ВОДОЛИЈА
Работа
Водолиите во споредба со сите останати знаци најмалку се љубители на парите, меѓутоа 2024 година ќе биде сосема спротивното. Сите активности кои ќе ги превземате преку целата година ќе се вртат токму околу парите. Посебно активни на ова поле ќе бидат родените во третата декда. Месец Јануари е поволен за тајни и сомнителни зделки, а како помош ќе користите некои политички влијателни личности или можеби партнерот. Судирите со законот не се исклучени, меЃутоа резултатите сепак ќе бидат позитивни и во ваша корист. Внимавајте од загуби и не ги користете оние пари кои сте ги планирале за студирање, свадби и сл. Исто така оваа година можете да очекувате некое наследство, а најповолен исход ќе имате доколку тоа го реализирате во месец Фебруари. Овој месец поволен е за комуникации од секаков тип, а посебно е успешен за вработените во затворени установи како на пример докторите и сл. март повторно влегуватево шема со финансиите, но во овој период не се препорачливи никакви финансиски трансакции, освен ако се работи за сигурна заработка со голема помош од пријателите. Самостојната работа не е добро аспектирана најдобро ќе функционирате во тим, бидејќи некој постојано ќе треба да ве потсетува дека обврските ви заостанале. Во Април се јавува некој застој во комуникациите, периодот не е поволен за никакви патувања, а исто така во овој месец се јавуваат и првите проблеми на работното место. Конфликтите со соработниците ќе ви бидат се почести ќе се однесувате доста арогантно ќто не е својствено за вас, а исто така во овој период како проблем ќе се јави пренагласената гордост. Највероватно причината ќе биде во вашите големи успеси на полето на финансиите, па можеби некој ќе треба да ви помогне да се спуштите на земја. Во Мај ситуацијата нагло се подобрува односот со соработниците ќе ви биде сеуште заострен, меѓутоа многу побаг во однос на минатиот месец. Периодот е одличен за нови работни места, па доколку не сте вработени барајт епомош од вашите влијателни пријатели бидејши во овој месец шансите ви се одлични. Јуни е одбар за јавни настапи, а исто така е добар и за финансиите. Во овај и наредниот месец ќе заработувате без некои посебни тешкотии, пари ќе ви доаѓаат неочекувано и од извори за кои ни на крај памет не ви паѓало дека можат да бидат поволни. Во јули ќе ви се појават некои пречки во работењето периодот не е поволен посебно за женските претставнички и оние кои се занимаваат со трговија на облека, парфеми, галантерија и сл. од месец Август па до крајот на рековната година работата со финасиите почнува да опаѓа меѓутоа сеуште ќе биди во натпросечно ниво. Преку целиот овој период ќе имате заштита од планетите, но и загубите ќе бидат неминовни. Во Октомври ќе почнете сериозно да се занимавате со кариерата, а во Декември веќе ќе ги имате првите поволни резултати. Во овие месеци, агресивно ќе се обидувате и да ја подобрите вашата материјална состојба. Внимавајте на законот, преголемата желба може да ве натера да направите нашто непромислено. Декември се јавува мала стагнација во сите сфери од работењето, па периодот можете да го искористите за патување или усовршување на вашето знаење. Генерално ве очекува поволна година за работата а како што горе напоменавме исклучително добра за финансиите. Исто така годината е поволна за решавање на работи поврзани со некакви наследства.



Љубов
2024 година ќе ја започнете со расправии и нетрпенија во семејството. Се јавуваат проблеми внатрешно меѓу членовите на семејството од финансиски причини. Највероватно не ќе можете да ги задоволите потребите на сите или пак можеби ако очекувате пари од родител нема да го добиете заслужениот дел. Во Фебруари овие проблеми наеднаш ќе престтанат сите работи поврзани со парите Ќе се средат а и комуникацијата се подобрува. Фебруари е добар за тајни љубовни врски, а исто така е добар флертувања. Ќе бидете доста ангажирани околу потрегата на нова љубов највероватно ќе имате и доста избор меѓутоа ве советуваме ни е една од овие врски да не јасватите сериозно бидејќи доаѓаат подобри времиња. Забавувајте се колку што можете. Март доаѓа до прекинување на многу љуовни врски. Ќе бидат откриени некои тајни во врска со пртнерот од кои ќе се почувствувате искористено. Ваквата ситација ќе се пренеси и во наредниот месец, па во овие два месеци најдобро е д аостанете сами и да не се впуштате во никакви љубовни авантури. Мај е доста поволен за семејството некој настан навистина ќе ве усреќи сите, навероватно тоа ќе биде нов член во семејството, веридба, свадаба и сл. летниот период е доста добар за љубовта конечно ќе заборавите на проблемите од пролетниот период и ќе се впуштите во потрага по нова љубов. Ќе бидете доста атрактивни, шармантни и внимателни, па малку од вас во овој период ќе останат слободни. Август е посебно добар за Водолиите во брак, доаѓа до хармонизација на односите. Ќе ја воспоставите посакуваната комуникација со партнерот, а и доминацијата ќе ја префрлите кон вас. Во есенскиот период ве очекуваат некои романтични патувања доколку патувате сами ќе имате прилика за нова возбудлива авантура. Во целост 2024 година ќе биде просечна за љубов. Ве ожекуваат многу настани и возбудувања, но ретко кога вистински ќе бидете среќни. Повеќето од времето ќе го трошите на погрешни личности кои едноставно не она што вие би го посакувале. Водолиите во брак нешто подобро ќе ја поминат годината бидејќи ќе бидат зафатени со правење на пари поретко ќе се гледаат со партнерот, а и тоа малку што го имаат ќе биде впечатливо.



Здравје
Ќе се чуствувате доста добро и пред се позитивно преку целата година со повремени кратки падови на енргијата. Физички ќе бидете во добра форма, а спортот ќе ви биде неопходен, не поради кондиција туку за да се ослободите од вишокот на негативна енергија кој минатата година ја акумулиравте. Внимавајте на белите дробови и срцето во зимскиот период доколку сте во поодминати години. Одмарајте се колку што можете повеќе и избегнувајте конфликтни ситуации кои ви ја зголемуваат нервната напнатост. Во останатиот дел од годината можни проблеми со здравјето ќе имате многу малку и тоа највероватно првите ќе се појават во летниот период, а ако ги имате ќе бидат некакви болки во стомакот од гастрономски причини или можеби менструални болки кај понежните припаднички на овој знак. Постарите претставници може да имаат проблеми со хроничните болки, но доколку физички се исцрпат. Одмарајте се повеќе тоа ќе ви биде најдобриот лек. Исцрпеност и општата слабост нема да чуствувате се до есенскиот период кога одеднаш ќе ве собори и ќе бидете неспособни за извршување на најосновините функции. Проблемите кои можат да ви се појават ќе бидат поврзани со тешкотии во желудникот и главоболки, а посебно срцето ако сте во поодминати години.