РАКОТ

Рак и Овен 
Во оваа врска не може да дојде до усогласеност исто како водата и огнот. Двајцата трпат, се расправаат заради куќата, родителите, домот и татковината. Среќна околност е тоа што Ракот може долго да трпи, па се некако природно тече. Не ги врзува страст затоа што огнените чувства на Овенот и водените длабоки чувства на Ракот никогаш нема да се усогласат. Овенот во љубовта е агресивен, а во сексот не обрнува внимание на потребата на Ракот за романтика и нежност. Кога едната личност е толку сложена, а другата толку директна тешко е да се оствари хармонична врска.            

Рак и Бик    
Идеалите на овие двајца се куќа опкружена со цвеќиња, сигурен имот покрај вода и богата маса. Во домаќинството соработуваат одлично, на маса се веселат покрај јадењето, но во креветот се е млитаво и неспретно, повеќе надујаност отколку коитус. Иако Бикот е конзервативен има големи сексуални потреби и Ракот користејки ја својата бујна фантазија може да се обиде да спречи појава на досада во нивниот однос. Бракот на оваа комбинација е цврст, затоа што во сферата на корисното и материјалното остануваат заедно со куќата, децата и обичаите, и се додека ги врзува нема страв од раскин.                  

Рак и Близнаци    
Во почетокот на Ракот можат да му се допаднат некои особини на Близнаците, како што се уживање во животот, шарм и дарба за комуницирање. Сепак длабоко во душата чувствува дека се многу различни. На импулсивното однесување на Близнаците со време ќе дојде во конфликт со Раковата склоност кон мир на домашна атмосфера. Близнаците во сексот се возбудуваат врз основа на нивното моментално расположение, додека раковите бараат љубов и нежност. Ако таквото однесување потрае, Близнаците ќе избегаатт и ќе побараат нешто ново. Многу тешка врска со оглед на нивните различни карактери.     

Рак и Рак     
Овие двајца се сложуваат затоа што се прилагодливи како вода. Но ваквата врска не е интересна затоа што се постојано во свој круг и околината им се чуди како не им досадило. Меѓутоа нив не им треба совет од околината. Ако се расправаат тоа е заради децата, семејството, работата и инвестициите, но тоа можат сами да го надминат. Повеќе се сложуваат душевно отколку еротски, си раскажуваат за семејството, религијата, мистиката и.т.н. Во љубовта нивните замрсени чувства можат да донесат незгоди, затоа што моментите кога желбите им се поклопуваат можат да бидат многу ретки. Тоа заедно со склоноста на секој од нив да бара од партнерот да се прилагоди, придонесува за претерано драматизирање на нивната врска.

Рак и Лав                
Тоа е пар кој рано оди во кревет, има средено семејство, ја поддржува трајноста на брачните должности без потреси и екцеси. Ако се јави несогласување тоа нема да излези во јавност. Ракот е многу внимателен и ја надополнува невнимателноста на Лавот. Поприродно е ако Ракот е жена. Мажот Лав од неа ќе очекува восхитување и почитување. Нејзината грижа за иднината него само го забавува и потполно му е несватлива. Во сексуалниот однос мажот Лав знае да биде многу прост, додека жената Рак очекува внимателен и нежен настап. Ако жената е Лав тогаш мажот Рак е член на папучарското здружение
Рак и Девица         
Во очите на околината изгледаат како идеален пар. Меѓутоа еротската врска не е јака ниту страствена како што сакаат да ја прикажат. Во самата игра Девицата прави недолични постапки кои ја навредуваат длабоката интима на Ракот. Овие двајца подобро да не го испитуваат минатото, затоа што сомнежите кои се јавуваат фантазијата можи да ги преувеличи. Ги врзуваат прашања околу здравјето, домот, исхраната, економијата и сл. Многу малку е веројатно дека сексот во оваа врска ќе има значајна улога затоа што ни еден од нив не чувствува  голема потреба за него. Но сепак тој ќе биде фактор кој во нивниот живот ќе внесе повеќе топлина и нежност. Хармонијата во оваа врска ќе ја нарушуваат само ситни расправии.   

Рак и Вага  
Двајцата се емотивни и подеднакво се плашат нивната интима да не излезе во јавност. Затоа  и несигурниот брак трае долго. Еротските односи не се уредни, се разликуваат во темпото. Страдаат без потреба и неверуваат дека и партнерот доволно страда. Секогаш се подготвени за компромис, не го бараат она што го нема и како времето одминува се повеќе се посветуваат на децата и домот. Неверноста е ретка иако врската е многу ладна. Стремењето на Ракот за романтика и нежност понекогаш не е многу стимулативна за Вагата. Вагата може да ја возбуди и помисла на разни сексуални изопачености додека Ракот тоа може да го разлути. Многу често затегнати односи.    

Рак и Скорпија     
Ова се судбински важни врски кои неможат да ги расипат ниту лошите аспекти. Скорпијата како партнер е љубоморна, но Ракот вознесува со својата верност. Ракот бега од дома и се бори на многу места, но кога ќе дојде дома се смирува во топлото крило на Скорпијата. Жестоката Скорпија бара се или ништо, за предаство убива, но топлиот Рак го смирува. Овие две личности ги мотивираат чувствата и интуицијата. Врската која ги врзува обично е многу цврста. Раковиот чувствителен пристап кон сексот може само да ја продлабочи врската. Овие двајца ветуваат беспрекорна заедница.    

Рак и Стрелец       
Водата и огнот не се поднесуваат. Многу лесно и покрај најдобра волја доаѓа до несогласување. Можат долго да работат заедно, а да не се појави еротска желба. За ова врска да биде до некаде успешна двајцата партнери ќе мораат да ужваат во расправии. Кога Ракот сака да остане дома покрај телевизор, Стрелецот ќе се обиде да го убеди да излези со него. Кога нема да успее излегува сам да бара возбудување. Во сексот не се сложуваат многу, затоа што Ракот е премногу напорен и романтичен. Чувствата на Стрелецот не се многу длабоки за да ги надминат препреките во оваа многу нестабилна врска.         

Рак и Јарец
Ова е интересна врска, која спрема вишите закони  како да се создадени еден спрема друг. Еросот како да не постои, оргазмот не е за нив, многу им е важна сигурноста и спремни се на секакви жртви. Мала е вероватноста дека ќе се појават финансиски проблеми бидејќи и двајцата се штедливи и економични. Ракот ќе мора да ја прифати амбициозноста на Јарецот во остварувањето на неговата кариера, што значи дека треба да се помири со фактот дека Јарецот нема да му посветува  доволно време. Подобро ако мажот е Јарец, затоа што тој добро знае што треба да се прави и е свесен за неговите реални способности. Ракот повеќе трпи, но е среќен да страда за своите идеали. Двајцата ќе мораат многу да се потрудат околу оваа врска.        
           
Рак и Водолија     
Астролошки тешко разбирлива врска. Тоа е посредна врска на два посебни светови, помеѓу нив е темното минато и светлата иднина, тајната на животот и космосот, страдањето за семејството и човештвото. Ги зближуваат окултните науки, тајните на природата, борбата за народот, а понекогаш и здравствените прашања. Ракот подолго ќе страда  затоа што се концентрира на домот, а Водолијата може неочекувано да страда бидејќи е насочена кон надворешните опасности. Оргазмот не е нагласен, но секој коитус добро ги освежува. Тоа е мистична врска на која и оди во прилог и автосугестијата. Ракот мора ментално да го стимулира овој партнер  за да може со разговор да го наведе на секс и така да предизвика негова физичка реакција. Оваа врска највероватно кратко ќе трае.       
           
Рак и Риби 
Самаританска љубов, исполнета со меѓусебно помагање и жртвување, наоѓаат допирни точки во религијата, традицијата, социјалните проблеми. Внатрешна топлина која е нагласена, мекото надразнување кое длабоко ја предизвикува психата без оглед на тоа кој тип е машко или женско, овозможува задоволителен сексуален однос. Двете личности во оваа врска имаат силна фантазија и инстинкти, па треба многу лесно да се разбираат. Слабиот однос кон децата ги пореметува душевните контакти, па доаѓа до губење на реалноста во сваќањето за домот и семејството и настануваат несогледливи компликации. Оваа врска е добра и трајна.