ПОЧЕТНА

БЛИЗНАЦИ
Работа
Првите три месеци од 2024 година ќе бидат прилично неповолини за Близнаците, посебно за родените во третата декада. Ве очекуваат доста неповолности посебно во месец Јануари кога се можни судири со авторитети-претпоставен, постар колега и сл. И покрај овие неповолности постои можност за напредување во кариерата највероватно ќе се работи за некое ново работно место кое ќе ви биде понудено неочекувано. Најповеќе успех ќе имаат просветните и интелектуалните работници. Месец фебруари ве очекуваат патувања највероватно на подолги релации, повеќето од нив ќе бидат службени, а ќе бидат доста успешни доколку се работи за некоја турнеа поврзана со јавноста и медиумите. Во овој месец исто така ќе мора да внимавате на судири со авторитети додека пак во месец Март Ќе мора да бидете внимателни во комуникацијата со постарите личности. Во овај месец можно е некакво замрзнување на вашата кариера и појава на некакви проблеми на работното место за кои ќе мора да побарате помош од некои повлијателни пријатели, а можеби и родител. Исто така во овој месец ќе патувате доста меѓутоа не со толку добар успех. Месец април не е поволен за финансиски трансакции и било какви вложувања посебно ако се работи за партнерство. Исто така не позајмувајте никому, бидејќи со тоа можете да изгубите добар пријател И поголема сума на пари. И покрај можните проблеми и во овај месец можноста за напредување во кариерата е одлична, во месец Мај доаѓа до нагло подобрување на финансиската состојба, можно е наследство највероватно од страна на брачниот другар, но можете да очекувате и поголема заработка во брзи и сомнителни вложувања, поточно во оние во кои се бара максимален ризик. Исто така во овој месец постои можност за судир со законот или пак некаква штета од кражби или слично. Меѓутоа се на се на крајот добро ќе се заврши. Во месец Јуни можете да очекувате реализација на запоставените проекти или проектите за кои ви требаше поголема финансиска подлога. Во летниот пеиод нагласено ви е финансиското работење и некои успешни финансиски трансакции од веќе заборавени зделки меѓутоа наплатата ќе ви биде отежната. Комуникациите во овој период ви се прилично напнати ќе бидете доста експлозивни а на моменти досста пријатни и мирни. Ваквата состојба ќе прави конфузија кај пријателите и оние кои добро ве познаваат. Во август доста ќе патувате, а можни се и некои јавни настапи. Есенскиот период ќе ви биде прилижно монотон во поглед на работата без некои големи збиднувања освен помали недоразбирања со колегите на работното место или со претпоставените и ништо посебно нема да се случува. Во ноември повторно влегувате во акција одненадеж ќе ја добиете потребната енергија и амбициозност за напредување во кариерата. Пречки секако дека ќе постојат но лесно ќе ги надминете ако добро комуницирате бидете флексибилни и толерантни. Исто така овој период е добар за купување и продавање ако имате старо возило највероватно ќе го промените а можна е и неочекувана финансиска подршка од вашите блиски. Во целост ве очекува просечна година со мали негативни бранувања во самиот почеток на годината додека во есенскиот ситуацијата значително се подобрува. Контролирајте ја вашата импулсивност И размислувајте пред да кажете нешто посебно ако се однесува за постари личности или претпоставени.



Љубов
2024-та год ќе ја окарактеризирате како година на стагнација во љубовта поточно како година без многу случувања како позитинви така и негативни. Првите бранувања во љубовта кои ќе ги почуствувате ќе бидат во есенскиот период кога можете да очекувате нова љубовна врска меѓутоа без некои подобри показатели за истата да се задржи подолго време. Исто така во овој преиод мора да внимавате со кого влегувате во врска постои опасност да бидете измамени, можеби личност во брак, постара личност или недорасчистени односи од минатото кои можат да ви донесат само афери. Во месец ноември одненадеж ќе се разведрат работите новата љубовна врска ќе ве направи многу среќни и ќе ви влее многу надеж. Исто така овој период е добар за Близаците во брак каде постои хармонизација на односите, меѓутоа претходно ќе мора да расчистат со некои проблеми доколку сакаат истите да бидат решени. За оние кои се во трајна врска 2024-та нема да им донесе некои промени. Во зимскиот и пролетниот период ќе се досадувате. Некои ќе се потрудат да раскинат со партнерот, но изгледа не ќе можат да најдат реална причина за тоа. Летниот период можеби накратко ќе бидете разделени што донека де е добро, за есента повторно да ви се разгорат страстите. Бидете внимателни во месец Септември и почетокот на Октомври, постои опасноста за прекинување на врската посебно као сте родени во втората декада. Состојбата во семејството во почетокот на годината ќе ви биде доста хармонична, меѓутоа со почетокот на пролетта се јавуваат и некои недоразирања со некој член од семејството највероватно со таткото. Во месец Мај овие проблеми ќе бидат решени, настанува повторно хармонизација, додека во Јули можете да очекувате некој среќен настан во блискиот круг на семејството. Месец Август повтороно треба да бидете внимателни на односите во семејството можни се проблеми повторно со некој повозрасен родител, а можеби ќе водите грижа за некој многу постар член од семејството. Генерално 2024 година не е многу поволна за љубовта. Ќе мора да се научите на трпеливост и секако да ја подобрите комуникацијата со личностите од спротивниот пол. Во втората половина на годината нагласени ви се конфликтите со некои членови од семејството кои највероватно ќе се појават поради вашата напнатост во комуникациите. Бидете внимателни со кого влегувате во врска.



Здравје
Во зимскиот период ќе имате доста енергија посебно силно ќе се чуствувате во месец Фебруари. Во овој период зголемена е опасноста од повреди особено во Јануари додека во Март можни се некои воспаленија на половите органи . во пролетниот период енергијата постепено Ќе можне да слабее. Во мај може да се појават проблеми со нервите и проблеми со коата. Во овој период не конзумирајте алкохол бидејши доста негативно ќе делува врз психата, но и врз црниот дроб. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак ситуацијата значително се подобрува, ме”утоа во Јули повторно се јавува нервната напнатос. Есенскиот период ќе иматедобро здравја посебно поволни се Ноември и Декември кога ќе се одликувате со високо ниво на енргија и одлижен имунитет.