ПОЧЕТНА

БИК
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Бик-Овен
Ова се доста работни луѓе склони кон собирање на материјални вредности и помалку конзервативни. Овенот внесува многу динаминка и активност која му недостасува на Бикот, но од друга страна трпеливоста на Бикот која е многу позната кај овие луѓе е значително намалена. Желбата за поседување која е нагласена особина на Бикот сепак останува. Чуството за вредности е исклучително како и потребата за сигурност. Чувството на моќ и самодоверба го црпат преку заработката на пари и купувањето на имот. Знаат многу добро да се организираат и да управуваат со материјалниот свет. Недостаток им е тоа што понекогаш се однесуваат снобовски, а статусот или титулите му се многу важни за воспоставување на лични контакти .


Бик-Бик
Ова се луѓе со нагласени особини на бикот и лесно препознатливи. Масивна градба, јаки нозе, широко лице, делбел и краток врат. Сепак уметничкиот талент им е дуплиран, а желбата за поседување огромна. Обично се планираат и упоно и систематски одат кон целта. Многу важно е луѓето со ваква комбинација кога треба да се задржат покрај нешто и кога треба да тргнат во нов почеток. Чувствата им се доста јаки, а љубомората изразито нагласена. Доста се реални, а заработката често ја црпат од две различни и паралелни занимања. Покрај онаа вистинската дејност често се занимаваат со трговија. Уживаат во луксузен дом и често имаат скапо наместени куќи.


Бик-Близнаци
Она што е необично за типичните Бикови токму го има во оваа комбинација, се разбира по заслуга на Блинзаците, а тоа се : агилност, решителност и брзина. Но исто така лекомисленоста, брбливоста и површноста се нагласени кај оваа комбинација. Имаат вешти раце, а уште повешти се во заведувањето. Отворени се спрема потребите на околината, па затоа често им се потребни периоди на повлекување и обновување на енергијата. Често се вработени во некакви институции како болници, музеи, библиотеки и сл или пак се во некаков бизнис со таткото. Знаат добро да постабуваат прашања, доста се љубопитни, но истовремено и озборувачи. Анализата им е јака страна, па така често се наоѓаат на вистинското место.


Бик-Рак
Ова е доста успешна комбинација. Овие луѓе се многу омилени меѓу пријателите кои ги доживуваат како топли, чуствителни, променливи и доста често насочени кон семјството или групата на која припаѓаат. Многу се конзервативни и склони кон колекционирање на работи со кои воспоставуваат јак сентиментален однос. Брачниот другар често им е личност со многу различно ниво на години или постигната зрелост. Религиозноста им е нагласена, а парите им се честа тема на разговор. Ракот како подзнак дава способност за брзо повлекување на назад доколку се појави опасност. Овие луѓе имаат свој сопствен ритам кој треба да се почитува. Објаснувањата и причините кај овие луѓе секогаш се недоволни.

Бик-Лав
Ова е честа  и добра комбинација за политичар. Да се има подзнак Лав значи да се биди драматична и авоторитативна личност, личност која гради моќ, бидејќи моќта им дава чуство на сигурност, самопочит и можност за стекнување на материјални вредности. Мотото на овие луѓе е: ,,биди се само обичен не,, Желбата да се разликуваат од останатите е толку видлива што често се приметува. За  творештвото и дарежливоста доволно им е да им се заблагодарат. Покрај тоа што се доста пријатни и луксузни тие се и многу одлучни меѓутоа секогаш добро ги анализираат фактите. Често поседуваат некаков уметнички талент, па успешноста во деловниот свет на оваа комбинација речиси им е загарантирана.


Бик-Девица
Кај овие луѓе нагласена е меланхоличноста. Способни се за длабока анализа, но безволноста ги прави мрзеливи. За брак тешко се одлучуваат, па затоа и во бракот стапуваат во покасни години. Сакаат познанства со странци и уживаат да ги одржуваат контактите. Секогаш ја пратат модата, а склони се да го унапредат својот изглед на сите можни начини. Водат многу грижа за деталите и за својата телесна тежина и здраствена кондиција. Бидејќи земјениот елемент е двоструко нагласен често овие луѓе имаат крути ставови и секогаш до поселдно со аргументи ги бранат. Плановите за иднината му се цврсто одредени. Исто така имаат цврсто мислење за религијата. Многу ретко остануваат без високо образование бидејќи тоа им е една гаранција за успех во животот.


Бик-Вага
Ова е најуметнички настроената комбинација каде се нагласени двете лица на планетата на љубовта и уметноста -Венера. Поседуваат јаки емоции и импресии, а желбата за стекнување на материјални богатства им е нагласена. Во модата се умерени, но секогаш убаво облечени. Партнерството во животот им е доста важно  и единствено овие луѓе успеваат да функционираат преку овој тип на бизнис. Имаат природна потреба да им помагаат на другите луѓе бидејќи стравот од самотија им е доста нагласен. Ги интересира окултното, скриеното и таинственото. Мора да научат дека најпрво треба да се донеси одлука, да се измери нештото, а потоа да се сносат последиците. Често бараат совршен партнер и тоа ги фрустрира.


Бик-Скорпија
Луѓето со ваква комбинација имаат силна волја,  доста се истрајни и цврсти. Успехот во јавноста им е доста важен, а ,,живеј чесно,, им е главното мото во нивниот живот. Добри се за партнери без разлика дари се работи за брак или работа. Имаат длабоки чувства и долго патат кога некого ќе изгубат. Се што ќе прават прават до крај.  Чуството на сопствената моќ најдобро го препознаваат низ односот со другите. Бараат нежен и лојален партнер во чија љубов никогаш нема да се сомневаат. Добри се во поезијата, а во работата им е нагласен перфекционизмот. Упорноста им се граничи со тврдоглавост, па така често завршуваат високо образование, но при тоа неколку пати ќе направат промени во струките.

Бик-Стрелец
Ова се доста отмени луѓе. Ваквата комбинација често дава наталожување на килограми поради големиот апетит. Но и по принцип оваа комбинација дава доста крупни луѓе. доста се толерантни, сакаат музика, уживање и едноставно лесен живот. Доста се религиозни, па најчеста дејност кај оваа комбинација е свештеник. Сакаат далечини, патувања и интересни занимања. Ентузијазмот често ги води кон барање на нови цели и кон нешто што не може да се достигне. Комуникативноста и способноста за организирање им е нагласена. Недостаток им е тоа што често се заљубуваат во соработниците, па така знаат да извлечат голема количина на незадоволство од секојдневното дружење на работното место. Ја сакаат својата работа и таа им е доста важна во животот. Работното место го сваќаат како поле на докажување.


Бик-Јарец
Луѓето со ваква комбинација се доста сериозни, често намуртени и секогаш амбициозни. Дури од мали нозе се однесуваат доста зрело . Дисциплината и самоконтролата се познаваат и на нивните лица. Таткото им е доста важен во нивниот живот, па поради тоа често имаат и недостаток на самодоверба.  Целиот живот го минуваат во стекнување на материјални вредности бидејќи само со нив се чувствуваат сигурни. Тешко можат да се опуштат и тоа им е главниот недостаток. Постојано се оптоваруваат со мислата дека мора да направат нешто од себе. Способноста за уживање им е доста нагласена, а постојано им недостасува мајчинска топлина и нежност. Надворешниот изглед често ги прави одбивни за другите, а на тоа се доста чувствителни.


Бик-Водолија
Ова е стресна комбинација бидејќки како комбинација Бикот и Водолијата многу не се трпат. Затоа чето ваквите луѓе се молчеливи и мрзливи. Силната снага и волја на Бикот е доста прикриена со подзнакот Водолија. Имаат јаки импресии и никогаш не отстапуваат од принципите. Другарството за нив е многу важно, па често луѓето со ваква комбинација имаат голем број на пријатели. Често бараат партнер кој ќе биде општествено признат и ќе поседува некоја јавна моќ или положба. Сакаат да се дружат со екцентрични луѓе и од нив доста и учат. Стекнувањето со материјални вредности често им  е на чуден и таинствен начин. Домот и семејстовот му се многу важни во животот и за нив тоа е основа за градење на сопствениот идентитет.


Бик-Риби
Ова се доста флегматични и конзервативни луѓе. Секогаш се жртва за семејството и општеството. Па затоа и често запаѓаат во кризи кои ги лечат со алкохол. Доста се молчеливи и многу емотивни. Верноста им е најсилната одлика, секогаш настапуваат смирено, а ќе ги препознете по нивната срамежливост. Стабилни се и реални, а чувството на моќ и сигурност  го бараат преку интелектот и комуникацијата со другите. Се чувстуваат најдобро кога ги делат своите идеи со другите. Често се жртва за другите луѓе и едноставно што бараат е признание од околината. Често имаат повеќе од еден брак, бидејќи прават грешки во изборот на партнер и пријатели.