ЛАВ
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Лав-Овен
Ова е најборбениот Лав во Зодиакот. Отворен, оптимист, аристократ. Секогаш сака да се наоѓа на прво место. Акциите му се насочени кон привлекување на внимание. Тој е борец и препреките неможат да го запрат. Предизвикот и опкладите го стимулираат и може да се каже дека е херојски тип. Со многу авторитет, смисла за командување, оваа комбинација е комбинација на водачи скоро диктатори. Родените со  ваква комбинација се  личности со големо срце, храбри и упорни, со еден збор големи деца.

Лав-Бик
Комбинација на политичари. Лавот бара власт и слава, а Бикот тоа го остварува со упорноста и истрајноста. Оваа личност многу е отпорна и во себе крие огромни природни снаги. Има цврста волја која оди до тврдоглавост и ги руши препреките. Многу се блиски до природата и потребни му се сигурни и трајни вредности за да се чувствуваат задоволни. Во куќата сакаат да владее сјај. Во љубовта се посесивни и љубоморни, но и полни со сензуалност. Имаат развиено чувство за поседување и материјални богатства.

Лав-Близнак
Овие личности се способни да ги собираат  околу себе пријателите, да организираат забави каде што би биле центар на внимание. Овие Лавови имаат голема смисла за хумор и за себе сметаат дека се несериозни. Многу се љубопитни и ништо не ги остава рамнодушни. Извонредни се говорници, способни да ги брнат своите идеи и така да ја освојат толпата луѓе. Привлечни се и елегантни, со вроден шарм, а со тоа и големи  заводници. Бараат голема љубов, но бидејќи не се многу верни повеќе сакаат да освојуваат и флертуваат.

Лав-Рак
Комбинација на луѓе кои се жртвуваат за традицијата или политиката со голем патриотизам. Во нив постои внатрешен конфликт во одлучувањето. Ова е најчувствителниот Лав. Полн е со фантазија и живее во свет со малку реалност. Потребно му е семејство, а пред се наследници. Конвенционален тип и во негово присуство нетреба да се зборува за традицијата. Главната доблест му е чувствителноста. Се грижи за љубовта, со затворени чувства кои го прават далечен за своите сакани. Неговиот авторитет е секаде татковски.

Лав-Лав
Сите добри особини, но и сите мани на Лавот во оваа комбинација се нагласени. Кај овие личности постои рамнотежа помеѓу духот и акцијата. Искрени се лојални и амбициозни,  благородници и аристократи. Можно е да имаат претерана гордост и авторитативност која треба да се свати како тиранија. И покрај ваквите недостатоци сигурно е дека се работи за многу снажна личност која треба да се свати озбилно, затоа што може да постигне големи успеси и во тоа ништо не може да ја запре. Ова е владетел со големо срце од кого не треба никој да се плаши.

Лав-Девица
Во оваа личност има многубројни спротивности. Се двоуми меѓу комплексот на виша и комплексот на нижа вредност. Од сите Лавови е најинтровертен и постојано се сомнева и плаши дека не е способен. Сепак тој е голем работник, перфекциониста, многу се грижи за секоја ситница. Многу е резервиран и често пати непристапен. Има специјална смисла за логика. Ретко зборува за своите чувства, со што неговиот приватен живот останува таинствен. Може да се занимава со шверц на скапоцености, но најчесто се сретнува како шеф на некоја устанува.

Лав-Вага
Ова се најубавите Лавови. Комбинација која дава префинет човек, полн со такт и внимание, на кој тешко можете  да му одолеете. Елегантен е, доста се грижи за својот изглед и често има само една цел - да и се допадне на средината. Тој е вистински уметник кој сака да постигне совршена убавина. Оваа личност обожава друштво и само во пар може да биде задоволен бидејќи е најчувствителен и најзаљубен од сите Лавови. Постојано е уморен во ноќните часови, при што некогаш може да  ја напушти и најдобрата забава.

Лав-Скорпија
Овај Лав е страшен, ништо не може да го сопре. Неговото мото е “целта ги оправдува средствата”, затоа тој сигурно стигнува до свијата цел. Таквата огромна волја е својствена само на мал број луѓе. Добро проникнува во туѓата личност и најдобро знае кај другиот да пронајде грешка, затоа суди и тоа строго. Стратегијата му е јака страна и има тешки принципи кои го прават тешко прифатлив од околината. Кога е заљубен станува претерано страствен, но и доста љубоморен. Карактеристика на овој тип е неговата голема чувствителност.

Лав-Стрелец
Овие личности се срдечни, околината ги сака затоа што се великодушни, плни со ентузијазам и идеалисти. Тоа се сестрани личности на кои им недостасува простор да го изразат целото богатство на својата личност. Можат да доживеат голем успех во странство и да добијат меѓународни признанија. Склони се кон авантури и експедиции. Себеси се сметаат за заштитници на вдовици и сирачина. Постојано се стремат да се надминат себеси. За да бидат задоволни потрена им е удобност и со годините често  се претвораат во малограѓани.

Лав-Јарец
Лав кој најмногу ја сака власта од сите комбинации во Зодијакот. За него целта кон која се стреми е величенствен успех. Тој е осамен работник, и често се потпира само на својата работа и истрајност. Непристапен е и интровертен тип. Многу озбиолно го сваќа животот, не се поклонува на никого и живее на дистанца. Не се врзува лесно, го почитуваат но не го сакаат. Тој знае дека времето работи за него, резервиран е и колку повеќе го запознаваат толку повеќе го ценат. Се одликува со голема стрпливот и често влегува во несогласување со околината.

Лав Водолија
Независна личност кој сака се што е ново и работи за доброто на човештвото. Се раководи според тешки но и чудни принципи. Афирмацијата на неговата личност се одликува со голема оригиналност. Со било кој раота да се занимава мора да привлече внимание на себе. Се интересира за другите, многу често и премногу. Сака да дава совети кои понекогаш личат на наредби. Упорен е, благороден, великодушен и почитуван во јавноста. Поседува многу развиено чувство за пријателство, односи и организација.

Лав-Риби
Комбинација која дава многу противречности во една личност, при што не е лесно да се живее со неа. Постојат внатрешни конфликти помеѓу традицијата и  желбите. Овај Лав секогаш е  мистериозен. Има најдобра интуиција, најчувствителен е, но и најмалку јасен од сите Лавови. Тој страда со несреќните, секогаш со чувство на сожалување и жртвување. Лошо е што често себеси се смета за голем маченик и претерува со драматизирање. Како и секој Лав жеден за власт, оваа комбинација е идеална за владика или архиепископ.