Сонцето во Рак ќе биде се до 22 Јули, а покрај тоа и вашиот владетел Меркур преку целиот месец ќе биде во овој знак. При тоа од средината на месецот вашиот владетел ќе биде во негативен аспект со Уран што во целост месец Јули ќе го направи неповолен за сите Близнаци. Ќе се најдете во многу ситуации во кои ќе мора со многу компромиси и прилагодување да излезете од кризите. Постојано ќе се наоѓате во тешки околности кои ќе вршат силен притисок на вашата психа која често ќе се одразува како нервоза, замор и доста слабо здравје. Ќе ве зафаќаат периоди на топло-ладно од крајно нестабилнин ситуации до просечни, но никако добри. Ќе мора да го издржите овој месец посебно периодот од 13 до 22 Јули. Овој период посебно ви е критичен на деловен план кога во недостаток на амбициозност сите деловни активности, проекти и сл. Противењето со авторитетите ќе ви направи уште дополнителни проблеми. Држете се до прописите и нормите и однесувајте се пристојно. Ќе мора да покажете максимална флексибилност доколку сакате штетата да не достигне сериозни граници. Доста колеги ќе ви работат од зад грб, а моментално не можете да им се спротивставите. Премногу сте слаби во овој момент за било што да превземите. Оставете малку време и простор доаѓаат подобри денови кога ќе можете да справите со сите проблеми. Финасиската состојба малку ќе ве усреќи со оглед на тоа што во второто поле има маса на планети кои ќе ви овозможат прилики за финасиски добивки. Избегнувајте поголеми финасиски трансакции во првата седмица од овој месец, ризичните активности не се добро аспектирани.
Во љубовта ќе се случуваат доста настани кои повеќето од нив ќе ви носат проблеми. Ќе изразувате големо незадоволство кон односот со партнерот и ќе барате нешто невозможно и недостижно. Можеби сте го прецениле во неговите способности, па сега очекувате да нарави чудо. Приземјете се малку и согледајте ги работите пореално. Нагласени се и проблемите и во домот кои постјано ќе ви носат незадоволства. Највероватно причината за расправии ќе биде нерешените стамбени проблеми, големите финасиски трошоци или подготовките за годишен одмор. Се зголемува и влијанието на родителите во вашата трајна врска или брак кои нема да бидат многу продуктивни. Во овој период сте многу лекомислени и лесно потпаѓате под туѓи влијанија кои можат да бидат извор на распавии со партнерот. Комуникациите со пријателите исто така ви се лошо аспектирани, особено на самиот почеток на месецот кога нагло поради некакви ситници можете да изгубите многу верен пријател. Лошата атмосферата во домот единствено ќе ја избегнете ако заминете некаде на патување или на годишен одмор. Слободните на самиот почеток од месецот ќе пропуштат многу добри прилики за кои подоцна доста ќе се каат. Причината ќе биде вашата гордост и его. Ќе барате нешто несвојствено од страна на додворувачите, нешто неконвенционално и нешто што не е со сегашните норми. Ваквите барања и понатаму ќе ве остават сами. Повеќе среќа очекувајте во поседната недела од месецот кога можете да наидите на партнер кој ќе ги задоволни вашите норми. Исто така овој период е поволен за зацврстување на врскат, а и за решавање на насобраните проблеми од првите три недели од овој месец. Доколку успеете да ја зачувате вашата врска во наредниот месец очекувајте среќен период во љубовта и уживање во истата.
Посветете си повеќе внимание на себе и немојте премногу да се изцрпувате. Вашата енергија не е неограничена, па да можете да ја трошите на сите можни активности. Ќе имате чести главоболки предизивикани од нервози и напнатост, а најчести и со најсилен интензитет ќе бидат околу средината на Јули. Обидете се да бидете што поладнокрвни, тоа е основниот предуслов за да го поминете месецот без некакви здраствени проблеми. Сепак обрнете поголемо внимание на срцето и крвниот притисок и престојувајте повеќе време во природа. Исто така хранете се подобро и поредовно и секако со многу витамини.
Кризните периоди успешо ќе ги поминете со флексибилност и прилагодливост, а тоа е најсилната особина за типичните Бллизнаци.
Добро ќе се сложувате со Вагите и Водолиите, но најповеќе ќе ви одговараат Лавовите. Избегнувајте ги Рибите. Меѓу Близнаците и Лавовите постојат големи разлики во еросот и психата. Тоа е брак на волјата и интелектот. Ослободени се од сите предрасуди, чувствата не се длабоки, на љубомората и нема место. Тие се сраќни затоа што се гледаат реалистички. Се надополнуваат во јавната работа, на излетите, во друштво. Еротската страна нема да бида во ред (посебно за Лавот) бидејќи Близнаците се одликуваат со скромни побарувања, Лавовите не сакаат коментари. Во јавноста понекогаш оваа врска наликува на брак на снобови.