ВОДОЛИЈА
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Водолија - Овен
Оваа комбинација дава личност која е избувлива и во друштво лесно и бурно реагира на провокации. Има изразени способности за иноваторство во многу области, а посебно за пронајдоци во машинството. Многу често се служи со протекции, иако неговите планови за иднина се многу јасни. Поседува изразени способности за работа во театар, но исто така оваа комбинација може да се сретне и во политичките кругови посебно во парламентот.

Водолија - Бик
Човек кој во својот натален хороскоп ја имаа оваа комбинација, има мрзлива волја која тешко се активира. Во животот може да биде приврзаник на една догма. Конзервативен е со свои посебни погледи на светот и животот. Често му се јавуваат проблеми и судири меѓу идеализмот и материјалните добра. Има изразена способност за уметничко изразување, пред се за скулптура и музика, а се изтакнува како теоретичар на формата. Карактеристично за овие личности е нивниот неиобичен став кон здравјето, често се хипохондрици.

Водолија - Близнаци
Активна и многу подвижна личност. Човек со оваа комбинација многу патува, често во странство, и воопшто не е врзан за татковината. Карактеристично е тоа што лесно стапува во контакт со странци и брзо ги запознава. Може да биде внимателен дипломат кој е оддалечен од било какви сурови средства. Има изразена дарба за музика. Во друштвото е познат по говорливоста и многу често непотребните филозофирања за било каква тема на разговор.

Водолија - Рак
Родените со ваква комбинација на знак и подзнак имаат бујна фантазија, комплициран карактер кој околината тешко го разбира. Имаат благородна природа и често живеат боемски живот. Можат да се сретнат на места каде што се вршат опасни работи. Многу често водат повлечен живот со многу длабок емотивен живот. Во животот можат да ги следат многу неочекувани промени и не ја сваќаат добро реалноста. Слабите нерви можат да им прават проблеми на овие луѓе.

Водолија - Лав
Ова е личност со многу провокативен карактер, лесно избувнува, активен е, и бара сатисвакција во јавниот живот. Укажува извонредна храброст кога ќе се најде во опасност. Има изразени владетелски карактеристики и постојано бара одобрувања. Брачниот другар на ваквиот човек може да работи повеќе занего отколку засебе. Комбинација која осигурива успех во било која работа која има врска со јавноста, јавното мислење и јавниот живот. Бракот на овие луѓе е често пати среќен. Има многу јавни пријатели.

Водолија - Девица
Ова е човек со извонредна, скоро чудесна интуиција, со изразена способност за анализа на карактертот. Често живее осамено, со некоја чудна меланхолија, уште почудни надежи и пасии, несфатен од околината која го опкружува. Неговиот живот е чудесна игра на анализа и синтеза, теза и антитеза. Има извонредни способности за музика, но уште подобри за литература, посебно за пишување на романи. Иако има успех сепак бара соработка и од конкурентите.

Водолија - Вага
Комбинација која дава пред се премногу љубезна, убава но и сангвинична личност. Овој човек има изразена склоност кон трошење на пари. Доживува извонредни успеси во љубовата и игрите. Како лиост е омилен во било кое друштво, заради шармот, но и заради оригиналноста. Многу често во животот му се згадува заради нееднаквоста на луѓето. Секогаш е од страната на правдата , и секогаш има високи цели во животот. Го привлекува секоја уметност и се што е поврзано со убавината.

Водолија - Скорпија
Силната концентрација на мислите и волјата е една од најважните карактеристики на луѓето родени со оваа комбинација. Работливи се и упорни. Неораќаат вниманмие на мислењето на толпата. Животот го проживуваат во стилот на немирни револуционери. Често ги следи параноја. И покрај се овие личности проживуваат длабока и добра старост. Инстиктивни ги читаат туѓите мисли, своеглави се, а за кризата на нивната положба криви се самите. Често пати себеси се преувиличуваат.

Водолија - Стрелец
Водолија родена со подзнак Стрелец е хумана личност и пред се искрена. Добро ги познава луѓето и има забележителни успеси во околината во која живее. Поседува јака интуиција. Секогаш е џентлмен. Често патува и може да се сретне во политичките кругови. Има изразени способности за студирање на општествени науки, а посебно се истакнува како правник. Има дарба за музика. Не му се допаѓаат огранижувања и тешко се врзува за една личност. Во својот живот има мноду врски и пријатели. Може да боледува од жолчката.

Водолија - Јарец
Човек со ваква комбинација е многу молчелив и воздржан и напаѓа само после долго молчење и тоа со целата резерва на снага. Тром е, и скоро неактивен во секојднавниот живот. Изразен скептик, поточно мудрец кој мисли дека светот не го разбира, а всушност е сосила осамен. Има изразени способности за технички науки и има успеси како инженер. Има многу малку пријатели. Може да доживее несреќа од занимавање со политика и било каков вид на фанатизам, кон кој е изразено склон.

Водолија - Водолија
Човек со избувлив и непредвидлив карактер. Со специфична фантазија. Со оваа комбинација се раѓаат луѓе кои се најголеми чудаци, кои живеат посебен живот кој не е својствен за ова време. Може да биде настран, но и многу хумана личност. Овој човек ја мрази суровоста, но склон е и самиот да се однесува сурово ако биде предизвикан. Независен е и секогаш заинтересиран за се што е ново. Има голем круг на пријатели и поседува огромно разбирање за туѓите проблеми. Осетливи места му се срцето и нервите.

Водолија - Риби
Личност родена со ваква кобинација е верна на некоја идеологија. Интуитивно брзо го препознава непријателот. Живее повлечен осамен живот или често работи во затворени институции. Може да се сретне во хуманитарна акција од било каков карактер, каде е всушност и најактивен. Има изразени способности за пишување, посебно за романи. Чувстителна личност со богат емотивен живот. Може да постигне финансиски успех, но е непостојан и има слаба волја.