ЛАВ
ЗДРАВЈЕ

Лавот е витален и брзо закрепнува скоро од секоја болест. Кај него болестите ги носи жештината, додека некои од нив доаѓаат на неисполнетите амбиции и од претерано јаките принципи. Чувствителни им се срцето, кичмата, грбот, главните артерии, аортата, главната вена, слезината. Луѓето родени во знакот на Лав најчесто боледуваат од ангина пекторис, лумбаго, анемија, жолтица, инфаркт, треска, болести на ребрата и бутовите, воспаленија, гихт, болести на очите и крвните зрнца, гастритис, чиреви на стомакот. Поретко е можна хореја, крвни заболувања, афекти, паркинсонова болест, спинални мерингитис. Најдобро ќе биде станот со прозорите да биде свртен кон север. Лавовите ттеба често да го контролираат притисокот и крвта, да се шетаат покрај езеро на поладни места. За да го одржат здравјето им се препорачува да јадат месо, разни пецива, салати, јаболка, малку јако вино и сето тоа со добра домаќинка. Може да ги излечи јаката волја, и потребно е сериопзно да бидат сватени кога се болни.

ИСХРАНА

Ова се сончевите прототипови со најголем оптимизам во целиот зодијак. Посебно го сакаат скапиот начин на живот додека половата активност ја доживува како битка во која мора да победи и затоа токму тука ја внесува целата своја сила за потоа да се опушти во мирната секојдневница. Према кинеската медицина неговата градба е прекумерна бидејќи е енергичен и зборува со јак и сигурен глас. Истовремено астрологијата го сместува меѓу колеричните и топлите типови. Често е жеден а се поти и во ладните месеци. За да биде секогаш јак и ефикасен на мажот Лав потребни му се освежителни намирници со горчлив вкус. Тие особини ги имаат; кафето, свинскиот и јагнешкиот џигер, лигните, мандарините, грејпот, целерот, дињата, школките, доматите, хренот, виното и сојата. Према кинеската медицина на Лавовите му недостасува витаминот Б 15 кој го има во производите од кавасец. Пкрај тоа потребна му е и одредена количина на цинк кој го има во семките од тиква, сончогледот, џигерот и полжавит.