ВОДОЛИЈАТА

Водолија и Овен
Кога двајцата првпат ќе се сретнат, мометот е величенствен, експлозивен као гром. Оваа љубов брзо се разгорува, но исто така може да се угасни брзо. После првото дете, овој однос останува заради децата и околината, двајцата почнуваат умерено да се дистанцираат. Оваа врска е многу интересна, може изненадно да започне, но може и да потрае. Ако дојде до неверство, Овенот одма ќе раскине, додека Водолијата нема да поставува многу прашања за тоа. Ако двајцата се интелектуалци оваа врска може да биде трајна и интимна, бидејќи во тој случај помалце ќе бидат подложни на предрасуди.

Водолија и Бик
Во оваа комбинација компатибилноста и разбирањето се постигниуваат со многу напор, но наградата секогаш е чувството дека е остварено нешто навистина вредно. Овие двајца можат да бидат оддалечени како земјата и небото, секогаш еден од нив ќе остане незадоволен. Бикот е конзервативен, живее во сегашноста, додека Водолијата е лесноумна и екстравагантна и често живее пред своето време. Тоа се најважните разлики помеѓу овие две битија и тешко е да се замисле нивниот разговор. Може да ги поврзе веселбата, друштвото, музиката, уметноста, децата. Во сексот и темпераментот и темпото не им се сложуваат.

Водолија и Близнаци
Ова се два воздушни знаци, па со тоа постои взаемна и искрене љубов. Спонтано се сретнуваат и без предрасуди влегуваат во љубовна врска. Ги поврзуваат идеали, музика патувања, авантури друштва итн. Не се љубоморни еден на друг, секогаш се во лов на нови сензации и создаваат нови и нови познанства. Близнаците се површни, додека Водолијата има нешто подлабоки чувства и лесно продира во суштината на нештата, па со тоа лесно се усогласуваат. Во оваа врска се зависи од Водолиите и од степенот на ниваната ексцентричност. Можат да имаат добар брак.

Водолија и Рак
Ова е посредна врска на два посебни светови. Меѓу овие два е темното минато на Ракот и светлата иднина на Водолијата, тајната на животот и тајната на вселената, страдањето за семејството и страдањето за човештвото. Оваа врска тешко се објасува. Ги зближуваат окултните тајни, тајните на природата, животните, планините, реформите, борбата за народот, а понекогаш и прашањето за здравјето. Ракот може да страда подолго затоа што е концентриран на домот. Додека Водолијата може да страда ненадејно, затоа што е свртена кон надворешните опасности. Немаат богат сексуален живот, но секој однос на некој начин го освежува.

Водолија и Лав
Нивните доживувања се надпросечни, брзо меѓусебно се доверуваат и лесно се одлучуваат за секс или брак. Заеднички им се две особини- непоколебливоста на своите ставови и гордоста.  Лавот сака смиреност и стабилност, меѓутоа сепак ги опростува слободните испади на Водолијата. Подобро е ако Водолијата е машко. Одлика и на двајцата е независноста и неподнесувањето на авторитети. Ако сепак дојде до одредени недоразбирања тие ќе бидат жестоки и страствени, најчесто поради некои споредни работи.

Водолија и Девица
Оваа врска тешко дека ќе се развие повеќе од кратка авантура. На Девицата во почетокот ќе им се допадне возбудувањето што и го овозможува Водолијата, а нејзиното интензивно ангажирање во животот ќе и изгледа возбдливо. Но после кратко време нивните суштински разлики ќе испливаат на површина. И едниот и другиот ги мотивира менталната стимулација, меѓутоа Девицата очекува да се мотивира од некои заеднички интереси и конструктивни разговори, а Водолијата ќе побара мотивација во некои надворешни активности. Лоша комбинација

 Водолија и Вага
Двајцата ја почитуваат слободата на партнерот и се со сличен теперамент. Меѓутоа на Водолијата и смета површноста на Вагата и потребата за монденски излегувања. Можат да останат заедно под услов секопј да има свој друштвен односно, интелектуален свет. Иако сексот на Водолијата не и значи многу, Вагат може тоа да го промени. Вагата ќе и покаже на Водолијата како да го употреби својот оригинален ум во таа сфера од нивниот однос и ќе и открие што се може да се стори со малку фантазија во сексот. Ова е многу стимулативна врска.

Водолија и Скорпија
Драматичноста на сцените кој ги приредува Скорпијата, најмногу може да ја нервира Водолијата. Скорпијата е посесивна и ќе се обиде да ги поседува и мислите на Водолијата, но Водолијата се може да даде, но не и своите мисли. Ќе и смета истот така и материјалистичкиот став на Скорпијата, нејзиното поседување на материјални добра и луѓе и Ќе се труди да ја убеди дека нејзе никој не може да ја поседува. Подобро да не се ништо друго освен пријатели. На Водолијата пристојството и е најважнои тоа е единствена можност на Скорпијата да ја задржи оваа необична личност долго во својот живот.

 

Водолија и Стрелец
Ова е сјајна комбинација на две инвентивни и друштвени суштества. Одлично се сложуваат во сите подрачја па и во сексот. Често се движат во одбрано друштво и нивното однесување е снобовско. Тие всушност внимаваат на сите ситници, како во друштвото така и во приватниот живот. Стрелецот нема сексуални инхибиции и е потопла личност отколку Водолијата. Недостатокот на љубомора кај Водолијата и нејзината доверба Стрелецот може да го протумачи како отсуство на вистински чувства. Несогласност може да се јави во нивнаите емоционален однос.

Водолија и Јарец
Во овој однос Јарецот може да биде изнервиран од односот на Водолијата спрема кариерата, затоа што таа се занимава со многу работи, постојано трагајќи за нови предизвици и простори. Очајничката потреба на Јарецот за финансиска сигурност е потполно несватлива за Водолијата, таа не може да го троши своето време на толкју досадни работи како што се парите. Расправи и судири во сексот се неизбежни затоа што Водолијата е често надвор од дома и тоа токму во моментот кога Јарецот ќе заопадни во некоја од своите депресии и кога ќе му биде потребна љубов и поддршка.

Водолија и Водолија
Овие двајца се сретнуваат лесно и изненадно најчесто со голема веселба, а потоа средбата дури и ја забораваат, па треба да чекаат друга. На состанок не доаѓаат уредно. Во сексуалниот однос влегуваат едноставно, а потоа следуваат разни осцилации и експерименти, перверзии, но и привремени нагли разделувања. Во суштина тие се добри другари иако едниот има брачни или вонбрачно дете. Во тие случаи меѓусебно се помагаат воспитувајќи ги децата без разлика чии се. Ги поврзуваат и заедничките интереси како што се работа на филм, иноваторство, политика, деца итн.

Водолија и Риби
Нешто не е чисто во оваа врска. На прв поглед тивки, повремено бурни промени на расположението ги следат и двајцата во овој однос, посебно после добра чашка или дрога. Овој однос се одликува со ексцентричности, залажување, чудна романтика, големи разлики на еротски претерувања и смирувања. Самиот пристап е сложен: Водолијата пристапува јасно и отворено не очекувајќи ништо посебно, додека Рибата пристапува тивко и заскриено очекувајќи многу. Имаат прилично неуреден сексуален живот. Разделбата на овие двајца може да биде многу тажна. Ова е првенствено психолошка врска и ретко долго издржуваат .