Август
Работа

Поставеност на Марс во знакот на Скорпија, ветува нови работни прилики кои најповеќе ќе ги искористат Раковите кои се незадоволни од досегашанта ситуација. Сеуште не заминувајте на годишен одмор имате допрва работи кои треба да ги средите. Побарајте нова работа или веќе ако работите и сте на годишен одмор побарајте некоја хонорарна работа, ќе имате прилика за добра заработка. Сите хонорарни активности ви се поволоно аспектирани и ќе ви донесат многу повеќе пари одколку што сте очекувале. Многу повеќе среќа ќе иамте доколку пронајдите работа надвор од вашето место на живеење и кое ќе биде поврзано со комуникации. Можеби работата во туристичка агенција би била среќна околност. Најтешко ќе се насаоѓаат Раквоите кои работаат во затворени простории и големи институции. Ќе чувстуваат дека име е потребен годишен одмор а можеби нема да имаат прилика за тоа. Доколку навистина сте многу оптеретени и чувствувате дека ваквата состојба му штети на вашето здравје, земете боледување и напрвете краток одмор во некое летувалиште. Втората половина од месецот е нешто поповолна од првата, работата која долго врме ја барате можеби токму сега ќе ја најдете, а добивките од хонорарните приходи ќе ви решат многу финасиски проблеми. Можете да очекувате и помош од некои роднини. Финасиската состојба ќе ви биде многу подобра од очекуваната. Ве очекуваат многу среќни промени, решавање на стари долгови и сл. Исто така Август е поволен за работите поврзани со недвижнини. Ќе слушнете добри вести во врска со некое наследство кои ќе бидат пропратени со семејни расправии, но сепак среќно ќе се завршат во ваша корист.


Љубов

На љубовен план Август не ви носи некои позначајни промени во однос на Јули. Првата половина од месецот ќе ви донесе многу љубовни возбудувања, меѓутоа ништо позитивно нема да се случи. На моменти ќе добивате силни напади на емоции, кои ќе ви бидат проблем за вашата внатрешна рамнотежа. Не дозволувајте да ве преокупираат чувствата и да ги водат вашите постапки. Така навистина ќе бидете несреќни, а последиците ќе бидат неизбежни. Втората декада од Август ќе ви донесе малку среќа во љубовта, но при тоа не брзајте бидејќи состојбата не е целосно расчистена. Не вложувајте премногу ако треба бидете сами. Постојано ќе наидувате на погрешни партнери, а во врска ќе влезите со точно онаа личност коај треба најповеќе да ја избегнвуате. Сериозно запрашајте се зошто тоа ви се случува токму вас и доколку не го знаете одговорот побарајте помош од некои ваши блиски пријатели. Обидете се барем овој месец да ве води разумот и избегнувајте го друштвото на личности кои не се достојни на вас. Некои пријатели од блиската околина ќе лечат комплекси на ваша сметка. Проверете дали сето тоа што го кажуваат е вистина и не ставајте се на срце. Слушајте ги добронамерните совети од пријателите и ако е потребно повлечете се од пошироката околина. Ќе ве оптеретуваат и семејните проблеми и доколку и за нив почнете да се грижите тогаш навистина ќе си направите проблем со здравјето. Слободните преку целиот месец не смеат да бидат лекомислени и при секое влегување во врска претходно добро запознајте ја личноста, а потоа дозволете чувствата да ја водат играта. Мора да реагирте рационално. Раковите кои се во брак не смеат според настаните да го оценуваат квалитетот на својата врска. Можни се кризи, но исто така и решенија. Избегнувајте ги флертовите и љубовните авантури за решавање на сопствените проблеми тоа може навистина трагично да ја реши иднината на вашата врска.


Здравје

Првите две декади од август ви носат добра здрсатвена состојба, меѓутоа во третатат декада стигнуваат и првите напнатости, а со тоа и здраствени проблеми. Проблемите ќе бидат повеќе психички одколку физички. Ќе бидете доста чувстивтелни и лесно ќе потпаѓате под туѓа негативна енергија. Имунитетот ќе ви биде доста ослабен, а чувствителни ќе ви бидат бешиката и бубрезите. Монжни се проблеми и со кожата доколку соодветно не се заштитувате под сончевите зраци, а кај постарите проблеми со циркулацијата. Ќе мора малку повеќе да се грижите за вашето здравје, а помалку за другите.


Совет

Обидете се да бидете посамостојни и со поголема самодоверба. Исклучете ги чувствата колку можете повеќе.


Идеален партнер

Девиците во овој период ќе бидат најсреќна комбинација за вашите неконтролирани чувства. Во очите на околината изгледаат како идеален пар. Меѓутоа еротската врска не е јака ниту страствена како што сакаат да ја прикажат. Во самата игра Девицата прави недолични постапки кои ја навредуваат длабоката интима на Ракот. Овие двајца подобро да не го испитуваат минатото, затоа што сомнежите кои се јавуваат фантазијата можи да ги преувеличи. Ги врзуваат прашања околу здравјето, домот, исхранат, економијата и сл. Многу малку е веројатно дека сексот во оваа врска ќе има значајна улога затоа Што ни еден од нив не чувствува голема потреба за него. Но сепак тој ќе биде фактор кој во нивниот живот ќе внесе повеќе топлина и нежност. Хармонијата во оваа врска ќе ја нарушуваат само ситни расправии.