ПОЧЕТНА

25 Март - 31 Март
Работа

Многу добро ќе комуницирате, па ве светуваме да ги извршите сите работи и замисли со соработка. Ќе имате имате доста енергија и ќе успеете да ги развиете проектите кои вие ги водите. Добро ви се аспектирани подолготрајните патувања, но треба да внимавате од големи купо-продажби, бидејќи на тој план ве очекуваат тешкотии и разочарувања. Кон крајот на неделата можно е да ви биде доверена некоја работа поради која ќе бидете иритирани и нервозни. Не се грижете тоа нема да има никаков ефект на вашите соработници. Тие повеќе ве разбираат отколку вие што мислите. Ќе бидете расположени за трошење на пари, кои ги имате во значителна количина.

Љубов

Во сентименталниот живот очекувајте кратка, но за иднина ефективна средба со личност од спротивниот пол. Наклонети сте кон флерт, но неделава ќе треба малку да се воздржите од емотивни испади. Периодот е одличен за слободните претставници на овој знак.

Здравје

Здраствената состојба ви е чуствителна внимавајте од инфекции.