ЛАВ
Работа
2024 година ќе ви биде во знакот на финасиите и речиси сите активности кои ќе ги превземате ќе бират поврзани со подобрување на вашата финасиска сметка поголем луксуз, и едноставно подобар живот. Уште на самиот почеток од Јануари ќе започнете со некои покрупни зделки кои ќе наидат на неуспех. Не смеете да се разочарувате, бидејќи тоа е само сега. Во фебруари целосно ви се отвараат вратите на успехот. Среќата ќе ве прати на сите страни па покрај нормалните вложувања, советуваме да се обидете со игри на среќа. помошта од пријателите, а и нивната подршка ќе ја имате целосно ако во законските така и во незаконските дејствија. Поточно сите активности ќе бидат поврзани со пријателите. Во месец март ќе имате прилики за патување кои не е добро да ги остварите бидејќи ќе наидат на неуспех, лоша проценка или загуба на деловните соработници. Месец Април ве очекуваат судири со авторитети највероватно претпоставените, меѓутоа за среќа ќе излезете победник, а ќе извлечете и некоја корист од тоа. Овој месец е погоден и за јавни настапи, посебно е поволен за естрадните уметници. Месец мај е кулминацијата на финансиските добивки каде и да вложувате ќе добивате, меѓутоа на она што треба да внимавате е да не бидете измамени и исто така да внимавате од кражби. Во овој месец можен е судир со законот, меѓутоа со нечија помош лесно ќе ги пребродите проблемите. Истоа така следува успех преку брачниот другар или преку децата. Постарите Лавови ќе имаат прилика да се радуваат на ново враборување на своите деца или напредок во кариерата. Во Јуни подршката од пријателите делумно ќе ја загубите меѓутоа неочекувано доаѓа подршка и доколку не превземете нешто и не се потрудите да ги средите односите постои опасност во Јули да останете сосема сами и сами да се соочувате со сите проблеми. Исто така во овој месец избегнувате секакви судири со законот судења и сл. вработените во затворени установи доктори, медицински сестри и сл. можно е да имаат проблеми со работните места и назадување во кариерата. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак почнуваат и проблемите за вас па во овој период покрај преголемата ангажираност на работното место и преголемата напнатост ќе се соочите и со љубовни проблеми кои ќе бидат главна пречка во вашето функционирање. Исто така финасиската состојба ќе претрпи одредени падови можни се непланирани трошоци на патувања во странство, позајмување на блиски роднини и пријатели и некакви штети-автомобил, апарати во домаќинството и сл. Во месец Септември повторно се средуваат работите сите финансиски недостатоци ќе ги надополните. За овој период нагласени се проблемите во комуникациите посебно со помладите личности од вас, а кои се на повисоки функции. Понекогаш треба да си стапнете на гордоста и мудро да постапите. Есенскиот период ќе бидете принудени да ја сокривате вистината највероватно поради некаква заштите на некој од колгеите која успешно ќе ја изведете. Бидете максимално внимателни лесно можете да бидете откриени и да сносите многу поголеми последици од оние кои ги планирате.Кон крајот на годината можноста за ново вработување е нагласено, а исто тка напредокот во кариерата за вработените Лавови е нагласен. Конечно ќе ја добиете функцијата која сте ја заслужиле. Во целост 2024 година за сите Лавови ќе биде во знакот на финансиите па би требало оваа година да ја искористите за подобрување на вашата финасиска положба. Посевно вие поволна прват аполовина од годината, па затоа делувајте веднаш.



Љубов
Ќе стартувате одлично. Можеби самата новогодишна ноќ да ви донесе нова љубов. Ќе бидете шармантни, привлечни едноставно ќе освојувате без тешкотии. Јануари е добар како за слободните така и за оние во брак, па добар е дури и за оние кои флертуваат. Единствено што ќе ви недостасува во овој период ќе ви биде сексуалната енергија која повремено ќе ви доаѓа. Шансите за нова љубов се во овој месец, па затоа искористете ги бидејќи се до есенскиот период нема да имате прилика за некоај сериозна врска или за нешто што може да биде интересно за вас. Фебруари и Март ќе бидат одлични за Лавовите во брак во овие два месеци ќе ги хармонизирате односите со брачниот другар. Во Фебруари ќе откриете некои тајниили можеби вие ќе се откриете пред партнерот, а колку добро ќе заврши целата ситуација ни самите нема да претпоставите. Во Март настанува целосна хармонизација на односот, па највероватно ќе имате и некое заедничко патување со партнерот кое доста позитивно ќе делува како на вашиот однос така и на вашето психичко здравје. Во пролетниот период ќе се одликувате со голема сексибилност и привлечност, меѓутоа некои сериозни врски нема да имате, а можеби ќе стагнирате воопшто од било какви. Состојбата во бракот ќе ви биде просечна без некои посебни настани. Во месец Април нагласени се проблемите во семејството, се работи за некакви конфликти на релација родител-дете и тоа највероватно поради неисполнување на очекувањата од страна на децата. Во Мај ситуацијата ќе се среди неочекувано среќата ќе проработи, па сите ветени работи ќе можете да ги исполнете. Летниот период е одлижен за дружење, особено месец Јуни кога ќе остварите голем број на контакти и нови пријателства посебно со личности од спротивниот пол. Во Јули ќе се најдете во помалку депримирачка состојба, ќе се затворите во себе, многу малку ќе се дружите, а и тоа дружење што ќе го направит ќе завршува со расправии. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак работите повторно се средуваат, ја добивате потребната самодоверба, но сеуште арогнатноста и теШКотиите во комуникациите ќе ви бидат присутни. Ваквата состојба продолжува и во месец Септемврикога поради лаги и интриги можете да изгубите некој ваш добар пријател. Есенскиот период е одличне за слободните претставници месец Ноември ветува нова врска под сомнителни околности и на невообичаено место меѓутоа страстите и привлечноста ќе си го направат своето. Во овој месец исто така со доаѓањето на некои финансиски средства се средуваат и односите во семејството. Декември исто така е добар за нови врски, па така потреудете се во овие два месеци да направите добар избор. Генерално ова е добра година за Лавовите кога брачните врски ќе се хармонизираат, а слободните ќе ја пронајдат својата вистинска љубов.



Здравје
Ќе имате поволна здраствена сосотојба во целиот зимски период токму кога ви е најпотребна. Ќе бидете имуни на сите болести единствено на што ќе треба да внимавате е високиот крве притисок. Во април и мај на удар ќе бидат хроничните болни посебно оние кои имаат проблем со главата, срцето и крвотокот. Во јули овие проблеми ќе бидат уште погласени па видете максимално внимателни. Наредните месеци ќе немате некои поголеми здраствени проблеми, енергијата ќе ви биде на солидно нивои таква ќе остане се докрајот на госдината единствено внимавајте во месец Октомври кога повторно се јавуаат проблеми со крвниот притисок.