ПОЧЕТНА

БЛИЗНАЦИ
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

БЛИЗНАЦИ- Овен:
            Ги наметнува своите погледи и не дозволува останатите да имаат поинакво мислење, своите ставови ги брани жестоко и влегува во бескомпромисни дијалози, при што на соговорникот не му дозволува да се доискаже. Брзи се, енергични и се наметнуваат со својата појава во било која ситуација или средина. Имаат нагласена способност за убедување иако не располагаат со доволно цврсти факти, првокласни говорници.

БЛИЗНАЦИ- Бик:
            Оваа комбинација дава одлични способности на полето на финансиите, посебно за трговија. Во економијата секогаш мисли на себе и не бира сретства за да ги постигне зацртаните планови, не обрнувајќи внимание на последиците што можат да им бидат нанесени на другите. Страсни се колекционери, сакаат да поседуваат ретки предмети и таа нивна особина е присутна целиот живот. Имаат склоност кон заболувања на дишните патишта, посебно астма.

БЛИЗНАЦИ-Близнаци:
            Овие личности не се придржуваат до своите ветувања иако се прилично убедливи многу често ги изневеруваат своите блиски пријатели. Снаодливи се, непостојани, неодлучни и доста подвижни. Ментално се активни и имаат огромна способност за прием на информации но им недостасува способност за поврзување на информациите. Често оставаат погрешен впечаток на прв поглед, кој е над нивните вистински способности.

БЛИЗНАЦИ- Рак:
            Личностите кај кои е застапена оваа комбинација не се во состојба да нанесуваат зло, и долго страдаат кога ненамерно ќе повредат некого. Нивниот речник е исполнет со убави зборови, претерано се љубезни, но повеќе на збор отколку на дело. Имаат богата фантазија, чувствителни се и се грижат за средување на домот и фамилијарните односи, кои им се посебно значајни. Секогаш се исполнети со многу идеи кои ги применуваат за пишување.

БЛИЗНАЦИ- Лав:
            Имаат одлична способност за изразување, своите непријатели ги преобразуваат во пријатели и секогаш се во центарот на вниманието.  Ги интересира политика, и доколку влезат во тие води успеваат да достигнат висока општествена положба. Секогаш успешно ги завршува започнатите работи, и помага на околината но помош бара само во најкритичните ситуации. Се фалат со своите врски кои најчесто се на високи раководни функции.

БЛИЗНАЦИ- Девица:
            Кај овие личности доминира интелектот и се доста аналитични и одлични логичари, меѓутоа се одликуваат со неиздржливост, ја менуваат својата работна положба и најчесто имаат две професии. Имаат изразена способност за изучување на странски јазици. Секогаш добро расположени, шират позитивна енергија  и имаат нагласена смисла за хумор. Нервниот ситем им е осетлив, па треба да се чуваат од психичка исцрпеност.

БЛИЗНАЦИ-Вага:
            Оваа комбинација на сончев знак и подзнак е можеби најелегантна од сите останати и имаат многу изразена смисла за естетика и хармонија. Секогаш наидуваат на симпатии од околината, големи се човекољубци. Меѓутоа имаат слаба внатрешна контрола, така што во проблематични ситуации многу тешко се снаоѓаат. Најчесто имаат нестабилна финансиска состојба, многу трошат на непотребни ситници.

БЛИЗНАЦИ-Шкорпија:
            Ваквата комбинација дава личности кои се издржливи во животните борби, често блефираат и прилично се итри. Се одликуваат со саркастичен хумор, интересни асоцијации и имаат нагласена способност да ги употребуваат вистинските зборови на вистинското место и во вистинско време. Чувствителни се и своите чувства ги искажуваат. Сестрани се во своите интересирања и имаат дарба за секаква работа.

БЛИЗНАЦИ-Стрелец:
            Најчесто на две столици, влегуваат во повеќе бракови. Снаодливи се со изразена интуиција. Овие личности се посебно склони кон патувања и имаат нагласен авантуристички дух. Во јавните работи не оди до крај. Комбинација која дава извонредни трговци, но и иноватори и научници. Секогаш расположени за нови познанства, имаат смисла за хумор и зрачат со позитивна енергија. Сакаат да се експонираат во јавноста.

БЛИЗНАЦИ-Јарец:
            Личностите кои ја имаат оваа комбинација се одликуваат со голема амбициозност, упорност во остварувањето на поставените задачи. Ова се луѓе најчесто ориентирани кон градење на кариера. Споро но сигурно успеваат да завземат значајно место во деловниот свет и тешко се откажуваат од него. Секогаш брза да стигне на целта, зашто времето за нив е пари. Склони се кон болести на колената и реуматични заболувања.

БЛИЗНАЦИ- Водолија:
            Ова се личности кои се можеби најдруштвени од сите комбинации сонце-подзнак во зодијакот, секогаш исполнети со нови и оригинални идеи. Имаат боемска природа, хумани се и секогаш спремни да помогнат во неволја. Уметнички се ориентирани итоа најчесто кон театарот и актерството воопшто. Нагласено се интуитивни, што од нив прави исклучително комуникативни и снаодливи личности, кои наоѓаат излез од било која ситуација.

БЛИЗНАЦИ-Риби:
Нестабилност во расположението, се движи во крајности, во еден момент тивок , а во следниот вознемирен. Овие личности самите не знаат на која страна да тргнат и се прават неискусни. Најчесто се со двоен живот, повеќе бракови. Доживуваат внатрешни кризи и можат да живеат во психички хаос. Тешко се афирмираат и покрај својата стручност им надостасува енергија, волја и самодоверба за остварување на замислените планови.