Август
Работа

Август е ваш месец. Сонцето во вашиот знак навестува успешен почеток во сите полиња. Единствено што ќе ви недостасува е недоволното ниво на енергија за да реализирате се што ќе посакате. Ќе ви бидат овозможени неколку важни прилики, а предизвици ќе имате во изобилство. Бидете подготвени да одговорите на сите бидејќи не ќе знаете која е вистинската. Единствено што можеби ќе се појави како пречка се летните авантури, патувањата и сл. Ќе мора да се одлучите што сакате повеќе работата или задоволствата, а со оглед на вашата лавовска природа највероватно ќе го одберете она второто. Немојте само подоцна да се жалите дека сте немале реална прилика за деловен успех. Првата декада од месецот е исклучително поволна за деловниот живот и би било добро сите планирани активности кои имаат сериозна тежина да ги завршите во овој период. Како навлегуваме во месецот така и вашите проблеми ќе се зголемуваат. Последната декада од август ќе ве зафатат сериозни проблеми, па дури тофгаш ќе сватите што се сте пропуштиле. Голем број од вас ќе се зафатат со спасување на финасиската ситуација која ќе биде крајно разнишана. Планетите сепак нема наеднаш да ве напуштат, па можеби ќе ви овозможат уште една прилика. Немојте да ја препуштите и по втор пат. Најдобро ви се аспектирани работите со финасиска заработувачка, тровија, комуникација со луѓе и патувања. Доста добро ви се аспектирани и менаџерските работи кои воедно ќе бидат и нов предизвик за вас. Финансиската состојба во првата половина од август ќе биде добра, а во втората половина ќе трошите многу повеќе одколку што заработувате.


Љубов

Презафатеноста со работата нема да ви дозволи многу да уживате во љубовта иако за тоа имате одлична подлога. Единствено амбициозните Лавови кои имаат доволно време и за работа и за љубов, па ќе успеат да ги искористат сите поволни планетарни делувања. Во секој случај ќе имате доста возбудувања и несекојдневни авантури кои за жал ќе траат само во првата декада од август. При тоа држете се до вашите ставови, бидете природни и не покажувајте чувствителност и ранливост. Околината од вас бара да бидете силни и да ја задржите улогата која ја имате. Слободните Лавови конечно ќе го освојат срцето на личноста која им се допаѓа и во која се заљубиле. Настанот ќе биде спектакуларен и ќе остане во сеќавање на пошироката околина за долго време. И најмалите неправилности тешко ќе ве повредуваат, па можеби кон крајот на месецот да заминете од врската без некоја посебна причина, па така новата врска би можела да заврши уште незапочната. Како и да е немојте само да повторувате исти грешки. Немојте да глумите, обидете се да бидете поискрени и работите ќе тргнат онака како што посакувате. Лавовите кои се во брак или подолга љубовна врска ќе решаваат стари, но и нови проблеми. Ќе бидете целосно концентрирани на партнеротивте потреби и односот кон нив, а доколку одлучите конечно да ги средите ќе почувствувате дека мачнината полека исчезнува и дека полека се чувстувате силни и самостојни. Самодовербата ќе ви биде нагласена преку целиот период, но при тоа не заборавајте дека треба да бидете и малку емотивни. Поради нагласената гордост често ќе работите против своите емоции, а со тоа и против себе. Ако сакате да ги решите љубовните проблеми ќе мора да бидете малку попустливи и помалку тврдоглави. Женските претставнички ќе бидат доста расположени за патувања, друштвен живот и авантури, а нема ни да изостанат сплетките и глумењето. Однесувајте се по нормално, така повеќе ќе успеете во она што сте го наумиле.


Здравје

Вашето летно расположение многу ќе делува на вашата здраствена состојба. Ќе бидете доста задоволни меѓутоа одвреме навреме ќе чувствувате и нервна напнатост. Поставеноста на Марс во знакот на Скорпија помалку ќе ве иритира и ќе ве оптеретува. Од време навреме ќе чувствувате минлива аритмија и пивремени главоболки. Внимавајте и на кожата, доколку повеќе време сте изложени на директна сончева светлина. Исто така внимавајте на храната конзумирајте повеќе свежо овошје и зеленчук, а помалку мрснотии, особено ако сте во поодминати години.


Совет

Обидете се помирно и попромислено да ги решавате деловните обврски.


Идеален партнер

Накратко можат да ве заведат Девиците меѓутоа најсреќан врска ќе остварите со Стрелците. Заедничкиот живот на овие двајце е без илузии и секогаш ги прати некоја топлина. Ова е врска која многу ветува. Во креветот сексуалниот однос помеѓу овие два зодиачки знака се карактеризира со спортска издржливос -игра на предизвик, кој кого ќе победи. И за двајцата важи мотото “хероите се заморуват”. Ако Лавот се одлучи да се посвети на својата кариера, во тој случај Стрелецот ќе го охрабрува и поттикнува бидејќи незнае за љубомора и верува дека не треба да е зависен никој од друга личност.