ПОЧЕТНА

ОВЕН

Мажот Овен е авантурист и сака предизвик, па затоа негова омилена забава е флертувањето. Не е многу избирлив, поважно му е нешто да се случува, отколку со кого се случува. Но, иако ова е некакво правило, сепак тоа може да има и свои исклучоци. Кратко кажано мажот Овен лесно освојува. Овој човек освојува со оптимизмот, ентузијазмот, храброста, самодовербата, со решеноста во нешто да се тргне и да се успее во тоа. Сите овие негови адути во освојувањето тој ги знае многу добро, затоа што е многу самосвесен. Бидејќи му е најважно својата успешност постојано да ја потврдува, а во согласност со ова и да остави добар впечаток, тој своите позитивни особини великодушно ги нуди, а ги потиснува оние, навистина ретки, но сепак постоечки, помалку посакувани, не дозволувајќи им да се покажат. Па така, контролирајќи се себеси и совладувајќи една по една препрека, за да дојде до она што го посакува, тој успева. Тој е сакан и посакуван... но понекогаш и тој може да ја изгуби главата и тогаш е спремен на се. Тоа е знак дека дошло нешто што е за него повредно од она претходното, дека пристигнало можеби она вистинското - ЉУБОВТА. А љубовта бара игра за двајца. Овенот тоа го умее и тоа многу убаво. Тоа е всушност тајната на успехот на мажот Овен.

И жената Овен е вистинска авантуристка, која повеќе од се сака предизвици. Бидејќи е многу храбра не се воздржува ни од предизвиците на сопствената судбина. Затоа непрекинато се додворува, кокетира, флертува, а на оној кој посебно ќе и падне во очи му испраќа тајни, но нему разбирливи пораки, гледајќи го право во очите. Жената Овен освјува со енергичната страственост, оптимизмот, ентузијазмот, самодовербата, сигурноста во себе, храброста, со постојаната потреба да се докажува, со спремноста за нов почеток. Секое евентуално разочарување во неа раѓа мотив да тргне понатаму, така што тоа најчесто станува темел за нова среќа. Токму кога ќе помисли дека ова не е нејзино време, дека мажите не се интересни и дека не се вредни за напорот, тогаш на оваа жена и се разбрануват емоциите и наместо да биде очајна, станува опасна, како во емотивна така и во еротска смисла... Таа изразено плашливо освојува, па тоа делува како гром од ведро небо. Тајната на нејзиниот успех е токму во тоа, во изненадната промена, со која на мажот не му дозволува да остапи. Но сигурно и тој тоа не го сака, заради нејзината светлина, ведрина и топлина.