ПОЧЕТНА

БИК
Работа
Новата година ќе ја започнете со финансиски проблеми и изнаоѓање начин за нивно решавање. Само неочекувана помошНовата година ќе ја започнете со финансиски проблеми и изнаоѓање начин за нивно решавање. Само неочекувана помош од влијателни пријатели од политичката сфера можат да ви помогнат да излезите на крај со проблемите. Исто така подршката од семејството доста ќе ви помогне. Нагласена е соработката со странство, па доколку имате некои можности потрудете се тоа да го реализирате. На работното место можни се судири со претпоставените И тоа највероватно поради вашата неагилност која во овој период ќе ви биде нагласена. Во Фебруари доаѓа до целосно разведрување, како од финансиски така и од деловен аспект. Ќе ви биде нагласена комуникативноста, меѓутоа се јавуваат мали проблеми околу кажувањето на вистината. Кон соработниците ќе ви недостасува доза на искреност што би можело да ги разнишата долгоградените заемни односи. Периодот е одличен за напредување во кариерата и би било добро во овјо месец да ги направите подготовките за во Март да можете вистински да делувате. Во пролетниот период нагласени се финансиските загуби во тајни И сомнителни трансакции. Исто така во овој период можни се судири со законот И некакви судења кои нема да бидат решени во ваша корист. Месец Мај поточно периодот кога Сонцето ќе престојува во вашиот знак може да се рече дека ви е најдобар во годината ќе бидете под исклучително поволно влијание на вашиот владетел Венера која во тој период ќе биде истот така во вашиот знак. Комуникативноста ќе ви биде на посакуваното ниво, па периодот е посебно добар за некакви јавни настапи. И понатаму ќе имате проблеми со искреноста меѓутоа за среќа тоа ќе помини незабележано. Можна е посета од странство или пак можеби вие ќе одите некаде во посета. Во Јуни ќе се намали интензитетот на ваШите активности меѓутоа сепак ќе биде над просекот. Во овој период финансиски ќе стоите доста добро посебно ако се занимавате со недвижности или попрецизно ако продавате некој недвижен имот. Единствено ситните трговски зделки ви се негативно нагласени па во овој период не се препорачуваат. Во месец Јули нагло ќе започнат проблемите во комуникацијата можни се раскинувања на партнерствата или разделување со некој близок пријател а исто така соработките со странство или некакви финансии кои ги очекувате од странство ќе закаснат со исплатата. Помошта од сеемејството во овој период ви е нагласена И единствено преку неа можете да остварите некоја добивка. До почетокот на есента ваквата состојба ќе биде непроменета, па внимавајте да не изгубите некој добар пријател и потрудете се да бидете поискрени. Во месец Септември нагласени ви се недоразбирањата со претпоставените И со пошироките маси. Ако сте популарна личност во овој период не се препорачливи медиумски настапи.во месец Октомври ќе остварите неколку ситни трговски зделки кои ќе ви ја подобрат финансиската состојба И исто така во овој период можете да очекувате наследство или пак решавање на некој спор во врска со наследство. Месец Ноември е добар за зајакнување на пријателските И бизнис односите, но повторно нагласуваме само под услов да се работи за искрена соработка помеѓу партнерите. Исто така овој период е добар за учење, посета на семинари, обуки, курсеви итн. На ова поле среќата доста ќе ве прати па би било штета да не го искористите за надополнување на вашето знаење. Ваквата состоја ќе се задржИ до крајот на годината. Во декември можете да реализирате некое долго планирано патување надвор од земјата , ако не се работи за некаква посета на пријатели тогаш сигурно се работи за некакво новогодишно патување. Генерално 2024 год. За Биковите е добра за подобрување на материјално-финансиската состојба И тоа најповеќе во почетокот на годината кога се препорачливи брзи И ризични вложувања. Исто така преку целата година повторно ќе нагласиме бидете поискрени со сите околу вас а особено со вас себ си.



Љубов
Посебно интересна и поволна година за Биковите е токму оваа. Преку целата година љубовта ви е позитивно аспектирна со мали негативни турбуленции. Многу од вас годинава ќе ја крунисаат својата љубов, а посебно постарите Бикови или оние на кои полето на љубовта им било замрзнато. Јануари е посебно поволен за стапување во брак, додека во фебруари постои можност за нова и трајна љубов, меѓутоа со поголема разлика во годините помеѓу партнерите. Како и да е важно е дека ќе биде среќна. Можни проблеми планетите најавуваат во месец Март посебно за родените во првата декада. Проблемите ќе бидат предизвикани од вашите блиски пријатели највероватно ненамерно, но сепак проблемите успешно ќе се решат. Април ќе го ппоминете доста пасивнои доколку сте слободни не препорачуваме влегување во нова љубовна врска, посветете си го овој месец лично за себе создадете нов имиџ , сменете нешто на себе И бидете подготвени за месе Мај кога ќе се случИ неШто навистина убаво. Некои Бикови ќе имаат прилика да бидат во љубовна врска со некоја доста популарна личност. Исто така во овој период зголемената комуникативност ќе ви помогне да го зголемите кругот на вашите пријатели. Јули е поволен за семејството и домот. Ќе ви се случИ некоја новина можеби ќе имате нов член на семејството промена на место на љивеење, подобра куќа, стан и сл. или пак едноставно влегуваат поголема сума на финансиски средства во семејството. Во Јули ќе патувате доста, па доколку сте слободни во ово месец како и во месец Август ќе имате кратки љубовни авантури. Во Август мора да бидете внимателни ве очекува некое разочарување од страна на партнерот И нагло прекинување на врската. Во ово период сите активности ќе ви бидат поврзани околу семејството повеќето се позитивни меѓутоа постои опасност И од некаква измама И некаква штета во домот. Есенскиот период ќе ви биде комплетно насочен кон љубовта посебно во Септември кога ќе ги искористите последните шанси за влегување во нова љубовна врска која ветува нешто повеќе од забава. Октомври е доста поволен за Биковите во брак во овој период следува хармонизирање на односите со партнерот. Исто така во овој период како И во месец Ноември ви се зголемуваат сексуалните апетити. Бидете присебни. Декември батериите ќе ви бидат потрошени, па можеби најдобро во овој период ќе биде малку да одморите И да се посветите на себе си. Во целост ова е одлижна љубовна година за сите Бикови, па ќе биде штета да останете осамени.



Здравје
Во зимскиот период ќе имате просечна здраствена состојба со повремни осцилации во енергетското ниво.Пролетниот период не е добар за хроничните болени посебно за оние кои имаат проблеми со крвниот притисок и црниот дроб, како и оние кои страдаат од мигрена. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак енергијата ви се враќа и следува период на добра здраствена состојба кој ќе остане непроменет се до месец Ноември. Во овој период нагло ќе ви опадне енергијата а со тоа и имунитетот. Постои можност за труење со храна, па затоа во овој период мидете максимално внимателни. Исто така избегнувајте го алкохолот.