РАК
Работа
Првиот квартал на годината ќе бидете со исклучително ниско ниво на енергија, недостаток на амбициозност и мрзеволност. Комуникациите ќе ви бидат солидни во првите два месеци од годината и ќе бидат добра основа за подготување на теренот за пролетниот период. Од друга страна во овој период ќе бидете доста мудри а со таа мудрост лесно ќе ги прикривате гореспоменатите недостатоци. Јавниот живот ви е поволно аспектиран и почетокот на годината е добар за политичарите и јавните личности. Ќе бидете вешти говорници, ќе делувате авторитативно и доста промислено. Па доколку сте политичар имајте на ум дека овој период може да ви биде доста успешен. Месец Март нагло ќе ја изгубите самодовербата а можеби ќе бидете измамени или изиграни. Исто така во овој период доаѓа до замрзнување на полето на комуникациите посебно за родените во првата декада. Во месец Април Марс планетата на енергијата влегува во ваШиот знак што значи ќе се одликувате со високо ниво на енергија меѓутоа голем период од овој месец ќе биде негативно аспектиран од Сонцето што значи дека таа енргија ќе биде повеЌето деструктивна. Во овој период можни се конфликти како со претпоставените така и со блиските соработници, а можеби некои од нив и трајно да ги загубите. Конечно во Мај се се разведрува и се сес средува. Доаѓа до значително подобрување во односите со соработниците, меѓутоа за односот со претпоставените ќе мора повеЌе да се потрудите. Можни се службени патувања во странство кои ќе ви донесат успех и напредок во кариерата посебно ако сте родени во третата декада. Исто така можни се и кратки патувања во овој период , највероватно ќе помагате некому, на некој ваш пријател во врска со некоја бизнис. Од тоа нема да иамте некаква заработувачка меутоа тоа што сте од помош ќе биде доволна сатисфакција за вас. Во Јуни ќе мора да се чувате од тајните непријатели, некои од нив највероватно ќе добија тпоголема моќ па ќе моете да ги препознаете. Летниот период ви се враќа самодовербата, енергијата и комуникативноста меѓутоа ваШите тајни непријатели и понатаму ќе работат против вас а тоа ќе го разниша штотуку подобрениот однос со претпоставените. Исто така во овој период избегнувајте јавннастапи. Во месец август ќе бидете коконцентирани на финансиката ситуација сите активности кои ќе ги превземате претгодно добр ќе хи анализирате али се доодовми. Тоа донекаде е добро но постои опасност поради лоша проценка некоја добра зделка да ја изгубите. Комуникатвноста со претпоставените во овој период се зголемува но за сметка се влиошува со соработниците. Септември повторно влегувате во акција со нови сили , но пречките во комуникацијата ќе ви го успорат успехот. Месец Октомври ќе ви биде доста среќен скоро на сите полиња а тоа и воедно ќе биде подготовка за проектите и активностите кои ќе ги превземате во последните два месеци од годината. Во овој период загарантиран ви е успехот, меѓутоа само како самостоен работник . работата во тим не гарантира успех. Бидејќи ќе ви недостадува потребното ниво на комуникации и толерантност. Декември ќе бидете целосно посветени на работата. Новото работно место ќе ви биде дополнителен мотив да се докажете како пред поставените така и пред самите себе.



Љубов
Во 2023 година имавте доста прилики за љубовна врска но малкумина од вас ги искористија. Тие што успееаја да ги искористат во оваа година ќе уживаат во истите додека слободните ќе мора малку повеќе да се потрудат, но и да ги намалат критериумите. Со подобрувањето на финасиската состојба во месец Јануари работие во бракот наеднаш ќе почнат да се средуваат. Некои мали непромислени потези од ваша страна можат да бидат причина за некои расправии и недоразбирања со партнерот само доколку ја нема потребната флексибилност. Феруари ќе биде исклучително среќен за Раковите во брак, а исто така е доста добар за стапување во брак. Коњукцијата на Јупитер и Венера укажува на доста љубовни настани, но и концентрација на цела енергија токму на ова поле. Во Март заладуваат односите со првите финансиски потешкотии. И понатаму ќе наоѓате начин да ја зачувате потребната хармонија, а во тоа ќе успеете. Ако сте слободни во овој месец избегнувајте ги новите љубовни врски, особено со недоволно познати личности. Бидејќи Април ќе бидете насочени кон ваша лична афирмација многу малку време ќе му посветувате на љубовта. Бидете повнимателни во овој период од вашиот партнер го имате разбирањето, само треба малку повеќе да се потрудите околу неговите желби и потреби. во пролетниот период очекувајте доста турбуленции на ова поле посебно ако сте родени во првата декада. Можни се афери поврзани со некои кратки патувања или некакви флертови со соработниците меѓутоа ќе имате голема заштита од Венера планетата на љубовта, па сето ова можеби добро ќе заврши. Родените во третата декада во овој период ќе бидат доста љубоморни можеби ќе имаат и основа за тоа, но малце поголема флексибилност и разговор може да го реши проблемот. Слободните во овој период и понатаму ќе бидат во потрага по нова љубов, но за среќа ќе мора да причекаат. Месец Септември почнуваат проблемите во семејството, а тоа е она што најповеќе ве боли. Се јавуваат доста судири помеѓу децата и некој од родителите, финансиите нема да бидат проблемот, навероватно ќе се работи за некакво непочитување и своеглавост. Месец октомври е доста среќен за слободните, во овој месец можите да остварите добар почеток на врска која ветува. Во семејството во овој месец се средуваат односите, можни се фамилијарни патувања кои ќе бидат добра подлога за средување на односите. Од друга страна некој проблем кој нагло се појавува ќе биде причина за хармонизирање на односите првенствено во бракот, а потоа во семејството. Ноември исто така е поволен за нови љубовни врски, највероватно тоа ќе се случи ненадејно во поселеден момент кога најмалку ќе очекувате. Машките претставници нека бидат повнимателни во изборот во овој период можат да бидат измамени или пак со влегување во оваа врска, да си отворат ривалство, а можеби и физички пресметки. Во декември ќе ги смирите страстите и емоциите и ќе почнете малку потрезвено да размислувате за вашата љубовна состојба. Во целост 2024 е одлична година за љубов посебно за раковите во брак или оние кои планираат да влегуваат во брак. Среќата е на ваша страна само треба да ја зграпчите.



Здравје
Преку целиот зимски период енергијата ќе ви биде на ниско ниво и опаднат имунитет. Во Фебруари малку ќе закрепнете меѓутоа во Март повторно ја губите енергијата. Ваквата состојба ќе ве прати се до Мај кога нагло ќе ви се наполнат батериите. Овој период е добар за закрепнување од болести, но како проблем може да ви се јави преголемо конзумирање на алкохол и болки во колената. Во Јуни ќе се чуствувате прекрасно ќе имате одлично ниво на енергија, па периодот е добар за спортистите и за постигнување на врвни резултати. Јули е лош за хроничните болнипосебно оние кои имаат проблем со нервите и вените. Наредните месеци се до Октомври ќе имате просечна здраствена состојбадодека во ноември можете да очекувате значително подобрување. Исто така периодот е добар за разуавување промена на фризура, нов имиџ и сл.