели љубовникот со друга. Наметнува комплекси и конфликти. Не дозволува да и се мешаат во нејзините работи, на верноста одговара со верност, наверна е само за да врати. Се плаши од љубомората, затоа ги спалува своите чувства ако намириса неверство и веднаш бара објаснување.