ПОЧЕТНА

Август
Работа

Иако Сонцето не е поволно поставено за Биковите во овој месец, останатите планети ќе ви донесат бројни деловни прилики. Дури ако заминете на годишен одмор постојано ќе размилсувате за работата и ќе смислувате нови планови. Би било добро да го искористите овој месец за ваша лична афирмација, посебно самиот почеток од месецот. Ќе имате и доста активности на љубовен план, но добро би било кога тежината би ја префрлиле на деловниот живот. Првата половина од Август ќе бидете доста амбициозни едноставно не ќе можете да застанете, а успех ќе забележите малку. Во втората половина, работите обратно се менуваат ќе се чувствувате помалку безволно и мрзеливо, а успесите ќе бидат поголеми или пак можеби плодовите од сработената работа во првата половина ќе ги соберете во втората половина од Август. Доколку се обидете да постигнете некои значајни деловни резултати ќе наидете на големи препреки. После 23 Август работите почнуваат да се отвараат па би било добро овој период да го искористите максимално. Исто така во овој период ќе ви биде нагласена и креативноста, па проблемите ќе ги решавате значително побрзо. Можете да влезете и во ризик, планетите воглавно ви се наклонети. Крајот на Август е идеалне на нови почетоци или промена на работното место. Финасиската состојба ќе ви биде добра во првите две декади од месецот, а подоцна можете да очекувате некаков пад. Ќе потрошите нешто повеќе од планираното меѓутоа за тоа нема потреба од грижи, заработката на пари за вас е лесна работа. Односите со околината ќе ви бидат мирни и вообичаени. Првите напнатости и расправии можете да ги очекувате во последната декада од месецот.



Љубов

Настаните кои ќе се случат на самиот почеток од Август ќе ве натераат да си помислите дека се наоѓате во месецот на љубовта. Меѓутоа со влегувањето Венера во знакот на Лав после 12 Август ќе почните да се запрашувате каде сте и каде сте тргнале. Одеднаш ќе сватите дека премногу проблеми сте ги потискувале, а воедно ќе почнат да ве измачуваат размислувања околу вашиот емотивен живот. Постојано ќе ве напаѓаат силни емоции пропратени со страсти кои кој знае каде ќе ве одведат. Во зависност од вашата природа емотивните авантури ќе бидат повеќе бројни или помалку бројни. Ќе имате многу прилики за љубовни врски, но само малку од нив ќе ве интересираат. Обидете се да ги препознаете врските кои ветуваат, дадете му прилика на сите да се искажат и навлезете во подлабоки комуникации. При тоа обидете се да го намалите емотивното присуство бидејќи во моментот ви е хаотично. Посебно незгодна ситуација ги очекува Биковите кои се во брак. Односот со партнерот ќе биде во знакот на расправии. Во почетокот тоа ќе ве вознемирува, а подоцна ќе сватите дека тие расправии до некаде се корисни. Ќе успеете да го средите односот со вашиот партнер, а можеби и повторно ќе бликне старата страст. Обидете се несогасувањата да ги решите на самиот почеток од Август и при тоа немојте да ги одложувате, посебно не во средината на месецот кога ситуацијата во љубовта ќе ви биде најкритична. За оние кои се во сериозни врски добро е да превземат малку одговорност и да вложат малку повеќе во љубовните односи, само така ќе можат одморот да си го направат забавен и интересен. Младите Бикови ќе бидат препуштени на многу уживање. Ќе водат многу интензивен друштвен живот кој ќе ги исцрпува на секој можен начин.


Здравје

Првите две декади од месецот ќе ги поминете во просечна здраствена состојба која може да се каже дека ќе тежнее кон добра. Првите напнатости се појавуваат во последната декада кога на моменти Ќе почнете да се чувстувате крајно исцрпено, лесно ќе се заморувате, а на моменти ќе зрачите со енергија и животс. Што и да се случува некои посериозни проблеми со здравјето нема да имате сепак повеќе внимание ќе мора да обрнат заболените од срце. Би било добро доколку се занимавате со некои лесни спортски активности и да ги избегнвуате високите пладневни температури.


Совет

Не му давајте толкава важност на емоциите во овој месец можат да бидат штетни.


Идеален партнер

За минлива авантура добро ќе се сложувате со Девиците, меѓутоа за посериозна врска во овој месец најдобро ќе се сложувате со Рибите. Бикот, од своја страна и не бара ништо друго освен за некого да се грижи и да го опкружува со нежност. Од друга страна, тој мрази кога некој му бега низ прсти и не му дава прецизни одговори на неговите прашања. Нему значи му требаат енергични Риби. Такви постојат - Риби кои се исполнета личност, кои имаат чувство за реалност, кои пливаат во права линија. Но, тоа е реткост и Бикот често ќе запаѓа во настапи на бес, како што само тој умее. Рибите тогаш ќе се чувствуваат виновни, што и обожаваат. Покрај подемите и падовите се добро ќе се заврши под услов да ги избегнуваат драматичните страствени сцени.