ПОЧЕТНА

БЛИЗНАЦИ
ЗДРАВЈЕ

Личностите родени во знакот на Близнаци имаат често несреден живот, па одтаму доаѓаат и болестите, но тиа можат да се појават и од прекумерна подвижност. Чувствителни им се рамената рацете, прстите капиларите, белите дробови, нервите, ребрата, имаат проблеми со дишењето и оксидацијата на крвта. Најчесто боледуваат од бронхитис, астма, болести на крвта, грчеви при пишување, тимус, хилуси, болести на забите, ганглиите, пнеумонија. Кога се здрави, Близнаците се потсмеваат, но кога се повредени или болни, тогаш кукаат. Поретко можат да се јават болести на жлездите, жолчката, нозете, а при изразено лоша поставеност на планетите во наталната карта, можна е хипохондрија, воспаление на мозокот и анемија. Близнаците се премногу активни, но многу малку издржливи. Потребно е уредно да лежат и да дишат. Најдобро за нив е да шетаат покрај извор и да следат како тој работи. Им се препорачува да имаат две занимања, едно физичко, друго умствено. Пушењето треба да го отфрлат, можат понекогаш да се напијат кафе, а им се препорачува повеќе овошје и млеко. Како пациенти се добри, како весели деца и сакаат да им се раскажуваат вицеви.

 

ИСХРАНА

Роден е напролет под заштита на Меркур затоа е преполн со животна енергија која ја има и во половиот орган. Тој тоа сака да го работи било каде само не на вообичаените места. Према кинеската медицина неговата градба е сува. Обично е слаб , висок и често и има проблеми со дигестијата.  За да се донесе во рамнотежа енергијата на мажот во знакот на Близнаци, и да инате страствен и траен емотивен однос изберете влажна, слатка и млака храна. Значи неговта исхрана треба да содржи анис, путер, кафе, цимет, мандарини, праски, черешни, тиквичкисвински и пилешки џигери, домати, јагула, сончоглед, овчко млеко, ориз, соја и вино. Покарај тоа Близнаците имаат голема потреба за витамин Ц.